Проблематични лоши деца.

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
... ако децата се малолетни и не подлежат на директна прекршочна одговорност, родителите се законски одговорни за постапките на своите деца и можат да бидат казнети за занемарување на родителската грижа и за поттикнување на нарушување на јавниот ред и мир, не само во одредено време, туку во било кое време (дури и надвор од официјалните часови за одмор од 15:00 до 18:00 и по 23:00).

... кога бучавата, викањето и лупањето со топки се неподносливи, да не може човек да се одмори или да седи во сопствен стан или куќа сеедно, треба да се повика и пријави на бројот 192, полицајците се должни да излезат на терен, да ја утврдат состојбата и да направат службена белешка, според Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, ако малолетник стори прекршок, казната се изрекува на родителот или старателот кој пропуштил да изврши должен надзор над него, посебно ако нема разбирачка ниту со родителот кој и покрај опомената дури ги потикнува малолетните деца уште повеќе да прават галама како за инат!

... бидејќи родителите активно ги поттикнуваат децата да викаат уште посилно, тие директно вршат прекршок на јавно место со предизвикување на негодување кај граѓаните, за што се предвидени прекршочни казни од 50 до 400 евра.

...доколку други соседи од страв не реагираат или куќниот совет е инертен за пријавите да не поминат само како „соседска расправија“, се прават кратки видео записи со телефон од прозорецот каде јасно се слуша интензитетот на бучавата и викањето, со што им се дава до знаење дека истите ќе бидат пријавени во полиција за секојдневно вознемирување на јавниот ред и мир и доколку и тоа се занемари, се поднесува писмена пријава во полициската станица со архивски број за истата.

... ова го пишувам од лично искуство и совет како да постапам, па сега сум во фаза на мирување зошто од кога ги снимав со телефон нивното намерно викање и провоцирање со лупање на топката ги нема, сите молби, мерки објаснување ги применив, џабе, како беснило да имаат фатено, па им дадов до знаење на родителите кои седеле задоволни настрана (нивните станови им се понатака во мирна зона, а не каде вриштат нивните деца) дека ќе бидат ТИЕ пријавени во полиција за ова вознемирување на нивните невоспитани деца, сеуште не се појавени да продолжат со лупање по старо темпо секојден, така да ако не се реагира и се трпи, нема да има крај и све на полошо, не верувам дека се смирени, секојден ги чекам пак да продолжат, ама пак написмено ќе ги пријавам, нема веќе што да се разберам со неразбрани нека го прават тоа институциите, посебно и пријава до Центарот за социјални работи како исто ефикасен правен документ поради занемарување на родителската грижа, со неодговорни родители кои наместо да ги смират децата напротив ги оправдуваат и потикнуваат нивното несоодветно однесување нарушувајчи го јавниот ред и мир!

... дел се добро воспитани деца, дел се (како што пиша и опиша еден член на форумов, деца направени од „мочка“ со се' учителката која мислам дека е тотално несоодветна за таа детска популација,- „душо“ дома да каже на мажот, глупача, затоа излегуваат недоквакани генерации, лошотилоци, невоспитани, неказнети, размазени, па одозгора никој ништо не им може! :facepalm:



...догледајте го видеото да ги видите тие деца направени од „мочка“ за што се способни, да дадат лаксатив бомбона за прочистување онака како за шала, а учителката данбетер од нив, таа не знам од што е направена! :facepalm:
 
Последно уредено:
... кога бучавата, викањето и лупањето со топки се неподносливи, да не може човек да се одмори или да седи во сопствен стан или куќа сеедно, треба да се повика и пријави на бројот 192, полицајците се должни да излезат на терен, да ја утврдат состојбата и да направат службена белешка, според Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, ако малолетник стори прекршок, казната се изрекува на родителот или старателот кој пропуштил да изврши должен надзор над него, посебно ако нема разбирачка ниту со родителот кој и покрај опомената дури ги потикнува малолетните деца уште повеќе да прават галама како за инат!
Минатото лето вртев на 192, да пријавам еден пациент од соседите. Ми се јави полузаспан лик и ми вели дека не биле надлежни до 23.00ч.

