Се јавивме кај нив дома и таткото на едното дете кога го прашавме каде е син му, вика надвор е фудбал игра. Кога му кажа татко ми овој почна да пцуе вика прати ми го ке го згазам и сл.
Да, да, стандардна циганска фора. А фатиш циганче да ти краде нешто и го викнеш татко му, одма сценарио - кај те пратив јас тебе, да крадеш ли, па тука шамари му мава...хе хе хе.
Инаку...
Единаесет возрасни лица и 13 малолетни деца се приведени вчера во полициската акција во Скопје за сузбивање на питачењето како социопатолошка појава на улиците низ градот.
Во акцијата на МВР оперативно наречена „Питачење“ биле опфатени 23 критични точки низ градот и тоа највеќе на подрачјето на Полициската станица Центар каде акцијата беше реализирана на 9 места, главно крстосници, плоштадот, камениот мост и Бит Пазар. Потоа по 4 места беа опфатени на подрачјата на Полициските станици Бит Пазар, Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров и уште 2 во Гази Баба.
Против спроведените возрасни питачи како и против родителите на малолетниците, полицијата ќе поднесе соодветни кривични пријави и прекршочни пријави по Закон за Прекршочна Постапка за Јавен Ред и Мир, а во содејство со Меѓуопштински Центар за социјални работи ќе бидат превземени соодветни мерки за згрижување на децата затекнати на питачење.
- Планот на МВР предвидува инспектори по малолетничка деликвенција заедно со инспектори од Отсекот за имотни деликти со необележано службено возило, заеднички да се движат на месно надлежните раскрсници, објекти, трговски центри, мостови, односно места каде е зачестена оваа социопатолошка појава. Откако ќе бидат забележани, согласно планот лицата „Питачи“ како и лицата кои бришат стакла на автомобилите, од страна на полициските службеници ќе бидат спроведувани во подрачните полициски станици. При тоа малолетниците ќе бидат доведувани во необележано ПМВ, а возрасните од страна униформирани полицајци. Со оглед дека станува збор за поголем број малолетници на полициските инспектори им е издадена наредба стриктно да внимаваат на личната безбедност, безбедноста на питачите како и на останатите учесници во сообраќајот - соопшти денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Во Полициска станица, во присуство на инспектори за малолетници децата и лицата ќе бидат прифатени од страна на униформирани полициски службеници и претставник на меѓуопштинскиот центар-Скопје кои ќе ги превземат следните мерки: одземање на предметите и утврдување на родителите – старателите на децата кои се затекнати на питање, (бришење шофершајбни) без присуство на родители нивно обезбедување и доведување во полициска станица и ако се исполнети условите инспекторот по малолетничка деликвенција ќе поднесе кривична пријава, а возрасните лица кои се затекнати на питање од Законот за Полиција ќе бидат задржувани 12 часа.
Грижата за децата питачи ќе ја преземе претставник на Меѓуопштинскиот центар, кој по разговорот со децата и нивните родители ќе ги упати децата да посетуваат Дневен Центар, а ќе биде постојано надгледувано и домот и семејството на детето.
За деца од 7 – 18 години кои се затекнати на питање без присуство на родителите, во случај да не се обезбедат старателите, времено ќе се згрижуваат преку Одделението за старателство во Јавната Установа за згрижување на деца и младинци „25-ти Мај“. Исто така за деца до 7 години без обезбедено присуство на родители, обврската за згрижување ќе ја превземе Одделението за старателство и тоа децата до 3 години ќе се згрижуваат во згрижувачки семејства, а од 3-7 години во Домот за деца без родители „ 11-ти Октомври“.
За деца питачи кај кои ќе се пронајдат наркотични средства ќе се извести и вклучи Одделот за недозволена трговија при СВР-Скопје.
За деца или возрасни лица кои ќе бидат затекнати на питање (бришење шофершајбни) со нерегулиран престој во РМ веднаш ќе се извести инспектор од Сектор за Странци заради нивно вклучување и превземање на лицата за нивно понатамошно постапување.
Извор.