Primera División 2011/12

Кој ќе биде шампион во сезоната 2011-12 во Примера Дивизион?

  • Вкупно гласачи
    123
  • Гласањето е завршено на .
Мурињо: Од камењата кои ги фрлате по мене направете ми споменик!

Португалскиот тренер, Мурињо чувствува дека во Шпанија се води нерамноправна борба и дека Барса е фаворизирана. Вели дека ќе го одбрани својот клуб, без оглед на последиците.
murinjo-234322120110417062517.gif

Жозе Мурињо во пресрет на вечерашниот меч со Сарагоса на ''Ла Ромареда'' изјавил дека третманот кон неговиот тим е неправеден.
Се очекува Фудбалскиот сојуз на Шпанија да го казни поради однесувањето на мечот од Супер Купот против Шпанија, но него тоа не го загрижува.
''Тоа е се дел од играта, дел од животот. Кога ќе направиме споредба со ова што се случува и со претходните лиги каде што работев, изгледа дека овде се води кампања против мене. Тоа е нерамноправна борба, изградете ми споменик од камењата со кои ме гаѓате.'' - изјавил ''Специјалниот'' и додал:
''Јас сум среќен овде и имам чувство дека сум на вистинското место. Тоа чувство неможе никој и ништо да го промени. Можеби грешам, но секогаш го влеам тоа што го мислам, без оглед на последиците. Требало да живеам пред 100 години.''

--- надополнето: Aug 28, 2011 12:31 PM ---

Човекот едно време ми беше смешен, ама сега повеќе го жалам. Овој сериозно забегал.:cautious:
Едно време се правеше интересен за да привлекува внимание, сега веќе ми изгледа како озбилно болен.

Само во едно се сложувам со него. Дека требало да живее пред 100 години.
 
ovoj ne e interesen vike, na sto drogi e ni samiot ne znae :)
--- надополнето: Aug 28, 2011 12:53 PM ---
se gleda deka od zborot BARCELONA mu e tesko :)
 
изгледа вас ви е тешко од него па од уста не го вадите
работава ко вмро со Бране :D
 
изгледа вас ви е тешко од него па од уста не го вадите
работава ко вмро со Бране :D
Кој кого не вади од уста, црни Мите? Па он нема прес-конференција да не ја спомне Барселона, да не спомне како сите се против него, цел свет му прави заговор.
Гвардиола досега само на 1 пресконференција проговорил за Мурињо и тоа еден ден пред натпревар Реал-Барселона на Бернабеу.
 
епа црни Че, ти не го вадиш од уста Мур олади малце
пишуј си таму за гвардиола како е најдобар, највеќе титули има освоено ...... доста го тупите со Мурињо
ко што викаш и гвардиола толку не го спомиња ко вие,преку ..... сте
 
Атлетико Мадрид се изнапромашија прееска незнае гол да дадат.
Билбао исто така слаб старт очекував и едните и другите да тепаат.
 
Кој кого не вади од уста, црни Мите? Па он нема прес-конференција да не ја спомне Барселона, да не спомне како сите се против него, цел свет му прави заговор.
Гвардиола досега само на 1 пресконференција проговорил за Мурињо и тоа еден ден пред натпревар Реал-Барселона на Бернабеу.

Па нормално дека ќе ја спомне кога новинарите само за тоа го прашуваат...
 
Жал ме фаќа веќе за мурињо,треба во некоја установа да го пратат веќе,ептен го мрднаа овие од барселона.
--- надополнето: Aug 28, 2011 4:26 PM ---
Мене па жал ме фаќа какви се трауми преживеаа фановите на Милан додека Мурињо беше на клупата на Интер.
хахаха ако било до него што не се врати сега во интер да видиме дали ќе освои нешто ? Оу заборавив не може да се одвои од цуцлата на Пеп.

:D
 
хахаха ако било до него што не се врати сега во интер да видиме дали ќе освои нешто ? Оу заборавив не може да се одвои од цуцлата на Пеп.:D

Па ако не било до него што не освои Интер триплета пред тоа, или па сеа што не освојат ? :)

Само знам како ти е, ве тепаше две години како сака и кога сака, и сеа начека кога губи и одма се зборува против него.. Додека беше во Интер не смееше еден лош збор да кажете за него, али сеа за противник го има најдобриот тим во последните години, и сепак од кога е тој тренер на Реал ги промени драстично работите, и веќе Барса не изгледа недопирливо како што тоа беше кога тој не беше тренер..

Да се врати во Интер, хах, и самиот кажа дека си има зацртано свои цели, таа во Италија си ја исполни што има да се враќа таму.. А и не сте му интересни веќе.
 
Следна триплета ќе доживее интер после ново калчополи,а и тогаш сите го плукаа и ругаа зошто е ментален,си има психички проблеми,работата е што барса апла го мрднаа.
Немам намери да водам дискусии со фан на реал за мурињо ебате,али пак ќе кажам што не се врати сега во интер кога Милан има јак тим па да видиме дали ќе освои нешто ?

А ги промени на полошо работите во реал,сите неутралци ги гледаат неговите психотични испади и имаат исто мислење и за реал како и за мурињо,а фудбалот што го играат врска нема со тој од времето на Фиго,Зидан,Раул.....

:)
 
И ја немам намера да водам дискусија со фан на Милан у тема за Примера, али кога веќе почна, Калчополи беше колку што знам 2006, а Мурињо седна на клупата у 2008. :) А за ова второто, мене ич не ми е гајле што другите зборуваат за него, мене ми се свиѓа како го води тимот досега, и друго ама баш ништо не ме интересира.. :)

А тоа време и тој фудбал на Зидан, Фиго, Раул и господ да биде тренер на Реал нема да се врати.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom