N
n/a
Гостин
Токму така,драги мои...
:nesvest:
Овие денови дефинитивно пропадна проектот `Сончев Град`,кој што беше така помпезно најавуван од Владата на Груевски.
Израелците се пакуваат и си одат дома.
Дел од нив лично ги запознав,беа во Македонија речиси една година и работеа на проектирање на `Сончев Град`.
Они забрзано се пакуваат,и до 20 Јануари треба да си заминат дефинитивно од Македонија.
Велат дека во изминатиов период залудно потрошиле повеќе од 5 милиони $,пари кои што ќе бараат да им бидат рефундирани од Владата на Р.Македонија.
Не... не од Гвујо тупото.
Од мене и од тебе.Од нашите пари.
Да се потсетиме како требаше да изгледа и што требаше да претставува `Сончевиот Град`.
04.04.2007 00:00 Ќе се гради „Сончевиот град“ на јужните падини на Водно. Министерството за транспорт во утрешните весници го објавува огласот за лицитација на земјиштето, на кое е предвидена изградба на елитна населба.
На јавно наддавање ќе бидат понудени 640 илјади метри квадратни градежно земјиште. Почетна цена за целата локација е два милиони и 600 илјади евра.
Од заинтересираните компании се бара да имаат годишен обрт на капитал од најмалку 100 милиони евра и банкарска гаранција од три милиони евра, издадена од реномирана банка.
Оној што ќе биде избран за најповолен понудувач има обврска да изгради водоводна и канализациона мрежа до станбените објекти, пречистителна станица.
За оваа локација, интерес веќе пројави една германска компанија, која до општинските власти во Сопиште веќе достави конкретен проект за изградба на населбата. Планираат да инвестираат 120 милиони евра.
Според информации на А1 за локацијата биле заинтересирани и други компании. Јавното наддавање ќе се одржи на средината на идниот месец.
05.04.2007 00:00 На меѓународен тендер ќе се продава локацијата „Сончев град“ кај скопско Сопиште. Јавното наддавање ќе се одржи за месец и половина. Владата посакува странска компанија, оти смета дека странците повеќе ќе платат за атрактивната локација на Водно.
Станува збор за 640.000 метри квадратни градежно земјиште по цена од 250 денари за метар.
„Тендер од кој очекуваме инвестиција од околу 100 милиони евра. Ќе бидат изградени 602 индивидуални куќи, 11 станбени згради и спортски објекти за потребите на населението“, изјави Никола Груевски, претседател на Влада.
Предвидено е за четири години да биде изградена елитна резиденцијална населба за околу 6.000 луѓе. Почетната цена за целата локација е два милиона и 600 илјади евра.
Право да конкурираат имаат само компании со годишен обрт на капитал од најмалку 100 милиони евра. Учеството на тендерот треба да го заверат со банкарска гаранција од три милиони евра издадена од реномирана банка.
Тендер за изградба
На 6 април, 2007во домашни и странски печатени медиуми (Фајненшал тајмс) објавен е меѓународен тендер за изградба на Сончев град. Понудувачите треба да достават референтна листа на веќе изградени објекти од ваков тип, докази за техничка способност, да имаат најмалку 1500 вработени и годишен обрт на капитал од најмалку 100 милиони евра. Сончевиот град е замислен како еколошка населба.
Инвеститорот ќе има обврска:
Лицитација
Одредени компании пројавиле интерес да учествуваат во изградата на Сончевиот град уште пред да биде објавен тендерот.
Лицитацијата се одржала на 14 мај, 2007.
Учесници
На лицитацијата учествувале две компании: „Industrial buildings corporation од Израел и градежната фирма „Гранит“ од Македонија.
Најуспешен понудувач
За најуспешен понудувач на лицитацијата прогласена е израелската компанија „Industrial Buildings Corporation“ (IBC). IBC понудила 350 денариза m2, односно 100 денари повеќе од почетната цена. Корпорацијата во Македонија има регистрирано своја фирма ќерка - Трговско друштво за градежништво, трговија и услуги „Сан Сити“ ДООЕЛ Скопје.
Инвеститорот IBC е дел од глобалната компанија „Fishmen holding“, која е јавно претпријатие во сопственост на државата Израел.
Постигната цена
За земјиштето со површина од 636.459 квадрати израелската компанија треба да плати 3.640.000 евра.
Услови
Резиденцијалната населба треба да биде изградена според највисоки стандарди и да обезбеди домување на околу шест илјади лица. Ќе се градат 603 семејни куќи, 11 згради и два спортски терена. „Сан Сити“ треба да ги уплати парите во рок од 15 дена, по што најдоцна за шест месеци треба да добие градежна дозвола. Населбата треба да биде завршена до крајот на 2011 година.
Во првата фаза е предвидено компанијата да изгради улици, јавно осветление, водовод, атмосферска и фекална канализација, телекомуникации, електрика и гасификација, а во втората фаза ќе се градат објектите.
Уште една `победа` на ДПБНЕ.

- да изгради улици,јавно осветлување,водовод,гасовод,атмосферска и фекална канализација, како и сончеви колектори
- да внимава на стандардите за заштита наживотната средина и на енергетската ефикасност на објектите,
- куќите да ги опреми со сончеви колектори и да им обезбеди можност за приклучување на системи за снабдување со гас.