Прочка

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Денес е Прочка.

Овој празник пред Чесниот пост е устроен за да потсети на духовниот карактер на постот. Денеска помладите бараат прошка од постарите... денес е денот кога треба да се извинете за грешките, да се покаете и да побарате простување. Значи денеска соберете се на мрсна трпеза, поминете го празникот со најблиските, побарајте прочка од нив а од утре натака пост. Велигденски 40-дневен пост.



/Проштевајте и проштено.
/Прости ми да ти простам.
 
Баш се мислев дали има отворено тема за денешниов ден.Браво Јове!!! Кајганџии простете ми...
 
Денес побарав да ми простат од сите постари од мене.Него... за мрсната трпеза ќе те послушам ама за постот ќе видиме тоа :pos:
Простете ми и мене ако сум ви грешила :)
 
барав прошка од постарите,барам прошка од кајганџиите..и сите остали на кои сум згрешила и некако сум ги повредила,проштевајте..помладите..простено ви е:pipi:
 
Aloo, ima lanska tema, a e otvorena pak.
Pa...gledajte.

Nejse, prosteno neka vi e.
 
Простете ми , ако сум ви згрешил :)
 
Нека ми простат сите на кои што сум им згрешил. Нека ми прости Бог за глупоста моја.
 
Интересна тема... Барам прошка од сите кои сум ги навредил и за она што најавив, а не дојдов на собиранка. Исто така на сите ви е простено од мене.
 
Секогаш имам добри аргументи за одбрана и добри аргументи за напад.

Ама на прочка не се бараат аргументи нити факти нити докази.
Затоа ја барам од вас, ако некаде сум згрешила.
Јас веќе сум простила...
 
Простете ми ако сум ви згрешила нешто и сум ве навредила.
И простено ви е.. :)
 
Барам прошка од постарите и од сите постари кајганџии ако сум и згрешил. .. а на помладите.. проштено ви е.. (=
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom