Производи со поминат рок на траење

Дали ги запазувате роковите на траење?


  • Вкупно гласачи
    70
Проверувам понекогаш ама ретко да не изедам и поминат да е:kesa:
 
Секогаш кога купувам нешто прво го гледам рокот на траење.
 
Јас рокот го гледам дури кога ке стигнам дома.Т.е откога ке го пробам артиклот, ако не ми чини нешто ми текнува да го погледнам рокот.
 
Во Веро, Тинекс и сл. големи маркети не го гледам рокот.
Досега не ми се погодил производ со истечен рок од горенаведениве маркети, освен ако го изземеме единствениот случај кога од Тинекс купив чоколадо со поминат рок.

Од помали продавнички, секогаш го гледам.
 
Без разлика дали купувам од малечка продавница или голем маркет секогаш гледам на рокот. Тоа ми стана навика, како викаат кој се изгоре после и на кисело млеко дува, така и јас од немарење имав лошо искуство па сега пазам.
Не само на прехрамбени продукти, јас гледам колку е рокот и на козметички продукти, кога купувам креми, пудра и други козметички производи обавезно погледнувам до кога има рок на употреба.
 
Честопати ни се случило да купиме или во фрижидер да најдеме храна на која и поминал рокот, па се мислиме дали да ја вратиме во продавница, фрлиме или пак да ја изедеме. Некои од нас без гајле ќе ја изедат, а некои пак ја фрлаат, но еве имало храна која можеме да ја користиме иако и поминал рокот.

Јајца - во фрижидер слободно можат да стојат три до четири дена по поминувањето на рокот. Како да знаеме дека јајцето не е свежо? Наполните длабок сад со вода и ставете ги јајцата внатре. Свежото јајце веднаш ќе потоне, а расипаното ќе остане на површината на водата во садот.
Житарици - бидејќи се суви можеме да ги јадеме и 2-3 месеца по истекувањето на рокот.
Јогурт - може да го користиме десетина дена по завршувањето на рокот.
Јаболко - ако ги ставиме во ќеса на која ќе и направиме дупчиња и така ќе ја ставиме во фрижидер можат да издржат дури до две недели.
Салама - доколку саламата ни останала во фрижидер со поминат рок, а сеуште не сме ја отпакувале таа може да ја користиме 1-2 недели по завршувањето на рокот.
Леб - стариот леб доволно е да се потпече за повторно да биде вкусен.


Дали и колку често обрнувате внимание на рокот на производите што ги купувате?
Што и правите на храната на која и поминал рокот?

:)
 
Последно уредено:
Веќе одамна е познато дека по магацините и маркетите, налепници се прелепуваат на некои прехрамбени продукти, така да не можеш да бидеш сигурен за датата дури и да проверуваш во продавница, пред да купиш.
Тоа најчесто се прави со сувомеснати и млечни производи. Приметете дека многу од нив немаат дата на опаковката, туку на налепница. Налепниците се менуваат.
Пред некој ден во СП Маркет видов кашкавал (или сувомеснато беше, не ми текнува), во фрижидер, кое имаше две налепници на него, со две дати на производство.

Затоа купувам исклучиво производи кои имаат втиснато, испечатено дата на опаковката, а не на опаковката нигде нема дата, датата е само на налепница (која може да се одлепи и залепи друга).
 
не со поминат роооок....ами можеш да најдеш и сладолед ескимо од времето на Југославија
 
Јас се држам до правилото, дека е опасно да се отрујам со месо и јајца.
Само за производи кој содржат месо или јајца внимавам на рокот
 
Татко ми кога бил во војска јадел нарезок по стар од него... Ништо не му било. Инаку не обрнувам внимание.
 
Татко ми кога бил во војска јадел нарезок по стар од него... Ништо не му било. Инаку не обрнувам внимание.
па нарезок има рок на траење милион години ...многу нормално и јас имам јадено нарезок од војната 2001 што останал, и тоа уште поубав беше него тазе сеа да го купиш :D
 
Татко ми кога бил во војска јадел нарезок по стар од него... Ништо не му било. Инаку не обрнувам внимание.
Ја јадев нарезок у војска постар од мене.

Али треба да ти е јасно дека инекцијата-коктел која ја пијат војниците за да можат да јадат такви и полоши работи, предизвикува страшни проблеми со црниот дроб, кај мал процент.
Месниот нарезок беше стар 30 години, а имаше и друг, стар 19 години. мене ми се падна тој од 30 години. Исто така, верувај дека во тој месен нарезок праен за армија, исто така има некои работи кои ги нема во обични производи од рафтови (појачано е со конзерванси екстра).

Ваквите инекции ги примаа и работниците од младинските работни акции, па пиеја вода од локви во земја и сл.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom