Проблеми што денешните деца никогаш нема да ги разберат (90's and 00's problems)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Ова уште една од оние носталгични теми, најдов мемиња поврзани со оваа тема, па може да си направиме една тема со “проблеми“ од 90тите и почетокот на овој милениум. :D Сличен принцип како First world problems. :D

Што ви беа најголемите проблеми порано? :D

Еве ги мемињата, вие не мора со мемиња може и со реченици. :D

slide_237530_1201307_free.jpg

slide_237530_1201308_free.jpg

slide_237530_1201309_free.jpg

slide_237530_1201310_free.jpg

slide_237530_1201311_free.jpg

slide_237530_1201312_free.jpg

slide_237530_1201313_free.jpg

slide_237530_1201314_free.jpg

slide_237530_1201315_free.jpg

slide_237530_1201316_free.jpg

slide_237530_1201317_free.jpg

slide_237530_1201318_free.jpg

slide_237530_1201319_free.jpg
 
Ги изгуби другарите во гужва? Со среќа наоѓањето, бидејќи никако не може да искомуницираш со нив.

Добра песна на радио а не знаеш која е? Чекаш да го кажат бројот на радиото, за да се јавиш и да ги прашаш.

Сакаш да гледаш некој нов филм? Плаќаш за 150 денари за DVD за филмот со кино снимка.

Сакаш да гледаш смешни видеа? Чекаш да дојде недела и да гледаш „Најсмешните видео инсерти“ со Боб Сагет на МТВ1.

Чичко пушти летки? Политичка кампања.
 
Сте остареле дечки, кај ви е младоста?
 
Тоа како кога му кажував на комшичето од 4 години дека ние ко растевме немавме интернет, а оно ме праша: A колку време го немавте? Падната беше мрежата?
 
Абе не е малку рано за средновечна криза? :confused:
Лелеее Боже, ај добро...
Никој не збори за криза или дека се осеќаме старо, збориме за разлика во генерации и интересни и смешни “проблеми“ на кои ние како деца налетувавме.
Никој не рече дека се осеќа стар.
Има причина зошто ја отворив темава во ЧДА, а не во Филозофија или Општи муабети...
 
Нема да се осеќаш старо ако те потсетат дека на форумов си се зачленила пред повеќе од 7 години? :D
 
Нема да се осеќаш старо ако те потсетат дека на форумов си се зачленила пред повеќе од 7 години? :D
Леле ќути си, више влагам у категорија ветерани, баш пред некој ден на некоја тема тоа го напишав.:pos:
Колку брзо лета времето, кога ќе го видам она 2007 од страна, чудно ми е...:ROFLMAO:
 
хахаах проблеми од 90 сети !!
90 сети имаше интернет, јас имав своја веб страна (преку Унет) во 96 ста...
да отворам јас тема кога и фиксни телефони немаше секој и само 2 програми на ТВ и во цело друштво од 30 сетина само еден имаше виддео плеер, јас имав стерео касетофон (за разлика од другите кои имаа моно или воопшто немаа) Пони точак беше превозно средство а сите забави и кафиќи завршуваа во 10 навечер пробите ги правевме во визби и гаражи со акустични гитари со магнет приклучени на стари радија а престава за компјутер ни беше од фолмот Одисеја 2001.....
деца...
 
Не мора да се само 90ти и 00ти де, секој од своето детство и младост може да си каже. :)
 
Не мора да се само 90ти и 00ти де, секој од своето детство и младост може да си каже. :)
Проблем станува кога ќе го споредиш со денешницата, инаку во 30 сетите не беше проблем што немаше ТВ, не знаеа луѓето што е тоа, во 70 десети не се чуствуваше проблем што нема мобилни телефони или интернет во 80 десетите. И нашето денешно време накој за 20-30 години ќе го гледа со подсмев и вели “замисли кутрите пола сат еден филм му требало да спушти и то на бедни 1080р... еееј со гигабајти се расправаа кутрите..... како живееа со тие примитивни ајфони и галакси,,,,“ ќе им изгледаат патетично работите со кои денес се гордееме...
 
Јасно де, никој не рече ништо поинаку, темава е замислена да биде за забава, чисто онака.
Мене некои работи што ми биле проблем порано, денес ми се смешни, тоа е нормално, еволуција, технологија, развој.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom