Фан на Интер
Rasturac na ZABAVI
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=628101054119&id=12&setIzdanie=22019
Според МВР, четворица штипјани кои биле дел од бандата, биле фатени додека се обидувале да извлечат пари од банкомат со лажни картички
Над 300.000 евра е сумата пари што организираните сајбер-криминалци во изминатите шест месеци со фалсификувани кредитни картички ја извлекле од банкоматите на неколку македонски банки, покажуваат неофицијалните статистики на МВР.
Пари од банкомати во изминатите шест месеци влечеле македонски, но и поголем број бугарски државјани, кои во неколку наврати беа фатени со цели арсенали лажна пластика и специјални направи т.н. „скимери“, кои ги монтирале на банкоматите и со нив ги снимале податоците и пин-кодовите на банкарските клиенти. Не е непозната ниту соработката на македонските и на бугарските криминалци во овој софистициран вид на крадење пари, а последната ваква спрега беше откриена завчера во Штип.
Така, петмина штипјани и тројца бугарски државјани од вчера издржуваат по триесет дена притвор, дел во затвор, дел во домашна атмосфера, оти се осомничени дека изминатите десетина дена празнеле банкомати во неколку градови во земјава.
Како што инфомираат од МВР, станува збор за штипјаните Л.Ј.(32), В.Г.(31), Н.П.(21) Р.Т.(21), И.С.(18) и нивните бугарски ортаци А.П.(32) Н.В.И.(32) и И.К.(33). Против сите осомничени членови се поднесени кривични пријави со кои тие се товарат за изработка и употреба на лажна платежна картичка и соизвршителство, а според пријавата само И.К. бил осомничен за помагање.
Наредните триесетина дена, според одлуката на истражниот судија, во притворска ќелија ќе ги поминат првоосомничениот Л.Ј. и тројцата бугарски државјани, а останатите четворица осомничени крајот на истрагата и евентуалниот почеток на судскиот процес против нив ќе го чекаат во домашен притвор.
Осомничениот В.Г. е полициски службеник, кој е под суспензија оти против него се водат постапки, за злоупотреба на службената положба, грабнување и разбојништво. Тој беше еден од осомничените штипски полицајци, кои лани во октомври грабнаа велешанец од кого се обидоа да изнудат 8.000 евра, за да не го пријават за трговија со дрога.
Според полициската истрага, организатори на групата биле Л.Ј. и Бугаринот А.П., кои ги набавиле лажните картички најверојатно во матичната земја на вториот, а потоа со нив ваделе пари од банкомати во Штип, Скопје, Радовиш, Охрид, Велес и во Кавадарци. Потоа во орото влегол и суспендираниот полицаец, кој од двајцата осомничени организатори добил дел од картичките. Тој потоа во групата ги „врбувал“ останатите штипјани, на кои им ги поделил картичките. Тие биле задолжени да оперираат по банкомати, и според договорот со В.Г., мал процент од парите задржувале за себе, а остатокот му го давале на полицаецот.
По извршените детални проверки, полицијата утврдила дека групата за десетина дена успеала да изврши дури 110 успешни трансакции, од кои ќарот бил над милион денари.
Веднаш по акцијата, полициски екипи со обезбеден судски налог извршиле претреси во домовите на штипјаните и местата каде што биле сместени бугарските државјани и заплениле 53 фалсификувани картички, 2.620 евра, 5.000 денари, мобилни телефони и компјутери, кои се дадени на вештачење.
Од МВР додаваат дека истрагата на нивните екипи од одделот за борба против компјутерски криминал продолжува понатаму, оти постојат сомневања дека во криминалот биле вмешани и други лица.
Пленот со кој сајбер-криминалците успеале барем за кратко да се офајдат во изминатите шест месеци е четири и пол пати поголем од оној регистриран во текот на целата 2008 година, што само по себе говори за експанзијата на овој криминал во нашата земја.
Минатата година, за шест месеци сумата од илегални трансакции изнесуваше околу 15 милиони денари, за на крајот од годината бројката да биде заокружена на околу половина милион евра. Ако се земе предвид дека за истиот период, годинава од банкоматите илегално биле извлечени 18,5 милиони денари, можно е на крајот од 2010 година анализите да констатираат нов рекорд на украдени пари од сајбер-криминалци.