Ако е смешно да се стави Рамос во најдобри 11, за Дани Алвеш не треба ни да се дискутира...
Иначе Пепе пред Рамос сезонава у секој поглед. Пепе ја изигра можеби и најдобрата сезона откако е во Реал. На почеток на сезона беше у лоша форма, ама од 10-то коло па наваму е прав столб у одбрана.
- Куртоа -
- Карвахал - Пепе - Годин - Фелипе -
- Ракитиќ - Модриќ - Ди Мариа -
- Нолито - Адуриз - Роналдо -
Немам никој од Барса зошто искрено никој не остае посебен впечаток сезонава, не заради тоа што сум за Реал. Се мислев меѓу Меси и Нолито, ама што знам...Селта кога и да сум ги гледал Нолито ми оставил одличен впечаток. Можда нема којзнае какви бројки, ама е еден од подобрите крила во Примера. Од друга страна, Меси едноставно не го ставив во тимот поради ептен лошите партии сезонава, нема смисла и покрај ваква сезона да биде меѓу најдобри 11 само заради тоа што е Меси. И за Роналдо би важело истото кога би трчал по 3км на утакмица.