Здраво.
Значи вака, имам 21 година и имав 1 степен на фимоза. Значи во нормална состојба главичката ми излегуваше без проблем, но, во ерекција, многу тешко и болно. Бев на урологија, а потоа имав хируршка интервенција. Се знае, ми ја отстранија кожичката. Ми ставија конци и ми рекоа дека тие конци не се вадат во амбуланта, туку дека сами ќе паднат со тек на време. Хируршката интервенција ја имав овој месец, на 10ти, а сега е 17ти и колку толку раничката е зарасната. За третман ми дадоа едни антибиотици против инфекција и дијазепам за да можам да ги контролирам утринските ерекции за да не ми пукнат конците, го држам во чај од камилица 2 пати на ден по 20тина минути и еден спреј со кој се прскам по 4 пати на ден (спрејот се вика Виоплекс - Т). Проблемот е што на 2ри јуни патувам во странство а на 10ти јуни почнувам со работа...до 2ри има уште 15 дена а до 10ти има уште 24 дена. Ме интересира дали некој знае за колку време би требало да ми паднат тие конци и дали тоа е доволен период за да се опоравам и да можам да работам без потешкотии?
Ви благодарам однапред....<3