@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.117
одлично Анчо, фала за времето што го одвои и го напиша овој интересен текст.Добро е човек да знае што имало, како било тогаш , како се славела Прочка - иако не е така оддамна , (а зборуваме и прашуваме ко да било пред цел еден век) .Јас веќе си создадов слика по твоево кажување -и можам да претпоставам дека било преубаво - плус се сеќавам братучетка моја ( која е постара од мене неколку години) имаше слики од таму сликана во селска носија на свои 2-3 години.Прочка на скопското Кале 1963-1969 година.
Секако Кул (јас толку малку знам со комјутериве,колку еве нешто да напишам)
Прекрасно беше тоа време-тие години да си на скопското Кале за време на овој празник - ПРОЧКА
Мислам баш таа цик-цак патека што сами си ја направија поситителите на Калето,а беше веднаш лево над бившата зграда на ЦК,каде сега е тој надвозник,а се познава местото што тие ѕидини се сега со нов камен ѕидани,а оној ѕид понатаму на источната страна кон кривината не падна и се уште е опстојува. Но таа патека прв јас ја користев,качуваиќи се на Калето да берам гранки од самоникливите багреми за моите зајци,ги имав стотина.Колку се израдував кога отворив една тема за „Скопје“ во македонски градови мислам и ја видов таа фотогравија со единствената куќа под Калето,каде беа и единствените наши комшии долги години по земјотресот-Срби.Многу добри луѓе и често ги спомнувам во темиве, а секако и баба Зора и нејзината пита од афион.Нека ми се јават правнуците ако случајно ова го читаат.
Таму од високите неколку дрва не се гледа и нашата куќа. А Калето е во целост во кадро.
Нели почнав да пишувам јас за Еврејското мало но престанав а треба да продолжам-но кого ли го интересира за Еврејското маало,рибарницата во Маалото,чешмите и др.
Еден наслов за ова Маало ќе гласеше и вака: Бунарите во Еврејското маало. Е кога сме кај нив еден беше и на Калето, и се уште е таму сигурно.Јас бев секој ден на Калето,да не речам и по цел ден. Во тој бунар со голема длабочина до нивото на Вардар ние деца а се најдеме таму обавезно ќе фрлавме внатре камчиња и ушите ги лепевме на железната решетка за да чуеме кога камчето ќе падне до доле и ќе тропне,а богами помонуваше долго-долго време додека го чуеме звукот од оздола.
Кој бил тие години на скопското Кале на овие прослави за празникот ПРОЧКА,сигурно добро се сеќава на големите шарени шатори,
и огромните звучници пред нив на некој столб,од кој на „српски јазик“ се повикува рајата-поситителите да присуствуваат на тие внатрешни забави во дотичниот шатор. Најповеќе имаше турканица на преставата наречена „ЅИД СМРТИ’“
Поточно ова не беше шатор како другите,туку еден дрвен голем цилиндер и доста висок, а внатре поточно прво надвор пред него еден силен мотор со заглушувачки уште посилен звук - уште поточно врева и бука која ги привлекуваше муштериите и ги повикуваше да земат билет,бидеиќи веќе е полно и преставата ќе почне. А сега за внатре,таму пак три такви силни мотори се забрзуваат и се искачуваат по ѕидот на смрта и возат цик-цак,односно еден врз друг, а публиката-гледачите се најгоре на арената.....
-----------------------------------
продолжува попосле: Што имаше во другите шатори и зашто во еден беше забранет влез за деца ( ама јас скришум влегов и видов)
_Што тоа виде Анчо во овој шатор на скопското Кале, а беше забрането,дали некој ќе погоди.









