Primera División 2009/2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Кој според вас ќе ја освои Primera División во сезоната 2009/2010?


  • Вкупно гласачи
    297
Статус
Затворена за нови мислења.

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Primera División

140px-LFP.svg.png

Отвораме нова тема за Шпанската Примера, затоа што старата стана многу непрегледна и обемна.

Примера Дивизион, или попозната како Ла Лига, е професионалната фудбалска лига на Шпанија и е највисока по ранг. Се состои од 20 клубови и во неа нема плеј-аут, односно последните три екипи отпаѓаат во втората лига. Вкупно 58 екипи настапувале во Примера од нејзиното основање, од нив девет биле и шампиони. Од 1950 па навака, Реал Мадрид и Барселона доминираат во првенството. Реал Мадрид има 31 титула во Ла Лига, додека Барселона има 19. Освен Реал Мадрид и Барселона, други тимови кои ја освоиле лигата се Атлетико Мадрид, Атлетик Билбао, Валенсија, Севиља, Депортиво Ла Коруња, Реал Сосиедад и Реал Бетис.

Првите три екипи играат директно во Лигата на Шампиони, додека четвртиот игра квалификации. Петтопласираниот и шестопласираниот играат плеј оф и трето квалификационо коло од Лига Европа (стар УЕФА Куп), соодветно. Сезоната трае од август до мај, период во кој се одигруваат вкупно 38 кола.

Еве ја листата на шампиони во Примера, по години:

29oso7n.jpg


Во Шпанија тимовите се рангираат прво по бодови, па меѓусебен дуел, и на крај по гол разлика.

Повелете и анкета, и очекувам дискусија на ниво. :)
 
иако реал ги имаат најголемте ѕвезди во тимот кој не се воиграни а од спротивната страно имаат еден од најдобро воиграни тимови барселона и очекувам да биде шампион барселона валенсиа парем до лига на шампиони да дојде ама до тука имаа доста силна конкуренција
 
Jas godinava kje idam so Real Madrid kako najgolem favorit za sampionskata titula.
So site tie zvezdi, ednostavno mora da se napravi nesto. Inaku, kje letaat glavi. :)
 
Барса-многу нормално дека мислам така,но со ѕвездите на РеалМ се надевам дека ке има неизвесност до самиот крај!
 
Оваа година,Примера рскоти-плускоти
Барса
-Меси,Иниеста,Чави,Анри,Ибра,Туре,Алвес,Пике,Пујол
Реал
-Кака,Роналдо,Бензема,Касиљас,Игуаин,Алонсо?,Рамос
Валенсија
-Виља,Силва,Мата,Пабло
Атлетико
-Агуеро,Форлан,М.Родригез
Виљареал
-М.Сена,Казорла,Нилмар
Севиља
-Кануте,Капел,Навас,Фабиано?
.......
Ама,очекувам лесна победа и оваа година за Барса!
 
Барса ќе освои,според мене.По таква доминантна сезона како минатата,очекувам уште подобра и да ја одбранат титулата.Ќе видиме Реал како ќе се покаже со новите играчи и тренерот,но не очекувам да земат титула.
 
BARCA е фаворит и за оваа сезона...но долго ќе биде првенството па ќе има многу борба докрај...

VISCA BARCA!
 
Годинава шпанско ќе биде многу интересна за гледање и ќе вреди да се гледа,
И покрај големата сума потрошена од Реал М за играчи, Барса со само еден трансфер ќе си освои шпанско :icon_lol:
Озбилно, не веруем дека Реал ќе биде голема сила да Барса неможе да ги спречи, ѕвездите што ги земаа Реал не веруем сите да играат како во нивниот претходен клуб... ама ај да не брзам ќе види тоа во текот на сезоната.

пс. Реал - Барса ќе биде вистинско El Clasico...
 
Мислам дека Барса ќе ја одбрани титулата..Реал направија нов тим,неколку играчи купени од другите земји(Англија:Роналдо,Арбелоа..Франција:Бензема..Италија:Кака..),па ќе им треба малце време за да се адаптират..додека Барса уште од почетокот ќе почне да прави растур низ Шпанија..

бтв.. Кога се игра првото Ел-Класико???
 
оваа сезона борбата во шпанија ке биде најнеизвесна од цела европа сепак очекувам Барса да ја освои повторно со оглед на тоа дека нивниот тим е веќе уигран!
 
Како фан на Барселона очекувам да ја одбраниме титулата,имаме уигран тим,добар тренер,најдобриот играч во светот лани дававме по 4 гола на натпревар,од друга страна Реал има нов тренер(очекувам да го сменат до Јануари:))5-6 нови играчи што никогаш не заиграле заедно,додека да се уигра нивниот тим ќе биде како лани 12 бода разлика ако не и повеќе.
 
Па како и обично во Шпанија битка ќе има помеги два клуба Реал Мадрид и Барселона..Инаку очекувам дека Барселона ќе ја одбрани титулата ..
 
Барcелона ке ја одбрани титулата ☺
Иако Реал донеcе многу ѕвезди Барcелона повторно ке биде шампион
Иначе Барcелона миcлам дека и вака пак имаат подобар тим од Реал :vozbud:
Пујол Иниеcта Чави Меcи Ибра ....
 
Нормално гласав за Барса и мислам дека ќе ја одбраниме титулата. Го имаме правиот тим, можеби и најсилниот тим на Барса на сите времиња, одлично сме уиграни, знаеме добро сите каква средина поседуваме а и каков напад имаме, и само да даде господ да немаме никакви повреди и малери и титулата ќе ни биде на дофат.
Добро е за Примера што дојдоа играчи како Кака, Роналдо, Ибра, Бензема.....ќе ја подигнат лигата за едно скалило погоре, би требало да биде доста поинтересно од предходната сезона, ( јес да лани мене ми беше многу интересно:):)),(2-6), и со еден конкурентен Реал, да ја гледаме највозбудливата сезона во Примера.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom