Professional Web Designer Course-CEI Education Macedonia

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
12.113
Поени од реакции
7.326
Еве одлична понуда за курс за Веб дизајн за сите оние кои ги интересира ова поле на информатичката технологија. Компанијата нуди и можност за вработување по успешно завршување на обуката :) Повеќе информации тука

Па читајте и прашувајте :)
ATT00001.jpg
 
Кој се бе овие? Ко прво немат сајт на Македонски. Ко второ 1200 евра за курс за дримвивер и хтмл??? Не заебавај...

И делот со вработување никаде не го прочитав. Или го нема, или е напишан како буквите на рекламите од Т-мобиле најдолу.
 
Како бе нема сајт на македонски? Читаш на рекламата www.cei.mk? И на линкот шо е даден горе има десно линк за на македонски.
 
Се е во ред, само овој курс што овде е 1200 евра, во Прилеп е 4000 денари..
 
Абе златна линда, какви туторијали има :pos2:
 
Ако ми ветат дека ќе ми дадат договор за работа од 500е месечно за 2 години по завршувањето .. може и ќе подразмилам. Се прашувам кој ќе се пријави 600е ?? ќе им се.. Кој сака го учам истово за 2 пива дневно.
 
Кој се бе овие? Ко прво немат сајт на Македонски. Ко второ 1200 евра за курс за дримвивер и хтмл??? Не заебавај...

И делот со вработување никаде не го прочитав. Или го нема, или е напишан како буквите на рекламите од Т-мобиле најдолу.

Да не мислиш дека те контрирам, ама се што кажа утна :)
(значи немој да ме сватиш погрешно со цитатов).

- За 1200 евра имаш 240 часа, тоа му доаѓа по 340 денари од час, а ако платиш у кеш (600 евра) ќе ти дојде 160 денари од час, зар ова е многу ? :)
- Освен Dreamweaver се учи и Photoshop и Flash (со ActionScript) и други останати работи поврзани со веб дизајнот.
- Не си ги приметил и двојазичноста и делот каде што наведуваат дека нудат можност за вработување и исто така по завршувањето на курсот се стекнуваш со диплома CEI Certified Professional Web Designer (меѓународна сертификација). :)

Пак ќе кажам, ова е само мислење од моја гледна точка. Реално гледано и 1200 евра (да не збориме за тие 600 евра во кеш) не е голема цена за се тоа што се учи почнувајки од сертификацијата, можноста за работа, самостојна работа во иднина и ред други работи да не ги редам. :)
 
Сепак 1200 еур, солено. Треба да бидат ептен квалитетни и со реноме па за да ме кандисаат.

Втора работа, кај нас web дизајнерите повеќе од 300-350 евра плата не земаат.

Плус тоа и да имаш курс и да имаш, оваа работа неможе да ја работи било кој. Треба добар талент и креативност.

Кај нас во Македонија талентот и креативноста се ставаат на последното скалило. Инаку веб дизајнот (без веб програмирање) е 3-та или 4-та најскапо платена работа на Запад.

Значи веб дизајн се мисли на Photoshop нацрти (дури нема ни CSS), Flash (без програмирање или минимално). 99% од креативноста е насочена кон креирање на графика.

Веб програмерот после прави што сака со нацртот. Сечи, делка, додава опции итн. Затоа западњачките веб страни се толку добри, а кај нас жими 10 ако се добри и тоа ќе ви ги набројам на прсти и СИТЕ тие имаат специјални екипи само за графичкиот дел, посебни за програмирањето.
 
Да не мислиш дека те контрирам, ама се што кажа утна :)
(значи немој да ме сватиш погрешно со цитатов).

- За 1200 евра имаш 240 часа, тоа му доаѓа по 340 денари од час, а ако платиш у кеш (600 евра) ќе ти дојде 160 денари од час, зар ова е многу ? :)
- Освен Dreamweaver се учи и Photoshop и Flash (со ActionScript) и други останати работи поврзани со веб дизајнот.
- Не си ги приметил и двојазичноста и делот каде што наведуваат дека нудат можност за вработување и исто така по завршувањето на курсот се стекнуваш со диплома CEI Certified Professional Web Designer (меѓународна сертификација). :)

Пак ќе кажам, ова е само мислење од моја гледна точка. Реално гледано и 1200 евра (да не збориме за тие 600 евра во кеш) не е голема цена за се тоа што се учи почнувајки од сертификацијата, можноста за работа, самостојна работа во иднина и ред други работи да не ги редам. :)
Не мислам дека ме контраш...

Само дека ќе научиш фотошоп и флеш со екшн скрипт во 6 месеци со 2 часа тренинг... мало морген. Конкретно за флешот, треба да влечиш и праќаш податоци преку Javascript или Ajax со сервер (кој е најчесто PHP или ASP), ако сакаш нешто посолидно да направиш. Шо значи Javascript ти е морално да го научиш, покрај HTML/CSS и action script. За анимации најпрости, не ти треба курс од толку кеш. А и како што кажа колегата Volkswagen, креативноста никој не ти ја дава. Треба да имаш во глата нешто што ќе те тера да црткаш графики, измислуваш некакви решенија за дадени проблеми. Никој, никој неможе да те научи на тоа. Може да ти дадат некоја насока, и толку.

Каде има линк за вработување, или нешто што спомнува работа, освен таму најдолу можност нешто... 1 реченица колку да те залажи? А линкот горе македонски, не работи баш нај нај. На пола од страните го нема, а на тие што го има, пак менито останува непреведено. Така?
 
Абе тоа се си е океј, ама од друга страна пак обратно испаѓа. Еве мини факти за „обратното“... Реално гледано не е исто кога учиш сам и кога учиш со професор. Значи неизбежно е ти ако сакаш нешто да научиш и сам да експериментираш, да се праксираш и слично, ама наместо сам да бараш, да губиш време да си разјасниш некоја работа, вака со професор ќе можеш да го прашаш и слично. Друга ствар, има некои кои сакаат да научат само веб дизајн, без да учат на факс математика, физика и слични предмети кои не ги интересираат и мислам дека 600 евра (160 денари од час) не се многу, е сеа па тука настанува друг проблем, од кај да ги најде тие пари (али тоа е сосем друг муабет). Друга ствар, тоа што викаш за работа после курсот, ако лично мене ме прашуваш, ако јас би одел на било каков курс пред се би одел за да го научам она за што сум се пријавил, а не за работата затоа што откако ќе го научам тоа после многу полесно би можел да најдам работа. :)

Значи ако се запнеме за детална анализа ќе треба да пишуваме реефрати, секој со свои факти и мислења... од понудата, сајтот, вработувањето, професорите, парите, часовите, општите факти, останатите едукативни центри, ехеее... :)
 
Шо си во право во право си... учењето е многу полесно ко ќе имаш некој да ти покажи или да ти даде некој пример кога ќе заглавиш.

А ако сакаш да учиш ДИЗАЈН како дизајн (било веб, било графички) тоа е трета работа. Само дизајнот е стриктно фотошоп и илустратор, без математика, чисто скицирање. Немој да мислиш дека во ActionScript нема математика... баш напротив, целото функционирање на сајтовите, и движењата (ефектите) во Флеш се математика.
 
Гледам мн луѓе велат дека е многу јас ке кажам дека не е многу дека е малку затоа што денеска ти ке земеш за 2 пива ке учиш или ке учиш на интернет самоук али утре одиш за работа некаде конкурираш со што со две пива хаха или со збор па денес е се о имиња кога ке ја покажеш дипломата или сертификатот од курсот ке бидеш сигурно погоре на листата за примање иако можеби знаеш помалку тоа после ке се докажеш али ке имаш више шанси па после ке се надоградуваш иначе прашај колку вреди курс на Microsoft, CCNA, и слично али прашај и колку побрзо ке најдеш работа во прдност си во секоја смисла сигурно повеке од youtube.com ,google.com, и сл што и со курс можеш таму да се надградиш али имаш црно на бело битно позззззззззззззззззззззззззззззззззззззззз
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom