- Член од
- 12 февруари 2014
- Мислења
- 7.976
- Поени од реакции
- 25.639
Имаме ли нешто слично на форумов?
Додека седам со маска на главата, составена од природни продукти, решив да ја отворам темава.
Тема во која ќе можеме да размениме совети и рецепти. За сите оние кои сакаат да намалат или во целост да се откажат од хемикалиите кои ги содржат козметичките препарати, да најдеме соодветна замена за нив.
Ќе започнам со маската која ја користам моментално.
Маска за коса од кокосово млеко, јајце и мед.
Ги мешате овие состојки и додавате Е витамин. Ја нанесувате на коса, виткате со фолија и оставате да делува што подолго. Маскава е одлична за сува и оштетена коса, но го подобрува квалитетот и на нормалното.
Веќе подолг период ги заменив кремите, млеката и лосионите за лице и тело со маслиново масло. Не само што одлично мириса, туку и ја прави кожата мека.
Аргановото масло е одлично против брчки.
За ексфолијација одамна користам шеќер, сода бикарбона, сол, овес...
Ќе надополнам и понатаму ако има интерес.