Се сложувам со Дизајр. Непријателот, ако веќе знам дека ми е тоа, немам никаква потреба да го држам до себе. Ни јас исто така не знам да глумам, па секој би ме препознал по мојот израз на лицето колку "сакам" да е до мене.
Со луѓето што сум сфатила дека не ми мислат добро или па полошо, што ми згрешиле на некој начин, секој ден да се разминувам, па нема здраво да им кажам, а не нешто повеќе. А дека секој од нас ги има - факт е. Некој помалку, некој повеќе, но сите имаме непријатели. Тој кој не мисли така, сигурно се лаже. Едноставно луѓето се такви. Можеш да си каков сакаш, но секогаш ќе се најде некој кој ќе сака да ти ја уништи среќата или само од чиста злобна намера да ти смета во животот.
Имам и јас непријатели, имам. Можеби тој епитет за некои луѓе е прејак, но нема средина. Првиот човек кој секогаш ми текнува после изговорањето на овој збор живее каде што работам. Нормално, го гледам секој ден по сто пати, повозрасен е од мене, па пак му вртам глава кога и да ме погледне. Ни на крај памет не ми доаѓа некогаш пак да му прозборам, кога толку многу ми згрешил. Нема никогаш за ништо да му вратам дека сум смотана, ама па како прв комшија, мислам дека ни чаша вода не би му дала ако ми побара некогаш.
И општо мислам дека не треба да сме блиски со нашите непријатели. Зошто да си правам нервози со нивните присуства, кога и без тоа знам дека се` што сакаат е да ми наштетат. Немам потреба да знам кој им е следниот чекор ... подобро би живеела во исчекување, отколку во нивна близина.
А и да сум блиска со некого за да не ми наштети? Тоа уште помалку. Да се лижам некому со страв да не му згрешам па да го направи пак истото ... никогаш. Никој такво задоволство од мене не добива.
