Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
ОБРАЌАЊЕ ДО ЈАВНОСТА

Почитувани,

Ние граѓаните кои се обединивме под слоганот "Стоп за полициската бруталност" денеска се собираме по повод 40 дена од смртта на Мартин Нешкоски да го искористиме своето право на протест и да потсетиме дека сеуште многу прашања се неодговорени и бараме да ни се одговорат.

1.Психосостојба на вработените во МВР
Освен приватно, државна заштита од психолог за припадниците на специјалните единици немало досега - изјави Кронислав Мантароски, претседател на Независниот полициски синдикат во Македонија.
http://daily.mk/cluster3/603eda0c2e3d702d798e9911610f531c/769158
Тигрите боледуваат од поствоен синдром - изјави генералот Стојанче Ангелов, некогашен заменик командант на оваа елитна единица на МВР. Тој додаде дека на специјалните единици им е потребна професионална помош.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=676BCA8B4B18F44A8F30A6CC59524C8E
Весникот Вест пред повеќе од две недели објави дека 60 припадници на специјалните сили паднале на психо тестовите. Ако тестовите се одржуваат со исто темпо, а нема причина тоа да не е така, до сега треба да има голема бројка припадници на МВР кои ги направиле тие контроли. Нас не интересира резултатот.
Понатаму не интересира што ќе се случи со припадниците кои ќе го паднат тестот. Веројатно ќе имаат прилика втор пат да го полагаат. Ако и втор пат го паднат? Ќе бидат ли прераспределени? Каде? Не гледаме како би можеле да работаат во полиција и да ракуваат со пиштол ако се психички нестабилни.

2. Министерката Јанкуловска на 23 јуни објави дека случајот со лицето И.С. е завршен.
Недостасува повторно да профункционира внатрешната контрола. Кој му дал усмена наредба на лицето И.С. да работи по плоштадот по 00:00? Ќе одговара ли командното лице? Не сакаме да ни кажете што ќе утврди судот, туку што утврдила внатрешната контрола? Во што се состоела наредбата на командантот на единицата Тигри? Постои командна одговорност и таа треба да се поднесе. Познат пример, паѓа авион, министерот за транспорт поднесува оставка. Дали тој го управувал авионот? Не, но сноси командна одговорност. Тоне брод, министерот дава оставка. Може да му биде прифатена или не, но е должен да ја даде. Во случајов со МВР доколку мандатарот ја предлага министерката за нов мандат, би значело дека е задоволен од нејзината работа.
Очевидците наведуваат останати 4 полицајци. Дали внатрешната контрола се позанимавала со ова сознание? Или за сѐ се чека од судот? Ако е така која е функцијата на ова контролно тело?
Четирите забележани лица се законски соучесници во настанот доколку присуствувале на настанот а не го пријавиле случувањето. Во одговорот од министерството на барањата на демонстрантите сепак се вели на судот е процесуирана "пријава" а не "пријави".
Понатаму, првичните изјави на МВР беа дека на некое момче му се слошило на плоштадот. Ние сеуште немаме одговор кои лекари го утврдиле тоа? Според кои податоци Иво Котевски изјави дека нема траги на насилство, кој ги потпишал тие информации и го довел во заблуда, а со тоа и целата јавност?
Одредени медиуми пренесоа дека наводно причината за изјавата на портпаролот на МВР - дека на починатото лице на плоштадот му се слошило, е дадена бидејќи не бил сеуште откриен идентитетот на жртвата. Како е поврзано давање грешна докторска дијагноза со непознавање на идентитетот на жртвата? Во иднина погрешно информирање од страна на МВР не смее да се случи, без разлика кои се мотивите. За ова треба да се одговара и тоа директно оној кој лажно соопштувал и оние кои му ја дале таа информација.
Доколку го имале оттисокот на Мартин во датабазата, бидејќи одредени медиуми тврдеа дека Мартин имал криминално досите, неразбирливо е како им требало толку време за да го идентификуваат? Како дополнително прашање се поставува кој им ја даде на медиумите информацијата дека Мартин има криминално досие? Како оваа информација е релевантна за она што се случи? Имаат ли трошка совест оние кои на ваков начин се обидуваат да го одвлекуваат вниманието на јавноста?

Зошто не постои коректен однос спрема луѓето кои што секојдневно протестираат. Зошто се маркираат, демонизираат, снимаат од страна на инспектори на МВР и им се врши притисок? Зошто власта се плаши од критика? Ние не сакаме да ја смениме власта, ние само сакаме да подобриме одреден општествен аспект. Во секое демократско општество потребен е коректор, кај нас тоа е очајно потребно.
Ако идната влада е реформаторска и посакува подобра Македонија, тогаш треба да го преиспита својот однос кон граѓаните и кон она што го укажуваме. Нашите барања се основани. Ако и сакаат добро на оваа земја треба да ги разгледаат и да поработат на дупките во системот, а не на тоа како да ги оцрнат оние кои укажуваат на нив.

Очигледен пример на нееднакво третирање на граѓаните на Македонија при нивното право на изразување на протест е фактот што кога ние сакаме да протестираме пред МВР не пречекува полициски кордон, а кога друга група сака да протестира пред седиштето на главната опозициска партија, тие не се попречени да ја поминат истата рута. Кој е критериумот за селективното попречување на уставно гарантираното право на слобода на движење? Мислите дека тоа е случајно?
Зошто тогаш светлата зад спомен куќата кај Мајка Тереза беа изгасени само кога таму се наоѓаа демонстрантите. Секој друг граѓанин има можност да престојува во атарот на објектот и да биде целосно испочитуван, а ние кои што се залагаме за подобрување на нашата држава не третираат како отпадок? Со што тоа сме заслужиле?

3. Полициски правилник
Правилникот на внатрешната контрола на МВР е многу интересен за анализа.
http://www.moi.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=130

3.1.Не интересира мерливоста на делата?
За исти дела имаме различни казни, кои се критериумите?

3.2. Дополнително бараме да ни биде објаснет аршинот според кој е скроен правилникот.

Имаме случаи кога користење на мобилен телефон или лап топ, или не дај боже пуштен телевизор во работно време е пострашно од физички напад на малолетно лице. Мавај по малолетници, па ќе добиеш предупредување, ама немој да ти текне да се јавиш на приватен мобилен, затоа што може да ти скратат и по 15% за четири месеци.

Поради ова бараме средба со раководителот на внатрешната контрола, ако тие не знаат како да спроведат реформи ние сме спремни да им помогнеме.

Со почит,

Граѓанско движење против полициската бруталност
 
Zborejki na ovaa tema so edna ne bi rekol deka e licnost, zamislete taa mi rece deka ubienoto momce dobilo po zasluga i deka sekoj dobiva po zasluga deka kakvi ti se mislite takov ti e i zivotot i slicni budalastini, i se iznervirav kako e mozno da ima luge koi mislat deka pretepanoto momce do smrt dobilo po zasluga, najdobro ke bese da kazev pa sega i on (ubiecot)ke dobie po zasluga (reductio ad absurdum).
 
Власта со контрола и врз младите ?!

петок, 15 јули 2011, 17:36


Власта ќе стави рака и врз младите и сака да воспостави целосна контрола и врз овој сегмент од граѓанската заедница, стравуваат невладините организации на предлог законот за млади што се наоѓа во собраниска процедура.

Претставниците на младинскиот сектор реагираат на нетранспарентната постапка за составување на предлог законот и велат дека и до сега секоја власт се обидувала и успевала да воспостави контрола врз студентските и средношколските организации, а сега се заканува да се партизира целиот младински сектор.

Марјан Забрчанец вели дека спорно ќе биде и спроведувањето на законот затоа што во Буџетот не се предвидени пари за негова имплементација.

Младите неодамна се кренаа на протести откако припадник на Тигрите го уби младиот Мартин Нешковски на скопскиот плоштад вечерта кога владејачката ВМРО ДПМНЕ прославуваше победа. Протестите покажаа гнев кон неправдата, но и бунт против општествената реалност во која младите се чувствуваат маргинализирани како граѓанска заедница. До сега спроведените истражувања покажуваат апатија и разочараност кај младите во однос на перспективите за живот во земјава. Поразителен факт од анкетите е дека не образованието, туку партиската книшка е клучниот инструмент за вработување.Психолозите велат дека е потребна стратегија за охрабрување на младите граѓани кои не се членови на партии, а сакаат да градат иднина во Македонија.

Инаку како куриозитет е што предлагач на законот што ќе го уредува младинскиот сектор е најстариот министер во заминување Михајло Маневски.
Извор, Алфа ТВ.

Па нормално така им одговара ...
 
Во меѓувреме,во Кавадарци ЗАКОНОТ НА ДЕЛО :
003.jpg

Во Скопје Алфовите со хитот wrong turn 1/2кружно :
snc000980.jpg
 
Само да ги известам тие што се заинтересирани дека утре настапуваме со дел од Антигона позади Мајка Тереза во 20:00 часот. Сите што сакаат да гледаат и да дадат поддршка се добредојдени!

Еве го и на фб настанот:

https://www.facebook.com/event.php?eid=133998986683895
 
Семејството на Мартин бара помош од граѓаните:

http://www.plusinfo.mk/vest/8475/Semejstvoto-na-Martin-Neshkoski-bara-pomosh-od-gragjanite

Кој има било какви информации а ја чита темава, да бил сведок, да направил слика или видео, нека прати на мејлот што е оставен. Ако не сакате податоци ваши, направете лажен меил.
 
Каква врска има ова со темава?

Темава е наменета за случајот со Мартин Нешковски. Воздржете се од други коментари кои само не оддалечуваат од дискусијата.
Можда не е директно поврзана.Добро е за споредба со казната за убиството.
 
не сум у тек , шо бидна со случајов , убиецот доби казна?
 
E zamislete sega vaka, sporedete go ova sto se sluci u Norveska so ova so temava, toj masoven ubica ubil tolku deca i ke lezi u zatvor 21 godina i nikoj nema da gi pipne, a ova detevo za nisto, go ubile od mavanje, sramota!!!!
 
Отворено писмо до Али Ахмети од Борјан Јовановски

Почитуван Господине Ахмети,


Ова отворено писмо сакав да Ви го напишам пред еден месец кога на улиците по Скопје се појавија оние млади луѓе за да го изразат својот револт од бруталноста и неподносливата леснотија со која полицијата со години наназад брутално ги гази човековите права.


Случајот со трагедијата на Мартин беше врв на таа дрскост поради што, сосема оправдано, се побунија младите. Беше задоволство, после дваесет години независна Македнија која себе си се декларира како демократска, конечно да се види масовна демонстрација на човечко достоинство. За жал протестите беа угушени исто толку брутално како што беше одземен животот на Мартин.Од вас, како човек кој направи политичка кариера во име на заштитата на човековите права, мислам дека логично беше да очекувам да изразите поддршка и разбирање за тие протести.


И тогаш ми текна да ви го пишам ова писмо. Се воздржав. Си реков ајде, можеби Ахмети, како човек засегнат од приципите, токму во тие момети е некаде со Груевски и му вели: „Слушај Никола ова вака не може да продолжи, ние сакаме да изградиме демократско општество базирано на принципи и вредности на кои почиваат ЕУ и НАТО каде што сакаме да ја однесеме оваа држава.„ Испаднав наивен и тоа по кој знае кој пат. Вашиот муабет со Груевски бил сосема за други работи. Какви принципи, какви вредности, какви бакрачи!


Е сега да Ви кажам зошто си дозволувам и си земам за право да Ви го напишам писмово. Прво поради тоа што јас, како Борјан Јовановски, поранешен портпарол на претседателот Борис Трајковски во 2002 та година сум првиот претставник на една државна институција која Ви подаде рака за да се префрлите од шумата на политичката сцена. Тоа се случи на вашиот прв прием во онаа опскурна кафеана Езерце во градскиот парк. На приемот освен мене како портпарол на претседателот немаше никој. Бранко бегаше од Вас како од црн ѓаол, а вашите сегашни партнери тогаш разработуваа тактики како да купат електрична ограда за да ве разделат вас Албанците од нас Македноците. Тоа било единствениот излез, ми велеше тогаш еден прилично битен ваш денешен партнер. На приемот дојдов по одлуката на претседателот Трајковски и претходните консултации со важни меѓународни фактори. Требаше да се превземат конкретни чекори за да ве интегрираме на политиката сцена.

Да се разбереме, не дојдов таму како слеп послушник на Борис против сопстевната воља а во име на некоја глупава кариера. Бог да чува. Дојдов затоа што бев убеден дека Вие од шумата треба да дојдете во политиката без разлика што до ден денеска не сакам да прифатам дека оружјето беше потребно за да го постигнете она што го имате.


Инаку, по таа средба во Езерце на која фрчеа наместени фоторепотери да го сликаат нашето поздравување, следуваше според планот вашата прва средба со Трајковски на приемот во „Континентал„ организиран од францускиот и германскиот амбасадор. Ја одбележуваа годишнината од франко-германското помирување. Симболичен настан на кој требаше да се случи и вашето пружање рака со преседателот Трајковски, момент кој би требало да го паметите како историски бидејќи таа голема шака на Трајковсски тогаш Ве фати и Ве пренесе во реалноста. Тогаш се отвори вратата за вашата коалиција со Црвенковски. Во организацијата на овој историски чин учестував и јас.

Ете тоа е првата причина зошто си дозволувам да ви го пишам писмово.


Сега за втората. Јас, господине Ахмети, сум син на Мето Јовановски, писател и основач на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Кога вие во почетоците на деведесеттите бевте во Швајцарија, претпоствувам беседејќи на големо за човековите права по емигрантските кафулиња на перифериите во Берн или Цирих, јас и татко ми живеевме под притисок на моќниците од тогашната владеачка структура, инаку вљубеници во ликот и делото на Слободан Милошевиќ. Добивавме сериозни закани на улица и телефон затоа што татко ми Мето е првиот кој јавно рече дека нема ништо спорно во барањето на Албанците да се образуваат универзитетски на својот мајчин јазик. Јас тогаш работев како млад репортер во А1 правејќи репортажи за афирмација на универзалните принципи за човековите права кои, според мојата маленкост, мислев им припаѓаат подеднакво на сите без разлика дали сме Македоци , Албанци...


Потоа дојдоа уште помачни времиња во кои се случија настаните во Мала Речица, па оние во Гостивар. Фан клубот на Милошевиќ во Македонија збесна. Јас заминав во Брисел како дописник на А1, а татко ми остана тука во Хелсиншкиот комитет. А1 и Хелсиншки тогаш беа единствени кои и се спротивставија на власта и отворено ја критикуваа поради бруталната примена на сила во Тетово и Гостивар прикажана експлицитно и преку репортажатаа на куќниот пријател на вашиот партнер во Владата. Куќниот пријател на вашиот партнер пред камери ги ладеше полицајците во Гостивар за да можат да продолжат да ги тепаат крвнички вашите сонародници. Револтот кој го изразивме против овој анти цивилизациски чин, ние една мала група да не кажам што (а така ми се чини гледано од оава временска дистанца), беше оцрнет на сите можни начини од истиве пријатели и пријателки, тогаш на Бранко а сега на вашиот партнер, како предавство на македонските национални интереси. Методите за дискредитација беа идентични како оние применети врз младите кои демонстираа во јуни против полициската бруталност. Јас и татко ми посочени сме како платеници на албанското лоби без разлика што исто реагиравме и кога се случуваа убиства од страна на полцијата или било какви прекршувања на правата врз било кој наш сограѓанин, без разлика на неговата етничка припадност.


Поим немав тогаш за Вас, ама знаев дека човековите права не се сируп што се дава на лажичка преку врски само на ваши родинини, туку дека се вредност која и припаѓа на цивилизацијата и во чие име имаме морална обврска да се бориме за нив.


Потоа во 98 та бев првиот новинар кој јави од Брисел дека Уставот во Македонија не го бива каков што е бидејќи реално е дискриминаторски конципиран. Истото го напишав и во неделникот „Лоби„ во јануари 2001 година. Мислев дека пости разум и дека, наместо за пушки, општеството ќе се фати за дебата која ќе не донесе до истово што го имаме денес ама без човечки жртви. Згрешив! И Вие во планина а и овие по градов си имавте ваши агенди кои немаат никаква врска со мојата наивност и верба во универзалните принципи.

Минаа години откако сте во власта и државните институции во кои се уште не можам да најдам нешто поопливо како принципиелност на пример во односот кон, за мене возвишената цивилизациска вредност какви што се човековите права. Институциите против кои вие дигнавте оружје колку што гледам во ништо не се смениле. Продложуваат да убиваат млади луѓе, продолжуваат игнорантски да се однесуваат кон било чии барања и заложби за подемократска Македонија, продолжуваат да ги оцрнуваат невладините организации како Хелсиншкиот комитет исто онака како што тоа го правеа кога тој Комитет истапи во заштита на правата на Албанците, продолжуваат масовно да дискредитираат се што мисли поинаку....и така.


Ако е така, а не гледам како ќе ме демантирате, може ли јавно да Ве прашам за што тоа се боревте вие со оружје а јас и татко ми со збор? Простете ако во 2001 година не Ве разбрав доброа Вие сте рекле дека Вас ве интерсираат само правата на Албанците со посебен акцент на оние блиски на партијата!!!


Инаку фала на прашањето, во мешувреме татко ми се повлече во себе и својата старост разочаран од неуспехот на неговата хипер активност во изминативе дваесет години за Македонија во која сите подеднакво уживаме во правата и слободите смислени од цивилизраниот свет. Што се однесува до мене, јас не се откажувам од мојата наивност или верба во некои принципи, како сакате наречете го тоа. Продолжувам да верувам дека вака, повикувајќи ја одвреме навреме свеста и совеста на вас полтичарите и тоа јавно, работите можеби и ќе се мрднат од место. Ова под услов да не Ви засмета и овој единствен медиум во Македонија во кој можам да кажам што мислам.


Ете тоа е. На крајот уште да Ви посакам што поскоро да ни се придружите во цивилизираниот свет во кој сите ние подеднакво ќе бидеме загрижени и засегнати од посегањето по било чии права. На Албанците, Ромите, Македонците, Бекиров, Мартин...


Борјан Јовановски, новинар, стечаен работник во А1 Телевизија.
 
Ова доаѓа од устата на командант на терористичка организација.Нека пуши к*р.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom