Primera División 2013/14

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14 во Primera División?


  • Вкупно гласачи
    195
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Постојат ли некакви шанси Виљареал да биде казнет заради овој чин на расизам?
 
Постојат ли некакви шанси Виљареал да биде казнет заради овој чин на расизам?
Ќе бидат сигурно парично, и тоа убаво ќе ги казнат. Може и домашна публика да им забранат на некој период. Друго подрастично не ми се верува.
 
Бетис(100%) и Ваљадолид(90%) се патници во сегунда. Третиот билет би го резервирал за Хетафе. Осасуна мислам дека повторно ќе се спасат.
 
Бетис(100%) и Ваљадолид(90%) се патници во сегунда. Третиот билет би го резервирал за Хетафе. Осасуна мислам дека повторно ќе се спасат.

третиот би бил за Елче, не сакам да испаднат т.е. сакам Хетафе да испадне, ама Елче во следните три кола играат со:
Малага (г)
Барселона (д)
Севиља (г)
тешко дека ќе можат да земат повеќе од 1 бод.
 
Ќе им пуштат Малага и Севиља, а од Барса поштено ќе си земат бодови како Ваљадолид и Осасуна :icon_mrgr:
 
Дефинитивно најјака лига во Свет

6 тима продолжија нокаут фазата и 3 ќе успеат да стигнат до финалето :cuc::cuc::cuc:

Останатите 3 тима беа/ќе бидат елиминирани од Шпански екипи. Што значи ни еден тим не е елиминиран од НЕшпанска екипа, секоја чест.

доминација :cuc::cuc::cuc:
 
.. една сезона не ја прави лигата најдобра. Не бидете ко оние од фан клуб Баерн Минхен.

Да не се разбереме погрешно, Ла Лига изминативе години е во подем и годинава го достигна зенитот. Би бил среќен вака и да остане, па да можеме сите да се сложиме во таа констација.

Освен фудбалот ко фудбал, има многу други аспекти кој ја прават лигата подобра. Широка е темата на разговор. Честито од мене пошо годинава Шпанија даде многу за фудбалот.
 
Мене коментарот дека Премиер лига е најдобра лига во светот ми го крева притисокот и мислам дека ваквото мислење се граничи со лудоста. Какви играчи и тренери се вртат и какви утакмици се играат во Ла Лига последниве години... Ниеден тим не можиш да го сметаш за многу послаб, тоа го видовме и со големите клубови, скоро и секаде имаа проблеми на гостински терен. Атлетико, Реал и Барса душата ја оставија на неколку наврати за победа, а некаде и тоа не беше доволно. Тренери како Пако Хемес, Унаи Емери, Марселино, Симеоне, Карло, Тата ( и овај е тренериште и голем џентлмен без разлика на муабетите), Валверде, Луис Енрике, Агире нема во друга лига. Пепе Мел и Покетино, до неодамна во Шпанија, појдоа една сезона во Англија со просечни тимови и во најмала рака ги исполнија барањата, а и ги надминаа. Сите млади репрезентации во нивните категории се главни фаворити на секое случување. Треба да им се честита на Шпанците за нивните успеси, фудбалот го владеат посебно добро. Знаат што треба да се направи и со младите и со клубовите и најчесто ги гаѓаат тренерите. Уште ако се оствари тоа што бараат парите од ТВ правата да се изедначат за сите како што е во други лиги, првенството ќе биди уште покомпетитивно и подопадливо.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom