Па со играч помалку и со таков судија, што сакате да прае???
А тебе гоче више неможем да те читам, све мислев има надеж за тебе, ама значи каков дебил си тоа немам видено! Мурињо на секоја утакмица го правел тоа, давале гол и се повлекувал одма. А како тоа до пред Ел Класико Реал имаше дадено повеќе голови од Барса??? Ако играл Мурињо затворено, како играл Пеп????
Не мислев да влегувам во дискусија, али морам да го искоментирам ова болдираново..
Објективно гледано, факт е дека Мурињо на натпреварите не игра затворен фудбал. Да, може да игра, али грев е со тие играчи да не играш и негуваш офанзивна игра. Тој тоа го знае... е сега, на моменти признавам дека ми е досадно да гледам негов тим како игра. Сеа може нема да се согласите со мене, али кога треба да чува резултат, поарно би ги гледал возбудувањата во спорт како што е голф, отколку негова екипа. Тоа е негова филозофија, побитно му е да извади резултат и да освои титула отколку да игра убаво и тоа мора да се почитува. Сум зборел и јас после натпреварот со интер лани дека играат анти-фудбал, но тоа е било во афект, секој тренер, екипа си доаѓа до резултат така како што му одговара.
И јас сум мислел дека повеќе сакам победа со 1-0 отколку убава игра, но ете, Пеп дојде на чело на Барселона и покажа на јавноста дека убавата игра (за некои) е суштината на фудбалот. Сум мислел дека повеќе сакам да губиме од Мадрид за на крај да освоиме титула, но сега гледам дека е неописливо чувството да го понижиш најлутиот ривал пред очите на светот. Да, уште стоам зад тоа дека повеќе сакам да изгубиме од Реал па на крај да освоиме, но тогаш задоволството не би било комплетно.
Инаку незнам за вас, али 51 погодок во 16 кола во Примера, за мене покажува дека Пеп никогаш не помислил да игра дефанзива, не пак стварно да го направи тоа.:smir: