Пропаднатиот проект „Меркава“

  • Креатор на темата Креатор на темата Al Khalid
  • Време на започнување Време на започнување
Насловот на темата е твоја желба или некое реално видување?
 
ова е појако видео од твоите 4

--- надополнето ---

 
Израел само од Хезболлах 2006 изгуби 52 меркави башка оклопни возила :pos2:
 
Проектот Меркава е еден од најуспешните во армијата на Израел и воопшто.
Самиот тенк е мастерпис. Според мене веднаш по Германскиот леопард, затоа што Германците ги бива за тенкови.

--- надополнето ---

Израел само од Хезболлах 2006 изгуби 52 меркави башка оклопни возила :pos2:

А знаеш што изгуби Хезболах?
 
Прво дискутабилно е да го наречеш тенк,а второ дека е добар нема збор,ама далеку е од мастерпис.Уште па зад Леопардот малку си оптимист.

А што се однесува до тоа што изгубил Хезболах,не изгуби ништо во однос на она што изгуби Израел.Таа војна како пораз беше шамар тежок за Израел,т.е за оние опиени од својата моќ и со премногу самодоверба во својата непобедивост да го уништи Хезболах,а всушност не само што не го уништи туку го направи и посилен и поопасен од било кога.Така да не ти е паметно да се впушташ во такви дискусии.

Што се однесува до темата,нема никаква смисла.Можеби нечија желба е насловот да е вистина меѓутоа нема врска со реалноста.Меркавата е подобра од се што во моментов имаат војските на соседните земји,и сосем добро им служи на потребите на Израел и неговата доктрина за која е и оригинално наменет.Тоа што некој катастрофално ја употребил не значи дека е промашен проект,меѓутоа можеби и подобро за неа што доживеа таква судбина бидејќи знаејќи ги Израелците ке извлечат поуки и ке отстранат дел од недостатоците.

Ал Калид, да беше тенкот кој е веројатно инспирација за твојот јузер на местото на Меркавата,верувам дека ништо подобро не ке си поминеше.Ова не е крај на Меркавата,напротив ке ја гледаме уште долго време,како еден од столбовите на одбраната на Израел.


ПС знам дека ке се појави ,,некој,, со Трофи активната заштита,ама тешко дека ке промени којзнае колку освен што можеби што веќе нема да може да ја гаѓаат со некои од постарите проектили....Дизајнерите на главната опасност по тенковите денес т.е оние што ја удрија меркавата во оваа војна како РПГ 29 и Корнет-Е,одамна имаат искуство со овакви заштити,веќе 3 генерација или 4 е во развој кај нив,така да Трофи не е ништо ново за нив.
 
Проектот Меркава е еден од најуспешните во армијата на Израел и воопшто.
Самиот тенк е мастерпис. Според мене веднаш по Германскиот леопард, затоа што Германците ги бива за тенкови.

--- надополнето ---





А знаеш што изгуби Хезболах?

1 % од капацитетот на хезболлах беше уништен. Од тогаш хезболах влезе во владата на либан и плус се наоружа со ракети Скад со дострел до 300 километри, а знаеш што се случуваше со ракетирањата со катјуша со дострел од само 30 км.

--- надополнето ---

.Меркавата е подобра од се што во моментов имаат војските на соседните земји.

Прво го поздравувам твојот искрен и непристрасен говор - разликата меѓу тебе и хуман е во светлосни години.

Друго, во што заостанува абрамсот зад меркавата? Египет има 1005 абрамс, арабија 370 абрамс и 150 т-90, Кувајт 218 абрамс, ирак 160 а вгодина бројот на абрамси ќе изнесува 300, ....

И за системите Корнет потполно си во право.
 
На пример извозните модели на Абрамс кои ги прави Египет како и оние кои ги има СА немаат оклоп од осиромашен Ураниум,и се на ниво М1А1 (во последно време и модернизирани кај Египќаните),исто е и со т-90 кои не сум сигурен дека СА сеуште ги има добиено всушност.Во секој случај Меркавата е и те како способна да им парира на било кој од нив,и не само нив Израел утре да го нападне и САД со нивните Абрамси Меркавата ке им парира еднакво успешно како и на Арапите. Она што им дава многу поголема предност е супериорната обука кај Израелците.Во тој поглед единствен сериозен противник може да им биде Египет,но како што знаеш Египет одамна веќе е помирен со постоењето на државата Израел и тие земји денес соработуваат меѓудругото и на полето на одбраната.Египет всушност има влијаено многу на она што е денес Израел,со тоа што после Јом Кипурската војна си заработи респект кај Израелците кои претрпеа сериозен удар од Египетската војска.Би се рекло респектот е взаемен.
 
1 % од капацитетот на хезболлах беше уништен. Од тогаш хезболах влезе во владата на либан и плус се наоружа со ракети Скад со дострел до 300 километри, а знаеш што се случуваше со ракетирањата со катјуша со дострел од само 30 км.


Хезболах од порано имаше ракети со голем дострел, дури и испука неколку кон Тел Авив, ама тие не погодија ништо. Хезболах уништи еден патролен брод пред Израелската офанзива со ракета што само ја покажува моќта на Хезболах. Хаифа беше жестоко ракетиран, но ништо во споредба со Либан.
Тука најмногу си го окрка Либан.
 


Ако е пропаднат немаше да ги шамарат тоа Киселините.

И мислам дека Израел изгуби 47 Мк4...но само неколку од нив уништени со ЕДЕН погодок...биле гаѓани и по 8пати...посебно кај снејк кривината...ее таму мамата им ја е**а...

И како второ тој тенк е со добар оклоп,всушност Супериорен во однос на други тенкови(за оклоп) ама затоа пак има слаба точка-делот зад куполата...ланците каде што се поставени-погодок со РПГ-29 таму и толку е од тенкот)...

Станува збор за машина направена за СПЕЦИЈАЛНИ УСЛОВИ,адаптирана на Истите...и со многу добра муниција...посебно ова APAM...пуздер прави.

И се разбира не знам и дали да го наречам тенк бидејќи за разлика од останатите МК4 може да носи и луѓе т.е да има улога на APC(ете еден снајперист,друг ПВО....)

Кога зборуваме за тенк важно е да се знае дека постои компромис помеѓу брзината,оклопот па и огнената моќ-израел одбра Оклоп и воена моќ....сепак на крај краеви брзината веќе и не се зема за толку вреден критериум бидејќи денес против тенковските ракети се најголема закана...кога со џавелин можеш да уништиш оклопен конвој....ова во ирак се случи и ја смени историјата мада се знаеше не е веќе оклоп вс оклоп...туку денес може и оклоп вс Човек(војници) и пак вториве да победат.

И ова како прво воопште не е тема бидејќи согласно правилата на форумот нема ниту вовед,ниту ништо...

И сепак ви либанската војна се виде дека Меркава е еден од најдобрите тенкови но не и најдобар-нема најдобар тенк...барем во тоа сум сигурен,туку зборот ми беше Нинџите на хезболах имаа МОРАЛ за борба понатаму помошта од Иран(и тренинг),конкурсите...понатаму знаеме дека Израел гледано од аспект на жртви НЕ ИЗГУБИ...на 1 израелски војник имаме 7 киселини од хезболах(терористи кои ракетираа Цивилни мети)-Факт,но ако гледаме ГЕНЕРАЛНО тогаш Израел е ПОРАЗЕН во вторава либанска..на крај краеви и се повлекоа...

.Египет всушност има влијаено многу на она што е денес Израел,со тоа што после Јом Кипурската војна си заработи респект кај Израелците кои претрпеа сериозен удар од Египетската војска.Би се рекло респектот е взаемен.

Точно...па затоа после неколку години следеше Признавањето на Израел од страна на Египет,кога египетскиот претседател јасно кажа НЕ БИВА ВАКА веќе,спремен сум да одам ако треба и во израел и да ја решиме работава....И Би така...исто така и за време на јом кипур првпат дојде до официјален контакт на Генерали од двете земји,повлекувањето беше договорено а Египет си го доби Синај,откако Египетскиот претседател го Призна Израел и неговото ПРАВО на Постоење истиот беше убиен за време на парада од педерска терористичка организација(муслиманско братство).

