Приказна (совет ) кој некогаш сте го добиле од постар човек.

  • Креатор на темата Креатор на темата Kiki1003
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 април 2014
Мислења
10
Поени од реакции
4
Некогаш во животот мора да добиеме совет , и поука од некој постар човек кој во животот ќе ни даде храбарост за да продолжиме ...

Кога веќе пораснав, татко ми прв пат ме виде како плачам, како се однесувам дрско кон секого.. како се претворив во личност што тој не посакуваше. Не му беше мила онаа помисла дека сега не сум само неговата мала ќеркичка, сега до мене има еден безвреден и себичен човек што е заслужен за мојата состојба во моментот. Човек што незнае да сака, да цени. Човек што сака само по потреба. Го болеа моите солзи, еден ден ми рече:

“Те пораснав, те одгледав како капка на дланка, како бисер те негував. За што? За сега друг да се кити со твојата добрина, а тебе да те полни со тага. За да плачеш за некого? За некој што незнае колку вредиш? Кој и да е, неможам да дозволам да те гледам несреќна покрај него. Ќе продолжиш со животот како што живееше кога беше само моја. Правиш се, а тој не те забележува. Ти ѕвони, ти обрнува внимание само кога на него ќе му биде здодевно и кога ќе ги нема другарите и оние неговите... Кога те погледнал во лице и ти кажал дека те сака? Кога те галел нежно по косата и те бакнал во чело? Кога те изненадил со нешто, кога си почуствувала љубов од него, ќерко? Го прави ли тоа што го правев јас за тебе? Ти купил ли некогаш поклон за роденден? Ти признал ли некогаш колку вредиш? Не ќерко... знам дека цел живот за тоа мечтаеш, но не го добиваш. Во што се заљуби? Во човек? Тој е човек? Тоа себично куче... На што си го трошиш времето и љубовта... Јас мојата ја потрошив на тебе, но те сакав и чував. И ти твојата подари ја некому што ќе ме замени мене. Ќе дојде денот кога ќе ме покриваш со цвеќиња, сакајќи да ме вратиш, тогаш сети се дека има некој сличен на мене. Тој што ќе биде до тебе кога мене ќе ме нема. Во тој што ќе ја бараш последната надеж и утеха. Тој што би го дал и последниот здив за тебе...
 
"Мора ли на секоја тема барем по еден да избришам и да опоменам дека ќе делам казнени поени за правење паметњаковиќи за добивање некој лајк плус?“ - Crazy in Love, секоја година, секој ден откога стана модератор.
 
Тој шо немат во глата имат во нозете :D
 
Совет од постарите, краток и јасен: Барај си ја среќата надвор од државата, Собериси ги парталите дур имаш време и бегај.
 
и тата би сине.... една од помудрите работи у последно време од стариот мој. (никаков сарказам не е вклучен овде)
 
И да го добиеш најголемиот пораз крени глава горе и со насмевка продолжи, зошто во спротивно злите луѓе ќе го искористат секој твој момент кога се чувствуваш тажно за да те испровоцираат и однесат на дното.

Одкога го добив овој совет, а и почнав да го практикувам, сфатив дека навистина било така :)
 
Овој некој баајаги себичен татко,само јас те сакам ќере најмногу,малку вуче на некоја болесна веза отац черка
 
Не учи куче да лае и риба да плука .
 
Последно уредено од модератор:
Ако во секој ќенеф фрлаш камен, камен на светот нема да остане!

Ова еднаш оддамна ми го кажа мојот покоен дедо... и често си спомнувам.
 
Не си го пикај газот таму кај што магарињата си ги мерат стаповите- многу мудра поговорка која дедо ми често ја употребуваше.
 
[Hote="MamaLover, post: 6567271, member: 65818"]Овој некој баајаги себичен татко,само јас те сакам ќере најмногу,малку вуче на некоја болесна веза отац черка[/quote]
Овој некој баајаги себичен татко,само јас те сакам ќере најмногу,малку вуче на некоја болесна веза отац черка
Ne e sebicen tatko, ni najmalce naprotiv toj e covek koj napravi se za da spasi kerka of maltretiranje I noki pominati so solzi od svojot decko pozz
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom