Обично блокадата иди ако немаш пред себе јасна слика за материјалот. Пример делчето кога го гледаш го владееш, но кога се во прашање сите делчиња, не ти иди слика за истите. Потребно ти е подобро поврзување на материјалот. Јас конкретно подвлекувам или со маркер, или со пенкало, зависи кога како, и кај некои зборови кроз текстот кои се потребни и клучни ги заокружувам, онака в очи да ми бодат кога ги гледам и како такви ги меморирам. Еве на пример конкретно една страна да земам, настанување на јавен долг, од страна со стерлка пишувам како прашања во стилот-Што е јавен долг, што опфаќа, поширока дефиниција за истиот и слични кратки прашања кои ги содржи таа страна, со цел уште кога ќе и се испулам на странта и ги гледам прашањата ми иди како двојно меморирање, некогаш и прашањата малечки од страна помагаат. Што значи, потенцираните зборови, подебелото подвлекување на некои реченици, странични потсетници поврзани околу истите. Последните 2 дена обично трошам добар дел од времето, разгледувајќи на содржината која сум ја учел понабрзо, и обидувајќи се да запомнам во таа и таа тема, ги имам таа лекција, таа лекција и таа. Во таа лекција то делче и то, на некој начин ги меморирам и поврзувам како една приказна.