И ако навистина останува Египет за сериозен противник....сепак не би ризикувале:)

на крај краеви и двете држави имаат бенефит од соработка.
 
Тенков меркава во неговиот заден дел има влез во кој можат освен екипажот да се сместат плус 3 војници. Тој влез е една од најслабите точки на овој тенк.

merkava-3-baz-lic-rear.jpg


--- надополнето ---

Она што им дава многу поголема предност е супериорната обука кај Израелците.

За ова апсолутно си во право. Во војните во 1948 и шестдневната војна арапските армии иако имале многу повеќе оружје од израел речиси воопшто не биле обучени и поради тоа поминале катастрофално. Само Сирија во шестдневната војна имала двојно повеќе оружје од израел а ја загубила половината армија. во шестдневната војна да сакаше Израел можеше низ цел египет да се прошета. Таа војна е најтемниот дел од египетската историја. Во јом-кипурската војна на почетокот израел катастрофално поминува но потоа се совзема но египет на почетокот ја покажува силината, и двете земји разбираат дека само со мир можат да се запрат - така и прават.

Но сепак јас мислам дека единствената комплетно загубена војна на Израел е 2006 со хезболлах. Израел тргна да ги ослободи заробените војници кои беа во рацете на хезболах. Војниците не ги ослободи (уште се наоѓаат во рацете на хезболах) се повлече од либан, загуби многу тенкови и оклопни возила а хезболлах - иран и сирија го наоружуваат уште повеќе. И покрај тоа што Израел има совршената авијација не успеа да ги допре капацитетите на хезболах, имаше денови кога и по 200 ракети катјуша паѓаа на хаифа.


Гејтс: Сирија и Иран го снабдуваат либански Хезболах со се посовремени ракети

среда, 28 април 2010, 09:50

getImageThumbnail.php
Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс предупреди дека либански Хезболах има повеќе ракети отколку голем број влади во светот.

На заедничка конференција за новинари со израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак во Пентагон, Гејтс изјави дека Сирија и Иран го снабдуваат шиитски Хезболах со ракети во големи количини и се посовремени, со што како што беше заклучено, очигледно дека се дестабилизира целиот регион.

- „Сега стигнавме до момент кога Хезболах има многу повеќе ракети и проектили отколку голем дел влади во светот и тоа очигледно дека го дестабилизира целиот регион и тоа го следиме многу внимателно“, потенцира Гејтс.

Тие разговарале за иранската нуклеарна програма и вооружувањето на Хезболах. Американскиот секретар за одбрана не наведе дали Сирија го снабдува Хезболах со балистички ракети од типот Скад како што неодамна тврдеше Израел.

Барак изјави дека Израел нема намера да предизвика судир и внимателно ги следи настаните.

Сирија неодамна остро негираше предупредувајќи оти тоа ќе предизвика зголемување на тензиите во регионот. Либанскиот премиер го обвини Израел дека бара оправдување за воен удар.
 
Дека Арапите биле побројни или повооружени во војната од 48 е малку дискутабилно.Вистината е дека Израелците скоро во текот на цела војна имале и бројчана и техничка надмоќ над Арапите.

Што се однесува до заробените Израелски војници,телата на истите беа разменети во преговори со Хезболах т.е истите не се во рацете на Хезболах,но во секој случај стои фактот дека истите никогаш не беа ослободени.
 
Дека Арапите биле побројни или повооружени во војната од 48 е малку дискутабилно.Вистината е дека Израелците скоро во текот на цела војна имале и бројчана и техничка надмоќ над Арапите.

Што се однесува до заробените Израелски војници,телата на истите беа разменети во преговори со Хезболах т.е истите не се во рацете на Хезболах,но во секој случај стои фактот дека истите никогаш не беа ослободени.

Не двајца сеуште се во рацете на хезболах и се живи. Пред неколку месеци израел за една снимка со него ослободи стотици палестински затвореници.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom