Primera División 2012/13

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2012/2013 во Primera División?


  • Вкупно гласачи
    324
Статус
Затворена за нови мислења.
Мислам дека до некаде конечно ми се оствари желбата, а тоа е дека Сарагоса конечно испадна!
Никаква екипа, незнаат што сакаат последниве 2-3 сезони спасуваат жива глава.
Им се одби од глава сето тоа.
До некаде истото важи и за Депортиво, но таму е сосема друго ситуацијата.
 
Слушајте ја реакцијата на публиката кога постигнува гол Социедад
 
Идниот голман на Барса... Тер Штеген


i5S3jtXA5Cgu0.gif
 
^ Многу екипи се интересираат за Тер Штеген, не мора да значи дека ќе иде во Барса.
Ама потегов е :pos: :pos::pos:
 
тренер на сезоната: Phillipe Montanier (Real S.)
играч на сезоната: Lionel Messi (Barcelona)
разочарување на сезоната: Alex Song (Barcelona)
екипа на сезоната: Real S.
разочарување на сезоната(екипа): Valencia
 
тренер на сезоната: Phillipe Montanier (Real S.)
играч на сезоната: Lionel Messi (Barcelona)
разочарување на сезоната: Alex Song (Barcelona)
екипа на сезоната: Real S.
разочарување на сезоната(екипа): Valencia

Ова по твој избор, така?
 
Виљареал и Елче влегуваат во Примера директно.
Плеј-оф ќе играат Алмерија, Г(ж)ирона, Лас Палмас и Алкоркон.
 
Виљареал и Елче влегуваат во Примера директно.
Плеј-оф ќе играат Алмерија, Г(ж)ирона, Лас Палмас и Алкоркон.
Од кај знаеш? :icon_mrgr:
Има уште едно коло колку што знам.
Виљареал и Алмерија имаат исто бодови, но во последното коло играат меѓусебно на теренот на Виљареал.
Алмерија ќе биде втора со победа, или со нерешено со 2-2 или повеќе голови.
Ќе биде доста интересен меч пошто и двете екипи се во одлична форма.
Можеби Виљареал е во предност но не е се готово :)

Не е познат ниту последниот патник во плејофот.
Лас Палмас и Алкоркон имаат 66 бода, а Понферадина има 65 на седмата позиција и може истотака да влезе во баражот.

Во последно коло Алкоркон-Сабадел, Мурсија-Лас Палмас и Луго-Понферадина.
Алкоркон изгледа најсигурен пошто Сабадел не игра за ништо, па се очекува Алкоркон да слави на домашен.
Понферадина истотака има навидум лесен дуел затоа што Луго не игра за ништо...
Не знам колку знаете Гвадалахара е исфрлена од Сегунда, па сега во последно коло еден тим од Хуеска, Мурсија и Сантандер ќе се спаси иако претходно беа отпишани.
Затоа Мурсија имаат голем императив и може да го поебат Лас Палмас за баражот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom