Primera Division

Кој е најдобар фудбалски тим во Шпанија?


  • Вкупно гласачи
    293
Статус
Затворена за нови мислења.

CaMeC

Рамос - 4
Член од
18 јуни 2007
Мислења
2.266
Поени од реакции
10
Кој сака да се кладиме дека Реал ке победи во Сабота??

Реал има нов трењер Хуанде Рамос ај белки ке биде подобро со Рамос...
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Што си запнал со тоа кладење... имаш кладилница стај си ја таму. А тоа дека Реал ќе тепа... видечемо:tv:
 

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Шпанија - Тим на полусезонатa
Формација: 4-3-3.

Интересно, од Барселона има вкупно 6-мина, во сите линии: голман, двајца во одбрана, еден во средина и двајца во напад. Од Реал пак, во идеалните 11 има само еден фудбалер - Игуаин.



Голман

Victor Valdеs (Barcelona)

Сите почести за одличние резултати сезонава можат да ги добијат напаѓачите на Барселона, но фер е да се каже дека основата за сето тоа е во добрата одбрана. Голем дел за сите успеси оваа есен одат на сметка на голманот Валдес кој од сите критики во минатата сезона излезе посилен и подобар од кога било. Можеби Ето и Меси ги постигнаа головите на Ел Класико, но Валдес претходно имаше неколку одлични интервенции со кое спречи водство на противникот. Со десет примени голови, тој е најдобар голман во Примера по есенскиот дел, а на петте дерби дуели во првите 16 кола прими само два погодоци.

Одбрана

Daniel Alves (Barcelona)

Иако во основниот опис на Бразилецот пишува дека тој е дефанзивец, Дани Алвес оваа сезона се покажа како одличен во нападот. Дојде од Севиља во летниот преоден рок, почна доста бавно, но како што одминуваше времето растеше и неговата самодоверба и пред крајот на годината беше еден од најдобрите фудбалери во тимот. Со своите спринтови на десната страна потсети на игрите во претходниот клуб, постигна и два гола, а се очекува да прикаже такви игри и во вториот дел од сезоната.

Albert Lopo (Deportivo La Coruna)

Можеби не е веќе млад, но шпанскиот дефанзивец е се подобар како што поминува времето. Со своите одлични настапи, тој е еден од најзаслужните што Ла Коруња е цврсто на средината од табелата, а неколку пати беше импресивна во првенството. Ла Коруња е екипа со една од најдобрите одбрани во Примера, а токму Лопо има голема заслуга за тоа. Прими само 18 гола на 16 натпревари што е доста добар скор за екипа од средината на табелата.

Carles Puyol (Barcelona)

Ако за некој тим постои правило како треба да се однесува и да го води својот тим, најдобар пример за тоа е Карлес Пујол. Ова е неговата убедливо најдобра сезона откако го носи дресот на Барселона, а тоа се гледа и по резултатите. Особено беше импресивен во дуелот против Реал Мадрид и на гостувањето кај Виљареал во последното коло кога Барса неколку пати имаше проблеми во одбраната, но не дозволи тоа да се одрази на резултатот.

Adriano (Sevilla)

Ако во последните години Дани Алвес беше убедливо најдобриот бек во лигата, сега има голема конкуренција во Адриано иако овој игра на спротивната страна. Бразилецот е ѕвезда на Севиља во првиот дел од сезоната, а комплетно го надигра својот сонародник на меѓусебниот дуел минатиот месец. Може да игра секаде на теренот, омилена позиција му е на десен бек, но знае да влезе и во средината, а неговите продори и центаршутеви беа од голема важност за Севиља во оваа полусезона.

Среден ред

Gonzalo Higuain (Real Madrid)

Можеби не беше меѓу ѕвездите на Реал Мадрид пред почетокот на сезоната, но Игуаин созреа како играч во овие четири месеци. Одлично го надополни отсуството на напаѓач како Ван Нистелрој иако неговата основна позиција е играч за врска и како таков дојде во Реал. Се уште се паметат четирите гола што ги постигна против Ваљадолид, а на уште неколку натпревари го спасуваше својот тим. Можеби би можел до крајот на сезоната да му биде конкурент на Ето за титулата најдобар стрелец, но сега ќе има конкуренција или помош во Клас Јан Хунтелар.

Xavi (Barcelona)

Најдобриот фудбалер од последното европско првенство во Австрија и Швајцарија во досегашните 16 кола блесна со сиот свој сјај и во првенството. И порано никој не се сомневаше во неговите квалитети, но сега тој заедно со Пујол е лидер на каталонскиот тим кој по само 16 кола оствари предноста од десет бода пред најблискиот конкурент. Не е фер да се истакне некое издание на заменик-капитенот бидејќи тој беше константно одличен во сите натпревари на својот тим.

Achille Emana (Real Betis)

Откако во летниот преоден рок потроши големи пари на засилувања, беше јасно дека Бетис нема да може да ги оправда високите очекувања и тоа се докажа. Сепак, на крајот од годината, пласманот на 14. место и не е така лош, а тимот може да биде горд што во своите редови има еден од најдобрите фудбалери во лигата. Емана дојде летоска од Тулуз и многумина очекуваа дека ќе му биде потребно време да се навикне на новата средина, но не беше така. Тој е новата ѕвезда на Бетис, досега постигна шест гола, а имаше и неколку асистенции.

Напад

Lionel Messi (Barcelona)

Неговото време допрва доаѓа, но тој уште сега е можеби најдобриот фудбалер во светот. Тоа не беше спорно ниту во претходните сезони, но оваа успеа да остане здрав што претходно беше негов најголем проблем, константен е во својот тим и иако имаше неколку потпросечни изданија, како она против Реал Мадрид, има и оправдување за тоа дека сега сите фудбалери на теренот внимаваат на него. Втор стрелец е во тимот и четврти во лигата со десет гола, а и во Лигата на шампионит е на чело на најефикасните.

Samuel Eto'o (Barcelona)

Каква грешка ќе направеше Барселона ако се откажеше од својот искусен напаѓач во текот на летото како што најавуваше Гвардиола. Камерунецот својата добра форма ја најави уште на подготовките кога погодуваше скоро на секој меч, но потврда за тоа беа 15. гола во првенството со кои во моментов е прв стрелец и речиси сигурно ќе го надмине својот рекорд од 26 во една сезона, но сега и просекот му е подобар затоа што одигра 15 натпревари постигна исто толку голови.

Sergio Aguero (Atletico Madrid)

Откако го освои златниот медал со аргентинската репрезентација на Олимписките игри во Пекинг многумина стравуваа дека ќе биде уморен за настапите во Примера, но за среќа на Атлетико тоа досега не беше случај. Младиот напаѓач досега е фантастичен, постигнува голови и асистира, а успеа Атлетико да го донесе до третото место на крајот од оваа година. Можеби Диего Форлан досега е поефикасен од Агуеро, но Аргентинецот е срцето на овој тим.

Формација

Valdes

Alves Lopo Puyol Adriano

Higuain Xavi Emana

Messi Eto'o Aguero

Извор: PENAL.COM.MK
 
Член од
8 октомври 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
20
Барселона е најсилниот тим во Примера, па не ни чудно што шестмина се во идеалниот состав на полусезоната. Сите фудбалери на Барса играат инзвонредна сезона и двата трофеи се нивни (Примера и купот). Немаат конкуренти... :toe:
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
Барселона
Али мислам дека Реал е многу добар клуб без разлика на лошите резултати треба да се знае колку пати имаат земено Лига на Шампиони
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Барса без размислување! Најдобар тим во Шпанија моментално, ама ќе видиме уште колку време ќе трае одличната игра.
 
Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
Моментално се Барса без никаква конкуренција
 
Член од
24 септември 2008
Мислења
49
Поени од реакции
0
Барса без размислување! Најдобар тим во Шпанија моментално, ама ќе видиме уште колку време ќе трае одличната игра.
Што се случи боби4е ? ? ? треба да се засрамиш поради коментарите што ги пишуваше на почетокот, сега се виде кој е кој... Ги гледам Реал како се на прагот на освојување на титулата... Реал - Барса 5-0 ??? Тоа беше резултатот нели ?? :pos2::pos2::pos2: Не велам дека Реал не се добар тим, респект за нив, но оваа сезона Барселона се далеку подобри, едноставно немаат запирачки:pipi:
 

HallowHim

you'll never walk alone
Член од
14 јануари 2009
Мислења
232
Поени од реакции
5
Што се случи боби4е ? ? ? треба да се засрамиш поради коментарите што ги пишуваше на почетокот, сега се виде кој е кој... Ги гледам Реал како се на прагот на освојување на титулата... Реал - Барса 5-0 ??? Тоа беше резултатот нели ?? :pos2::pos2::pos2: Не велам дека Реал не се добар тим, респект за нив, но оваа сезона Барселона се далеку подобри, едноставно немаат запирачки:pipi:
имаат среќа затоа.....барса е тим на лузери...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom