Роден у Гостиварска болница, шетан по гостиварски улици. Глуп копиљ кој што збираше албуми со сликички од светски првенства како лудак, покорник на реметење на јавниот ред и мир иако ретко кога самиот го прави тоа, бунтовник без причина. Школо завршено со и без проблеми.
Од прво до осмо одделение сите петки, па онда гимназија фатија бурни времиња и иако со петки, по 200 неоправдани имав у свидетелство.
Животот ме научил многу, а најважното од сите поуки е тоа дека имаме само еден живот и дека секој ден треба да тренираш насмевка и правење себеси среќен оти ретко кој друг би ти го направил тоа.
Среќно оженет и уште посреќно швалерисан, со мала доза на етички проблеми.

Сака талијанска кујна, а обожава црнки и азијатки.
Сонови ноќе не гледам, ама затоа пак денски ептен. Ме реферираат како Дејвокер, нешто као Блејд.
а бе, има уште многу, ама ај колку за почеток.