Пријавив и во општинската инспекција и еве веќе година дена чекам да дојде инспекторот...:icon_lol:
 
Минатото лето вртев на 192, да пријавам еден пациент од соседите. Ми се јави полузаспан лик и ми вели дека не биле надлежни до 23.00ч.
Пријавив и во општинската инспекција и еве веќе година дена чекам да дојде инспекторот...:icon_lol:
... Полицијата има законска обврска да интервенира за нарушување на јавниот ред и мир со бучава во секое време од денот и ноќта. тоа што одговорил заспаниот дежурен полицаец дека „не се надлежни до 23 часот“ е негова дезинформација или неразбирање мешајќи ги сопствените надлежности со оние на Пазарниот или Комуналниот инспекторат, кои го контролираат работното време и гласната музика во кафулињата и рестораните.
... нарушување на мирот (член 8 од Закон за прекршоци против ЈРМ) ЗАКОНОТ експлицитно казнува секој кој го нарушува мирот, одморот и вообичаениот начин на живеење на граѓаните на јавно место или во станбени објекти, во законот не постои временска рамка (како на пример „дури по 23 часот“) која дозволува да се прави неограничена бучава, ако куќниот ред најчесто предвидува строг мир во периодот од 15:00 до 17:00 часот и од 22:00 (или 23:00) до 06:00 часот, сепак, екстремна бучава, викање, караници, гласна музика или реновирање што го попречува нормалното живеење е прекршок и во 12:00 часот напладне или било кое време.

... тоа е лошо што ние сите граѓани не ги знаеме законите на институциите ниту процедура сами да се справиме, а и никој тоа не ни го кажува, објаснува, не не' учи, затоа што не им одговара на тие институции, колку да им помине денот или дежурството, затоа треба секој да знае дека секој повик на бројот 192 се снима и кога ќе ни кажат дека „не се надлежни“, треба да се побара службеникот да се легитимира со своето име или службен број и да се запише повикот како официјална пријава, затоа што тие се единствена институција која има овластување да влезе во објект и да го легитимира лицето кое прави неподнослива бучава и дека пријавуваме „нарушување на јавниот ред, мир и спокојство на граѓаните во станбена зграда“ (а не само ситна комунална бучава), затоа ти велам треба да знаеш како требашеда му кажеш на заспаниот дежурен полицаец, па нека не реагира после, затоа што ако упорно одбива да интервенира за очигледно нарушување на мирот и пред 23ч, можете да се поднесе поплака до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР поради одбивање на вршење на службена должност.

... ако бучавата доаѓа од (приватен) деловен простор или занаетчиски што му текнало во недела да чука лимарија на пример, бам бум цел ден бучава, пријава може да се даде до општинскиот Комуналниот инспектор.

... доколку нема реакции ни од општината (година дена е многу) се оди на повисоки механизми кои правно ги обврзуваат да постапат, како што е еден службен емајл до Народниот правобранител кој е најефикасното оружје против администрација која „молчи“, тој има законско право да влезе во општината, да побара увид во предметот и „да ги казни“ за неработење, ако општинскиот инспектор не си ја врши работата, тој подлежи на контрола од Државниот инспекторат, пријава до ДИЛС во која ќе се наведе дека Општината покажуваат „молк на администрацијата“ и одбиваат да спроведат инспекциски надзор за бучава цели 12 месеци. :toe:


... следниот пат кога соседот ќе прави врева пред 23 ч, сними видео со телефон каде јасно се слуша бучавата од стан (по можност да се гледа и часовник/време на снимката) и јави се повторно на 192, ако пак кажат исто, ти смирено кажи им: „Ве молам кажете ми го вашиот службен број, го снимам овој разговор и веднаш ќе поднесам пријава до Внатрешна контрола за одбивање да интервенирате по Член 8 од Законот за прекршоци против ЈРМ.“ - најчесто по оваа реченица веднаш праќаат патрола. (така ме советуваа, така ти давам совет).:)
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom