Проценка на конфигурации и помош за купување

  • Креатор на темата Креатор на темата Indy^_^
  • Време на започнување Време на започнување
Ма нема теоретски шанси он да игра на 19 инчен монитор све на хај со таа графичка. За 22 инчен монитор да не збориме - слајд шоу на секоја игра. :)

Aко де да не навлагаме во детали сеа, пак ќе ме праат дека многу прибирам, знам дека неможе ама ај :)
 
^ Нема шанси тој со 8500 да игра со се на хај и највисока резолуција ( на 19 инчен монитор ).
 
Јас ти зборам за ситуација во која ти би пробал да ги играш истите тие игри што ги играш сеа, на 22 монитор па да видиш дали ќе ти лета, тебе не ти сецка зашто имаш мал монитор т.е. ниска резолуција. И да нема теорија да бил пред 2 години 22 инчен монитор 21000 него бил најмногу 10000.

Мојот беше 13 000 ...

Не знам како да ве убедам дека игрите шо ги набројав ги иам играно на хај... а у моментов не ми е ни важно...

Дали имате некоја корекција, потврда за конфигурацијата на мастер ?
 
Te изгореле како никој, ај напиши кој модел на монитор го имаш точно? :)

Го позагледувам ама ништо не пишува a фактурата и гатанцијата ми се фрлени пошо помина се тоа... LG марка е а за модел немам поим, знам дека исто LG поголемите беа од 18-21... а иначе моментално го иам најновиот проспект од AMC и 22 инча Samsung е 11 илјади -.-
 
Ја купив BenQ Full HD LED 22" за 7.500 ден. (пред 1 месец)
 
Го позагледувам ама ништо не пишува a фактурата и гатанцијата ми се фрлени пошо помина се тоа... LG марка е а за модел немам поим, знам дека исто LG поголемите беа од 18-21... а иначе моментално го иам најновиот проспект од AMC и 22 инча LG е 11 илјади -.-

И тоа е прескапо, 22 инчи треба да биде најмногу 9000.
 
Зимај ја конфигурацијата што ти ја препорача мастер. Нема да згрешиш, верувај!
 
Ја купив BenQ Full HD LED 22" за 7.500 ден. (пред 1 месец)

Гледав еден BenQ G2222HL (вака нешто беше) изгледа тоа е тој модел. Задоволен си од сликата?

Како што гледате сите имам Samsung 740BF и мал е 17 инчен и се мислам дали на лето да го мењавам....

--- надополнето ---

BTW Psyside ги има ли кај нас тие Dell со IPS панел? (конкретно U2311H)
 
^ Го има и на ценовникот на Vortex , 12700 мислам дека е.. незнам дали го имат на лагер само.
 
Гледав еден BenQ G2222HL (вака нешто беше) изгледа тоа е тој модел. Задоволен си од сликата?

Како што гледате сите имам Samsung 740BF и мал е 17 инчен и се мислам дали на лето да го мењавам....
BenQ G2222HDL - поточно. И да, задоволен сум од сликата. И тоа бајаги. Стварно ме импресионира мониторов. За парите кои ги дадов гајле немам. Мене уствари ми беше во план да го земам LG W2253TQ, кој беше 9.000, ама на крај испадна овој и воопшто не ми е криво што не го земав LG-то.
 
BenQ е многу подценет бренд :)
 
Епа ќе видам како ќе ми се движи буџетот, ако е ептен кнап ќе го земам BenQ-то, али ме мами Dell-ов со IPS панел... слатки маки :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom