Хехе интересна тема....
Значит вакаа.... се’ започна кога во Охрид, во не знам која болница едно сабајле од рани зори во 06:15 сум ја разбудила мама, ајде доста ти е спиење, не можам појќе да седам овде (хехе) иии дошле доктори едно друго и со маки (сеа лесни тешки не знам) сум дошла на свет. Ко мала си бев многу мирна, срамежлива ама од друга страна пак и многу палава. Само шо почнав да одам не сум сакала да ме држат за рака и само шо ќе ме отпуштеле јас шпринтот го фаќав арно ама на секој метар сум паѓала и пак истото, ќе си станев, ќе поцимолев малце и пак ќе се растрчав. И такаа.... после 2 и пол години ми се роди сестра и од шо ја сакав, ја ѓњавев многу и еднаш ја превртив сосе креветчето (а како успеав не знам
) Иии... ко напрајв 5 години многу сакав да одам на школо со брачеда ми (таа имаше 6) ама зш мала и мама не ме пушташе. И ај се сожалила од шо плачев за на школо и ме пушти еден ден мислејќи дека другиот ден нема да сакам да одам. Ама грешка била-само шо се вратив, радосна веќе дотука и назад и’ викам јас утре пак ќе си одам на школо. И ај шо ќе ми прајт, си продолжив. Дојде време за запишвење во прво, ама не сакаа да ме примат, зошто? зш сум била мала. И мене толку ми фалело, фатив да плачам и да вриштам, па ајде ме однесоа кај психологот да ми дајт тест. Ама јас учна уште од мала, вујче ме учеше да пишам, да читам и собирање-одземање, си го решив тестот и немаа друг избор, мораа да ме примат. И добро почнав основно во ”Христо Узунов” и скоро 4 години по ред ми поминаа на прва клупа со едно исто дете (таа учителката ми беше баба и намерно со него ме седнуваше зш знаеше дека јас не сакам :nervoza:

) Следните 4 ми поминаа најсупер шо мојт. И така ко шо си бев срамежливка, не праев многу многу бељи (по малце) и полека полека завршив основно. Ама ко дојде време за средно не знаев кај сакаам. И прво се запишав економски пошо тато сакаше то, а јас не сакав и се молев да не ме примат. И желбата ми се исполни-не ме примија и сеа тато виде невиде мораше да се согласит за да се запишам гимназија. Јас прерадвана, си се запишав во гимназија ”Св. Климент Охридски”, јазично-уметнички смер и прва година, никој не познаваш, освен со 2-3 и сите мирни бубачиња. Ама пак второ полугодие, си се задруживме, бевме многу сложни (и сега сме ама уште појќе) и уште непочнати не прогласија за најбесен клас, со најмногу изостаноци, со најмал просек и на совет само за нас се зборвеше. Ама ако, дојде втора година и ние станавме уште побесни, никој не сакаше да не земит за класен раководител. Иии таа шо ја предодредија за то, јака и’ душа ја умревме. Ама и таа не умре нас, пола изостаноци ни беа од нејзе, за малце ќе избркаа еден. И така ние нервозни директ кај директорон да бараме да ни се сменит класната. Штета, не можеше. Е ние за инает (само не знам на кого теравме инает

) за 8-ми март и’ купивме едно мизерно каранфилче, а со другите пари фино лепо си се почастивме. Трета година уште побесни, ни дојде нова класна без да знајт со шо луѓе си фатила работа. Ја истуркавме некако и трета, дојде време за на екскурзија, појдовме Хрватска, уживанција, најуба ексурзија досега. Дојдов 4-та година, уште побесна, поненормална, сите ми се чудат кај е Марија шо ја знаевме во прва година. Ама се менвит времето, се менват и луѓето. Иии пак ја посетив Хрватска од на хор, исто најубо си поминавме, (тој шо беше со нас знајт најубо

) ама едвај чекам да завршам да заминам на факултет, да се мафнам од овде. (не дека не ми е убо ама сакам да осетам малце студентски живот

) Е сеа шо ќе е, како ќе е не знам уште ама ај.... имат надеж..... И то, животот (досега) ми мина во смеење, заебавање, уживање итн итн. Друго не знам шо да кажам, а и доста е веќе досадна ќе станам, цел реферат напишав. Ај... заминвам на работа..... :devojce: