Пријателски натпревари

  • Креатор на темата Креатор на темата Invader
  • Време на започнување Време на започнување

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Мислам дека нема „официјална“ тема за коментирање на пријателски утакмици.

Еве гледам сега Белгија-Франција. Се игра добар фудбал и од двете страни, ама слабо голови. Де Брујн имаше добра шанса, ама промаши цел гол.
Ќе влезе Бентеке во второ да ја реши :)
 
Хрватине што прават незнам :)
 
Ме спревари мене, јас планирам одамна да отворам тема за пријателски натпревари, али никако да одвојам време и за тоа. Ако.. :icon_lol:

П.С. Блу а што да прават, ете водат. :icon_lol:

едит:
970912_370477699721452_1432811601_n.png

МАЕСТРО ИБРА.
 
Дали забележавте дека за време на пријателскиот меч Македонија - Бугарија (14 август 2013), кој сеуште трае, кога Пандев излегуваше од игра, а влегуваше Бабунски, беше прикажано на екранот бугарското знаме наместо македонското ?

Гледајте го репризното емитување на натпреварот за да го забележите идиотизам, не знам дали е проблемот во МРТВ, во ФФМ или во УЕФА, но некој треба да сноси одговорност за овој идиотизам.

Патем, ако сум го објавил коментаров во погрешна тема, администраторите/модераторите слободно нека го преместат во соодветна тема.
 
Требаше една ваква тема на Кајгана, но малку доцна е отворена. Веќе и завршија пријателскиве и почнуваат првенствата, али нема врска, ќе ја имаме за понатаму :)

Гледам фаворитиве слабо некако...
 
Јози Алтидор хет трик за САД. А таман сакав да пишам овој е печен за во темата „Заборавени играчи“ кога гледам само 23 години имал. :eek: После ми текна дека со Фреди Аду ги најавуваа како вундеркинди. Има време ај, може ќе ги биде. :D
 
Дали забележавте дека за време на пријателскиот меч Македонија - Бугарија (14 август 2013), кој сеуште трае, кога Пандев излегуваше од игра, а влегуваше Бабунски, беше прикажано на екранот бугарското знаме наместо македонското ?

Гледајте го репризното емитување на натпреварот за да го забележите идиотизам, не знам дали е проблемот во МРТВ, во ФФМ или во УЕФА, но некој треба да сноси одговорност за овој идиотизам.

Патем, ако сум го објавил коментаров во погрешна тема, администраторите/модераторите слободно нека го преместат во соодветна тема.

:facepalm:

Добро, секому се случува грешка, посебно ако тоа е случај со МТВ, нема ни потреба да се паничи, не знам што креваш паника безврска само..
 
МТВ ја направи грешката .... мислам дека дека беше случајно .... денеска за прв пат ги употреби ја тракторчињата нови шо ги земаа за пренос и за графика, новиот систем шо го надгради ја .... знам дека се случи срање момент во срање ситуација ,но тоа е .... и Англичаните ги прават истите гомна нарешени грешки ,па никому ништо ехехе :ROFLMAO:(y)
 
Точно, грешка си е грешка, но едно е кога таквата грешка ја прави приватен медиум, а друго е кога таквата грешка ја прави национална и сателитска телевизија финансирана со народни пари.

Не кревам никаква паника, само го изразувам моето лично мислење за грешката направена од страна на луѓе кои примаат плати од нас, граѓаните на Република Македонија.
 
BBC секоја недела таква грешка прави, и сеа што?
Башка оф топик сме со муабетот, ако имаш нешто да прокоментираш во врска со пријателските натпревари арно. Не планирам криви дрини за глупости да исправам.
 
има право Фотос, често се случуваат заеби во системот. :)
 
Да,ама баш Блгарското знаме.Пандев е Блгарин 100 %
 
А, случајно со Азербејџан да не игравме, па те чуди што е бугарско знаме? :icon_lol:
Иначе, мислам оти истата 'грешка' ја направија и 1-2 минути подоцна, при замената Јахович-Костовски. Стоеше бугарско знаме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom