Од сите набројани, единствено Негредо е во голгетерска форма.
Мислам дека нема да гo игра како лажна, туку класичен шпиц.
Епа тоа е наглата промена кај Дел Боске. Кај него немаше речиси никаква улога формата до „крахот“ на КК лани. Си тераше со истите проверени сили, и со премали модификации. Играше речиси со истите играчи кога сите му беа достапни на располагање.
Затоа испаѓаше/испаѓа малку дволичен кон напаѓачите, односно веќе 2-3 години нема доверба у нив. Знаеме на ЕП со какви формации испаѓаше, со Цеск како лажна деветка, а на клупа му беше дуото Негредо - Солдадо кои тогаш стандардно беа во топ5 голгетери во Ла Лига.
Од Купот на Конфедерации лани, реши да менува, имаше и притисок врз него од фановите да го стори тоа. Така прво го викна Миќу, па им даваше минути на играчи кои не добивале голема шанса во минативе години и покрај добрата форма.
Тоа најверојатно ќе се одрази и позитивно, внесување свежа крв мораше а и греота е со тие играчи кои ги имаше како „бекап“ да форсира иста веќе остарена 11ка. Но у поглед на напаѓачите многумина мислат дека сеуште е нефер, а ова беше само капак.
Коста е играчиште и игра во животна форма, но сепак голем дел го критикуваат заради ова, делумно оправдано бидејќи тоа шо важи за еден дел од тимот, не важи за друг.