Производи со отворени кутии. И додатоци кои фалат, a фабрички доаѓаат со нив

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Кога работев некој месец во продавница за сателитски во гарнизон (Куамново), ме учеа да ги вадам каблите од новите ресивери пред да ги продавам.. башка и требаше да се внесе програм преку ПЦ во нив за отклучување канали само од шефот таму, такво програмче си имаше он.. Јбг, свашта има по светов, важно научив од тогаш дека треба внимателно да се гледа што се купува (посебно бела техника), пошто има премногу финти за зезање.. : ))))
 
Пред две недели татко ми беше да купи мобилен и кога стигна дома виде дека нема батерија ... одма ја пративме мајка ми да земе батерија, и тие таму ја убедувале дека имало батерија во кутијата и треба да ја побараме. Се расправала жената таму и после 10мин и дале. Е сеа таа што ни ја дадоа сигурно е некоја употребувана затоа што не трае ни цели два дена.
 
Македонска работа е секогаш да се заебе корисникот. Што поголем профит за иста работа. Затоа пред да си купиш мобилен, фино лепо ќе си видиш на официјалната страна што се треба да следи во оргиналното пакување и ќе си провериш на лице место, оти педерски работи се прават прекумерно.

Што мислите зошто секогаш ставаат јаки цури во продавниците за мобилни !?
- За да гледаш во неа, а не во тоа што ти го нуди. ;)

пс. мене ми се деси со кока кола од 2 литра, кога едно време на нив пишуваше препорачана цена од 65 денари. Сите продавници ја продаваа по 65 денари, само кај мене еден курназ сакаше по 80 да ми ја продаде. И кога му реков: „Абе тука пишува 65 денари“, ми рече „Ааааа тоа е препорачана цена од пивара. Не значи дека јас треба така да ја продадам“. Абе стварно, епа пиј си ја сам!
 
Оваа “финта“ ја користат Охриѓани 24/7, 3-4 месеци во годината, некгоаш и повеќе :)
 
Сакав да купам Nokia 5630 Xpress Music од T-Mobile, одам еднаш ми викаат се потрошил, одам после недела ипол викаат имале. Нареден ден доаѓам да го зеам со татко ми, ми го даваат последен бил, ја у стил мора некој да се продаде последен (пусти мерак за телефонот, ептен ми беше мило што го глеам пред мене) и проверувам таму дали има некои проблеми со екранот, копчиња дали работат. Внатре фул опрема. Доаѓам дома, викам дај да видам каква слика вади камерата и оп - ништо не се гледа. Измастена, замаглена, само светло и темно можеш да разликуваш. Го носам телефонот после два дена (неможев наредниот ден - недела беше) викам ај пошто немаат на лагер да барам нов нема да ми дадат, викам за сервис ќе го однесам. Го остаив таму, после две недели одам да го земам ми викаат неможе да се поправи, не подлежи под гаранција бил неовластено отваран (отваран од друг сервисер). WTF? Купувам нов мобилен, ми даваат стар, фаличен, отваран и во кутија и телефонот дури отваран?? Татко ми беше да се разбере и со продавачката, и со шефицата, ништо. Сеа по инспекции се матка човекот. Да ти се одмили да купиш телефон.
 
пс. мене ми се деси со кока кола од 2 литра, кога едно време на нив пишуваше препорачана цена од 65 денари. Сите продавници ја продаваа по 65 денари, само кај мене еден курназ сакаше по 80 да ми ја продаде. И кога му реков: „Абе тука пишува 65 денари“, ми рече „Ааааа тоа е препорачана цена од пивара. Не значи дека јас треба така да ја продадам“. Абе стварно, епа пиј си ја сам!

Јас во тој случај би му дал 30 денари и би му рекол ГАЗДАТА ШО МИ ДАВА ПЛАТА МИ ПРЕПОРАЧА KOKA KOЛАТА ДА ЈА ПЛАТАМ 30 денари

И со душа ќе чекам повод за доообар ќотек да му удрам...
Али обично имаат тие продавачите поган инстинкт и знаат кога пред нив стои неуротичен муштерија на самиот раб и готов да експлодира па не ми го прават ќефот туку си премолчуваат...
 
Може нема врска со бела техника, ама кока колава ме потсети на нешто друго.
Одам во тобако во центар, температурата надвор миљон. Земам вода од фрижидер, на неа пишува „Препорачана цена 16 денари“. Ми ја наплати 30 и искуца фискална.
Викам, се извинувам, овде пишува дека водава кошта 16 денари. Е не, тоа е само препорака. Добро викам, вратете ми ги парите, ќе одам да си купам две води со истите пари. Ама искуцана е сметката. Не знам тоа, вратете ми ги парите. И ми ги врати. Си излегов мртва жедна и право на фонтана:).
 
Јас во тој случај би му дал 30 денари и би му рекол ГАЗДАТА ШО МИ ДАВА ПЛАТА МИ ПРЕПОРАЧА KOKA KOЛАТА ДА ЈА ПЛАТАМ 30 денари

И со душа ќе чекам повод за доообар ќотек да му удрам...
Али обично имаат тие продавачите поган инстинкт и знаат кога пред нив стои неуротичен муштерија на самиот раб и готов да експлодира па не ми го прават ќефот туку си премолчуваат...

Абе кога живееш во Чаир, два пати ќе размислиш на кого ќотек ќе му удриш. :wink:
 
Ако начекате такво нешто (отворен производ, на излог стоел...) барем барајте им попуст. Јас земав од АМЦ 2.1 logitech z4i звучки кои стоеја на излог и поради тоа си побарав и добив 1500 ден. попуст. Барем и ние купувачите да искористиме нешто...
 
А бе интересно е ова!!
влегвам во продавница и барам да ми покажат ТВ од кутија и полсе им велам дај сега попуст оти од отворена кутија го земам... а ако даите уше попуст и кутијата ви ја оставам... со се стиропор!
 
Исто така и со Нокиа 5800 во пакетот треба да иде и футрола но во Т-Mobile ги ваделе и ги продавале посебно.
 
Исто така и со Нокиа 5800 во пакетот треба да иде и футрола но во Т-Mobile ги ваделе и ги продавале посебно.

На истиве телефони Т мобајл им ги тргна сите потпирачи едно ко триножно шо е. Неколку души имале среќа да им останат, после еден дечко бил да бара и му отвориле 30 кутии во ниедна немало.

Иначе на дедо ми му имаа наплатено од ОПЕЛ Старт Охрид за патосници во нова корса. И тоа добра сума.
 
Продолжува авантурата. Во уште една продавница го немаат кабелчето, рекоа така им стигаат.

Се работи за камкордер Toshiba Camileo S10. Кој ги увезува кај нас? Сакам да ги контактирам и да ги разрешам дилемите.
 
Се работи за камкордер Toshiba Camileo S10. Кој ги увезува кај нас? Сакам да ги контактирам и да ги разрешам дилемите.
Пробај си ја среќата овде и пиши што ќе направиш

Гадна работа инаку. Пред некои 2-3 години купив мобилен од Промо. Сакаше да ми го убута тој на излог што стоел, и што пред да решам да го купам го држев во рака, уклучи-исклучи, стискај копчиња... После ги натерав од друг салон да ми донесат нов, неотпакуван, или не го купувам.
 
Продолжува авантурата. Во уште една продавница го немаат кабелчето, рекоа така им стигаат.

Се работи за камкордер Toshiba Camileo S10. Кој ги увезува кај нас? Сакам да ги контактирам и да ги разрешам дилемите.

Малце офф, сега читав за то камкодерчето, не го бива за снимање во low light ситуации.

http://www.pcpro.co.uk/reviews/camcorders/256702/toshiba-camileo-s10

зависи за шо ќе го користиш, за плажа или спална....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom