Промискуитет

  • Креатор на темата Креатор на темата ada
  • Време на започнување Време на започнување

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
За разлика од нимфоманијата (односно сатироманија/сатиријазис, кога се работи за припадници машкиот пол) која е психолошко пореметување сама по себе, промискуитетот се смета за придружен симптом (значи само симптом, не и самостоен disorder) на разни психолошки пореметувања и, во груби црти, се дефинира како често менување на сексуални партнери.

А, затоа што во подфорумот Дом и Семејство веќе има тема која се занимава со причините за промискуитет (конкретно, кај младите), овде би сакала да продискутираме што всушност е промискуитет, односно како го дефинирате?

Дали воопшто сметате дека постои нешто како промискуитет?

Што е она што одредена особа би ја квалификувало како промискуитетна?

Колку можете да го прифатите туѓиот промискуитет?

Дали би биле во блиски односи (и не мислам само на љубовни/сексуални партнери, туку и на пријателство и сл.) со особа која ја сметате за промискуитетна?

Дали промискуитетот е по својствен за едниот од половите, или и кај двата е еднакво застапен?

Може ли промискуитетна личност да се промени, односно да одржува стабилна љубовна врска со некој, или до крајот на животот останува иста?

...итн.
 
темава веќе постои. Не мора да се отвара одново во секоај арзлична категорија.
 
темава веќе постои. Не мора да се отвара одново во секоај арзлична категорија.
Не, не е дупликат.

Сега кога тоа го решивме, повели изнеси го твоето мислење на темата, или не оди оф топик.
Благодарам.
 
daklem...

da, moze da se smeni, primer se svabicite, norvezankite i svegankite...tolku ni poznati nas, nashiroko i nadolgo od morinjata, plazite kampoite i shatorite...hihihhi... ni nashi bifshi, daklem oni se poznati, po svojata promiskuitetnost kao mladi pred da se omazat, se rasturaat, od koa ke se omazat se mnogu verni(taka barem sum cul-kojznae) ili sho vikaat zena sho ne pominala sito i resheto, ke si go bara...
 
Природата го создала неверството
а општеството бракот
но и бракот е софистицирана проституција
човекот е по природа промискуитетен...
 
Промискуитетот во суштина претставува еден вид на психичка состојба која може да биде моментална а може да е и константна. Тој е одраз на незадоволство и несигурност кај личноста, збир на комплекси и потреба за самодокажување.
Само не ми е јасно зошто за оние претставници на спротивниот пол кои се промискуитетни се смета дека се јебовци и им се билда егото а за женските дека се курви?
 
koj toa rekol, vie toa si kazuete...nie sme fini ne kazueme takvi raboti...eve ne sme spomnale dosea...na temava...:oeoeoe:
 
Спомнато е како етикета која мошне лесно се лепи и притоа се прави поделба која кај промискуитетните личности не треба воопшто да ја има, бидејки промискуитетот не подразбира пол, тоа е состојба која е во релација со однесувањето на една личност и токму затоа го поставив прашањето.
 
pa, koj poedinec e kriv za etiketite...recimo eve samo nekoi od mashkite etiketi, kao za sporedba deka ne ste u pravo sho se bunite

WOMANIZER, SKIRTCHASER, PLAYER, RAKE, ZENKAR, KURVARISHTE, JEBO...

kao i zenskite, pridavki...

SLUT, SLAG, SKANK, TROLLOP, SLAPPER, HO, DROLJA, FUKSA, PROFUKNJACHA...

e sea zasho se takvi iminjata izmisleni, prashajte go kumot, a deka i mashkite imaat promiskuitetni etiketi... imaat

PS izvor i inspiracija za pridavkite, internet...:pos2:
 
човекот е по природа промискуитетен...
Да го земеме тоа за точно...Но, посуштинското прашање е дали промискуитет, како фиксен, строго дефиниран поим, воопшто постои?

Или...Кога ја добиваш придавката промискуитетен?

После секс со 3 различни партнери во една недела?
После секс со 3 различни партнери во година?
Истата бројка пред брак?

Работата е што од средина до средина, поимањето за промискутет се разликува. Во Турција, на пример, просечното поимање за промискуитет, не е еднакво со она во Скандинавските земји.
Исто важи и за временската одредница.
Она што во 50-те години од минатиот век се сметаше за промискутетно однесување, денес воопшто не се смета за такво.

Се на се, се работи за еден ептен релативен поим. Затоа и толку лесно се манипулира со него и се користи за етикетирање и оцрнување.

Всушност, земјаќи ја човековата природа во предвид, не ни верувам дека пормискуитет, као disorer, постои.

Да, има ситуации во кои, поради разни несигурности и сл., почнуваш да менуваш често сексуални партнери, без приота да се поврзеш емотивно со нив, и истото ти остава само празнина и незадоволство, па може да се смета за деструктивно.
Но тоа не е непроменлива состојба. Уште помалку состојба која треба да ја носиш ко жиг на чело цел живот, само затоа што околината, најчесто онаа неизживеаната, ги изжувува своите прикриени стравови и желби низ тебе.

Само не ми е јасно зошто за оние претставници на спротивниот пол кои се промискуитетни се смета дека се јебовци и им се билда егото а за женските дека се курви?
Ова е уште едно нешто кое ми е симптоматично.

Ретко за кој маж се вели дека е промискуитетен. И да е, на тоа се гледа со симпатија и восхит.

Кај женското, тоа е една од "најстрашните" особини (иако, не сметам дека може да биде особина, туку само минлива состојба).

Таквиот двоен стандард, вришти со лицемерие.
 
Само не ми е јасно зошто за оние претставници на спротивниот пол кои се промискуитетни се смета дека се јебовци и им се билда егото а за женските дека се курви?

Спомнато е како етикета која мошне лесно се лепи и притоа се прави поделба која кај промискуитетните личности не треба воопшто да ја има, бидејки промискуитетот не подразбира пол, тоа е состојба која е во релација со однесувањето на една личност и токму затоа го поставив прашањето.

Ретко за кој маж се вели дека е промискуитетен. И да е, на тоа се гледа со симпатија и восхит.

Кај женското, тоа е една од "најстрашните" особини (иако, не сметам дека може да биде особина, туку само минлива состојба).

Таквиот двоен стандард, вришти со лицемерие.

А замислете, прашањево кое го покренавте е отворено од страна на машко :smir:

Мислам дека тие искривени гледишта ќе ги спротивставите на темава:

Двојни стандарди !?
 
Братот одувек бил либерален:back:

Srsly, добра тема, задира у сржта на двојниот морал.

А, на оваа, во овој подфорум, ме интересира што е воопшто промискуитет?
Дали може да се смета за disoreder?
Кога сме смета за disorder и зошто?
Итд.
 
Па мислам дека плуралните фамилии се доказ дека промискуитетот може да постои и да функционира како дел од семејниот живот. Слободните бракови, слободните врска, свингерите, итн се доказ дека промискуитетот и те како е застапен.
Јас го сфаќам како начин на живот. Тоа е дел од нашата природа и претежок збор е пореметување.
 
Со оглед на тоа дека ние не сме стручни лица да дефинираме вакви термини, од она кое се третира во психологијата како Промискуитет, може да се заклучи дека е психичка нерамнотежа.

Односно, прекумерна, неконтролирана зависност од секс.

Како и алкохолизмот, се додека не е претерано и нема последици е во ред.

А како може да се дефинира границата, односно кога и зошто, треба да се согледаат знаците кои укажуваат на таквата состојба.

Друштвени последици - прекинување на брак или менување на повеќе брачни патнери, губење на пријатели и друштвен живот поради преокупираност со сексот.
Емоцијално пореметување- депресија и срам поради своето однесување.
Сексуални зарази во позачестен вид.
Насилно сексуално однесување, демнење, следење, сексуално злоставување итн..
Трошење на многу пари за порно филмови, опседнатост со порнографски материјал, користење на проститутки :)
 
А, на оваа, во овој подфорум, ме интересира што е воопшто промискуитет?
Дали може да се смета за disoreder?
Кога сме смета за disorder и зошто?
Итд.

Кога дискутираме за промискуитет, тврдам дека не можеме да дискутираме како за disorder, затоа и го нареков "состојба" која може да се појави од x фактори и на било која возраст, од причини како што и самата кажа дека сфаќањата околу овој термин се менлива категорија во зависност од менталитетот, општеството, религиозните сфакања и секако моралните вредности кои се покажаа како една мошне растеглива категорија која честопати е злоупотребувана, така да границата помеѓу нормалното однесување и промискуитетното однесување постојано се поместува.
Би можеле да кажеме дека е disorder, единствено кога се дискутура за промискуитетот во конотација со сатироманијата и нимфоманијата, но мислам дека тука веќе е јасно ЗОШТО.

Со оглед на тоа дека ние не сме стручни лица да дефинираме вакви термини, од она кое се третира во психологијата како Промискуитет, може да се заклучи дека е психичка нерамнотежа.

Односно, прекумерна, неконтролирана зависност од секс.

Промискуитетот не претставува прекумерна, неконтролирана зависност од сексот, туку претставува склоност кон често менување на сексуалните партнери...има разлика, и тоа огромна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom