Природна козметика

  • Креатор на темата Креатор на темата Artemisia Vulgaris
  • Време на започнување Време на започнување
Природна маска за осветлување на темна коса? Совет ?
И камилица исто било ефикасно, на другарка ми и успеало.

Иначе за маска за лице ја користам глината на виталија.. глината се меша со малку вода и се прави смеса, се става на лице и се чека да се исуши глината. После лицето е ептен меко и мазно (y)
 
Само ти радувај се дека црнки по лице ќе ги извадиш со краставица или дека акни ќе исчистиш со лимонов сок...
(y)
Сум немал, немам и се надевам дека ќе немам некои големи проблеми со лицето, но кога имам бубулица на лицето премачкувам во денот два пати со сок од лимон и следниот ден е исушена. А краставицата ги чисти црнките, бар кај мене.
:)
 
За осветлување на косата, дефинитивно чај од камилица. :D И уште ако додадете лимон... таман. :D
Знам и на моја другарка и' успеа. Памтам ми рече дека го сварила чајот, чекала да се излади и после го нанела на косата. Ама дали требало да отстои малку чајот на косата, па да се премие, или пак да не се мие... поима немам. :toe: Сигурно пишува некаде на интернет...

Инаку друга другарка ми рече со четка за заби (која не е користена) и паста да се триеле црнките и така ќе излезеле. Везе нема. Или јас грешно разбрав или стварно не успева, не знам. :D
 
Наместо ленти за отстранување црнки, желатин и млеко. Лажица желатин и лажица млеко, правите паста, затоплувате и нанесувате на претходно исчистена и „испарена“(седите под пареа 10 минути) кожа. Откако ќе се исуши, извлечете внимателно.

Маска од куркума, мед и млеко за сјајна кожа(некои викаат дека помага и против акни). Оваа особено ја обожавам!
Не ја користете пред излегување, куркумата може да ви ја обои кожата. Без гајле, се мие бојата. :D
 
Мaскa/смесa нештo зa хидрaтaцијa нa сувa кoжa нa лице? :)

И јас имам сува кожа. Кокосовото масло многу ми помогна и ми помага, затоа го „рекламирам“ цело време.
Сега ќе ти кажам што ми се случи пред две години. Ставив бланш на шишките, си изгорев и коса и кожа. Кожата прво почна да ми се лупи на местото каде што го имав бланшот, а потоа истото ми се продолжи на еден мал дел од челото и одма до веѓата. Немам појма зошто и на овие места, немаа врска со бланшот. Сѐ и сешто пробав, ништо не ми помогна. Си ја исушив кожата скроз! Таква очајна(одвратно ми изгледаше, перут на лице) и покажав на една пријателка, оваа се исплаши дека ми се проширило и ми рече да одам на лекар. :D На крај писнав само со кокосово масло, 2-3 пати на ден. Во рок од недела-две сѐ ми се нормализираше, исто како да не било. Го обожавам и не го менувам за ништо.
 
Тие што предложуваат лимон треба да бидат тепани со прачка.
Прво да разјазниме дека лимнот, т.е сокот од лимон е киселина. Што значи дека ако го ставите на лице ви ја заебува природната пх вредоста и ја иритира кожата. Особено ако по некоја лудост одлучите со сок од лимон да излезете на сонце. Сонцето го зголемува делувањето и може да дојде до хемиски изгореници. Ја суши косата, ја суши кожата...

Единствен начин да користите лимон на кожа е
1. го сечете лимонот
2. го цедите сокот и го ставате во чаша
3. додавате вода
4. додавате шеќер
5. го пиете.

НЕ КОРИСТЕТЕ ЛИМОН НА КОЖА ИЛИ КОСА!!!
 
Малце се гадни сликиве ама еве да видите што се случува со кога со лимон се изложуваш на сонце, во случајов типот правел мохита на сонце.

 
Природна маска за осветлување на темна коса? Совет ?
не ти треба маска....3% хидроген (за чистење рани) ...помини ја косата после миење...можеш и скалпот...сосем е безбедно ( внимавај на очи)...еднаш неделно...ќе ти ја осветли косата без да ја изгори или оштети.....проверено
 
Сакав да ве прашам иам многу црнки на лице и ми се праат многу бубулици со флеки и незнам што да правам. Може совет ?
 
Кантарионово масло........, неверојатно лечи ранички, ја обновува кожата и ја подмладува:)
 
Da se mackam so kantarionovo maslo samo ?
 
Da se mackam so kantarionovo maslo samo ?
Ова со кантарионовово масло не беше одговор на твоето прашање. Иначе јас за чистење на црнки користам краставица, а за чистење на лицето од бубулици користам сок од лимон или паста:)
 
Рицинусово масло за забрзување на растот на косата. Се мачка косата и се масира коренот пред секое миење и оставете да стои најмалку еден час.
Два пати имав искуство со ова. Еднаш кога ставив вештачки трепки и со нив си ги откорнав и моите, втор пат сега со косата кога решив да тестирам на косата дали ќе има ефект. Сликав за да направам споредба. Не само што ми порасна побрзо косата, туку и ми се подобри квалитетот на влакното.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom