Промена на расположение? Дали?

Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Има една работа која што ја правите секој ден,не зашто така мора,туку зашто ете,ви преминала во навика.
Зборувам за и не толку битни работи од секојдневието,како...во школо да седите секој ден во 3тата клупа во средната редица,секој ден од кога ќе се разбудите веднаш да седнете на компјутер,кога ќе се вратите дома од школо/работа/факултет веднаш да се пресоблечете во нешто покомотно(да речеме дека секогаш се пресоблекувате од навика,а не зашто ви е поудобно во тренерки да седите по дома:)) итн.

И еден ден поради Х причини,се преместите во последната редица,едно утро направите исклучок и прво тркнете до кујна да земете за јадење,а после да седнете пред компјутер,дома да седите во фармерки итн.

И сега,не знам точно каде прочитав,дека поради една таква промена може да дојде до промена на расположнието.
Дали мислите дека една ваква отстапка може да има толкаво влијание врз вас од психолошка гледна точка?
 
Хм...па што знам дали влјае.Всушност вака кога ќе размислам влијае.Кога менуваш рутина или нешто кое што ти било навика,доаѓа до менување на расположение,правиш нешто ново,колку и е тоа ново,нешто банално,сепак е нешто ново.Кога правиш нешто постојано и кога тоа нешто се повторува,веќе ти станува досадно и иживеано.
Пример,дека во текот на цела година сум во Скопје и знае да ми стане многу досадно и кога ќе отидав во друг град или држава,ми е интересно,затоа што гледам други фаци,други луѓе.
Ова беше можеби глуп пример,ама поентата ми е дека треба одвреме на време да се прават некои промени,макар и банални,колку да се внесе некоја свежина,некоја новост во секојдневниот живот.
 
moze zosto da ne......sekoja nova promena pa makar i najobicna mene mi vlijae pozitivno vrz raspolozenie.....koga nema nekakvi promeni se mi e monotono, dosadno....se sto e novo e ubavo.......neophodno e da se vnesat nekoi novi raboti vo sekojdnevniot zivot na eden covek za da se podobri raspolozenieto i psiholoskiot razvitok na edna licnost.....
 
Доколку направам некоја промена затоа што веќе нешто ми делува монотоно и едноставно здосадено ми е од тоа, секако дека штом сум ја посакувала промената ќе влијае позитивно на мене и на моето расположение.
Но, ако некогаш отстапам од секојдневните навики поради некои икс причини, не по моја волја, ќе се чувствувам нервозно. На некој начин сум навикнала да ги правам истите тие работи секој ден, тоа ми преминало во рутина и ќе се чувствувам како нешто да не е како што треба и како да не ми се сите коцки на место.
 
Влијае и тоа како. Ми се дешавало ваква ствар. Често сум го променувал начинот на живот, а со тоа и расположението
 
Рутина е секој ден да идам во школо и ако некој ден направам исклучок и те како позитивно ми влијае :):):) Енивеј, не знам, не сум приметила. Ако нешто ми ја поремети рутината у стилу имам гости па не можам да облечам нешто покомотно или у задњи момент ќе ме пратат во продавница па нема да можам да уклучам компјутер ќе се изнервирам и ќе ми се промени расположенито на полошо... А ако самоиницијативно направам некоја промена, тогаш сигурно ќе има некоја причина која што ќе направи да се осеќам подобро... Во секој случај не знам што зборев до сега затоа што стварно не сум приметила што се дешава кога ќе скршнам од рутината:):):)
 
Врска немам, не сум приметила нешто такво......
 
Да. Имам читано некаде несум точно сигурна што беше, али имаше нешто вака :
Пробајте да ги промените рутинските работи, на пример пробајте да пиете различно кафе или сок, променете го кафичот, нека „омилените“ работи бидат сега на некоја пониска скала. Едноставно променете ја монотонијата која владее во вашиот живот, и видете како тоа ќе влијае во вашиот живот и вашето расположение.

Значи, не мора само набројаните примери во првиот пост, сум сменила многу други вакви ситници (пример секое лето јадев овошен сладолед, а ова стрикно само чоколадо), и некои навистина делуваат и докажуваат дека навистина некогаш е подобро другото од она што сме се надевале. Така да расположението некогаш ми се променило навистина.
 
Пааа доста сум расположлив !!! Промените се присутни секој ден ако работите со секакви луѓе!!! Меѓутоа за да бидеш професионалец во тоа што го работиш , не трбало да се тресеш многу !!! Така било тоа а всушност мислам дека ќе откачам у мене од нервоза или пак од смеа!!! :)
 
Не сум психолог така да ова воопшто не ми паднало на памет. А и немам некој редослед па да речам ова ке го сменам или она. Кај мене се се дешава спонтано или онака како што ми се потребите.
 
Јас сум човек кој што не сака многу да ги менува работите и ако се навикнам на нешто,го правам тоа цело време и готово.Дали било за секојдневни обврски,места за излегување и тн.И тоа баш од навика.Е понекогаш само така ми доаѓа да сменам нешто и да,чувствувам промена во расположението,ми доаѓа така убаво чувство па дури се радувам за некои работи.А,ако пак сум била приморана да сменам нешто на кое што сум навикната,е тогаш цело време се чувствувам како да ми фали нешто,како да не ми се сите овци на број:icon_lol:
 
Мене пак не ми е проблеми некогаш и се радувам на почести промени, пошто ако фатам еден ред предолго време ме фаќа монотонија.
 
Секоја промена ми делува добро на расположение. Нејќам монотонија, секогаш да правам исти работи, по ист редослед, како по некој шаблон.
Затоа често правам промени, помали или поголеми, зависи кога како може.
 
Секоја мала промена во секојдневието ми го менува расположението. Најчесто тоа ми се случува откако ќе го сменам изборот на кафе. Изненадно, ама ми влијае многу на располозението :)
 
Зависи, ако одлуката за да сменам нешто зависе од мене тогаш нормално, се менува расположението на подобро. Обично сакам да внесувам нови нешта, и да сменувам некој работи колку да не е се монотоно..
Ама ако е нешто шо не ми одговара,а се мора, или некој друг ми ги мене плановите е тогаш пак ама на лошо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom