Сум се родила пролетта `89та во некоја од скопскиве болници. Таа пролет била нетипично топла, ама денот кога на мама и пукнал водењакот истурало дожд. И така во време невреме, сабајлето во 10.15 сум дошла на овој свет. Следните 6 години ги поминав безгрижно играјќи си жмурка, народна, џамлии, граница, градење куќички и бункери, шиење облека за барбиките и слично. Се сеќавам дека еден ден кога ми здосадија сите игри, добив манијачки напад, ги земав сите мои 11 барбики и ги ишишав ќелави.

Кога сфатив што сум направила, во првиот миг се убив од плачење, а после ги фрлив у подрум и решив дека е време да престанам со детските игри.
Тогаш почна “Касандра„. Се сеќавам дека убаво се навежбав да читам течно и брзо, благодарение на серијата што предизвика цела револуција во земјава. Касандра стана мојот идол, Луи Давид- слика за принцот од моите соништа. Тоа траеше се додека...не го запознав Стефан од Австралија. Тоа беше летото кога заврши “Касандра„, само една година откако ги ишишав барбиките. Стефан беше дојден овде на летување кај тетка му што живееше у мое маало. Си игравме заедно жмурка, здрвен дедо, ме научи да пцујам на англиски и си отиде. Мојата непреболена прва љубов

Кога тргнав у прво одделение, бев најмала по возраст во класот, а највисока по раст.

Некаде таму накај 6то, 7мо одд. машките од одделение пркнаа, почнаа да се извишуваат и ме надраснаа.

Фино се дружевме во основно. Возбудлив период беше тоа. Особено 7мо одделение. Тогаш ми рипнаа хормоните, ме пукна пубертет, па почнав да експериментирам

Тогаш прв пат пробав цигара, прв пат излегов во дискотека, прв пат пробав алкохол, прв пат избегав од час.

Може да се каже дека прилично хедонистички си ја поминав таа година

И се расипав, нормално. Ама се треба да се проба.

Кога имав 11 ипол години, го доживеав и првиот бакнеж. shy: Раскинав по 2 месеца со првиот дечко, зошто бев убедена дека ме вара

(подоцна испадна дека тоа не било точно, ама и онака не сакав да бидам со него

).
Заврши тој период, дојде друг. Јуни месец, 2003та, ги спремив документите и ги поднесов во гимназијата “Орце„. Ме примија во билингвалната паралелка, I-8. Прва година: тапа класот, ич дружба, сите се тресеа за тестови и испрашувања, омраза помеѓу учениците. Втора година: почнавме да се дружиме, се формираа групи во класот, ослабнавме со успех, ама ретко кој се осмелуваше да ескивира од час.

Трета година: ерата на бесконечен број неоправдани, нова класна што во тоа не поддржуваше, интензивна дружба за време на часови во школските кафичи, нови парови во класот, незаборавни пијанки за викендите, смеење на часови, најубавата екскурзија во Будва. Четврта година: исто како трета, само од се тродупло.

(освен екскурзијата).
И еве сега, матурантка, се приближува крајот на средношколската сага, се почнуваат подготовки за матурата; уживаме додека можеме.

Максимално ги користиме последниве месеци. jea:
На останатите полиња... Амплитудата расте и се намалува умерено, се е под контрола сега за сега.
Инаку, стрејт и сингл.
