Мистичен
Човек
Прилепската компанија за производство на композитни материјали „Микросам“ ќе регрутира млади талентирани кадри кои имаат капацитет и потенцијал со доедукација да бидат насочени за потребите на „Микросам“, но и мотивирани за нови достигнувања. Новиот проект „Микросам академија“ официјално стартуваше вчера и, според зборовите на сопственикот Благоја Самаковски, во наредните 20 дена ќе бидат регрутирани првите млади луѓе кои бесплатно ќе ги користат сите ресурси на оваа компанија. „Мотивот за отворање на компанијата е фактот што многу талентирани кадри од низа причини не можат да ги покажат ниту имплементираат нивните знаења во нашата држава“, потенцира Самаковски.