- Член од
- 21 април 2014
- Мислења
- 10
- Поени од реакции
- 4
Некогаш во животот мора да добиеме совет , и поука од некој постар човек кој во животот ќе ни даде храбарост за да продолжиме ...
Кога веќе пораснав, татко ми прв пат ме виде како плачам, како се однесувам дрско кон секого.. како се претворив во личност што тој не посакуваше. Не му беше мила онаа помисла дека сега не сум само неговата мала ќеркичка, сега до мене има еден безвреден и себичен човек што е заслужен за мојата состојба во моментот. Човек што незнае да сака, да цени. Човек што сака само по потреба. Го болеа моите солзи, еден ден ми рече:
“Те пораснав, те одгледав како капка на дланка, како бисер те негував. За што? За сега друг да се кити со твојата добрина, а тебе да те полни со тага. За да плачеш за некого? За некој што незнае колку вредиш? Кој и да е, неможам да дозволам да те гледам несреќна покрај него. Ќе продолжиш со животот како што живееше кога беше само моја. Правиш се, а тој не те забележува. Ти ѕвони, ти обрнува внимание само кога на него ќе му биде здодевно и кога ќе ги нема другарите и оние неговите... Кога те погледнал во лице и ти кажал дека те сака? Кога те галел нежно по косата и те бакнал во чело? Кога те изненадил со нешто, кога си почуствувала љубов од него, ќерко? Го прави ли тоа што го правев јас за тебе? Ти купил ли некогаш поклон за роденден? Ти признал ли некогаш колку вредиш? Не ќерко... знам дека цел живот за тоа мечтаеш, но не го добиваш. Во што се заљуби? Во човек? Тој е човек? Тоа себично куче... На што си го трошиш времето и љубовта... Јас мојата ја потрошив на тебе, но те сакав и чував. И ти твојата подари ја некому што ќе ме замени мене. Ќе дојде денот кога ќе ме покриваш со цвеќиња, сакајќи да ме вратиш, тогаш сети се дека има некој сличен на мене. Тој што ќе биде до тебе кога мене ќе ме нема. Во тој што ќе ја бараш последната надеж и утеха. Тој што би го дал и последниот здив за тебе...