deXterche
тадаммм
Модерната медицина тврди дека во скоро време може да се случи животниот век на луѓето да биде доста продолжен односно, луѓето да почнат да живеат во просек над 120 години.
Ричард Милер од „Michigan University Medical School“, кој правел генетски експерименти со лабораториски стаорци, кои имаат многу сличен генетски материјал со луѓето, вели дека животниот циклус може да се продолжи за 40% со едноставно ограничување на внесувањето на калории.
Преведено за луѓе, тоа би значело дека во богатите земји, животот би се продолжил од 80 до 112 години, при што одредени индивидуи би живееле многу подолго.
Абуреј де Греј, био-медицински геронтолог од „Универзитетот Кембриџ“ оди многу подалеку. Тој верува дека првата личност кој ќе доживее 1000 години е веќе родена. Тој верува дека со употреба на „основните клетки“, користење на генетска терапија или други техники може да се случи процесот на стареење да се сопре за секогаш.
Де Греј вели дека во текот на следните 20 до 40 години науката ќе биде доволно напредната за да обезбеди „услуги“ со помош на кои смртта може да се одложи на „неопределено време“.
Американската влада секоја година одвојува по околу 3 милијарди долари за развивање на ова поле.
Кај мнозина се буди дилемата дали евентуалното продолжување на животите ќе биде добра или лоша работа.