Презиме - моето, твоето или двете?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Ебати мажите. Ако сака можи и да го задржи....бла бла.., лижачи.
Има да го носи твоето презиме и ТОЧКА.

Да. Ако не го земе, ништо од свадбата. Презиме е тоа, не се менува матичен број, не е мала работа, како тоа? :tapp:
 
моето мислење на темава е следното,
женскиве би требало да го земаат презимето на сопругот, највеке заради потомството за да го носи презимето као некоја припадност фамилијарна, а не као на запад шо го носат некои презимето на мајката па така испага дека и незнаат кој им је татко:pos2:
 
Не ми пречи многу-многу да си го сменам презимето кога ќе се омажам (АКО се омажам:wink:). На крај краева имам брат и он ќе ја продолжи лозата на нашето семејство (и презиме) ако гледаме од таа страна. Никогаш не би го терала мојот иден маж да го земе моето презиме, ако ми е до толку до презимето ќе си го зеам и моето и неговото.:pipi:
 
Тоа право на личен избор и договор на двајцата кој сто стапуваат во брак.Правно е дозволено неколку варијанти на кој имаат слободен избор,и машкото и женското.Кај нас и пошироко како по правило и традиција е дека треба женското да се откаже од своето презиме и да го земе на мажот.Тоа е тотален апсурд,само женското ќе одлучи дали сака да си отстсапи од своето презиме,и доколку не сака мажот нема никаква причина да замерува на тоа или да кажува дека не го почитува доволно и затоа не се откажала од нејзиното предходно презиме.Но дали треба девојката да се откаже од нејзиното презиме,дали со тоа нема да го почитува домот што и пружил се во животот,пред бракот?Мислам дека најдобро е да се додаде презимето од мажот(бидејќи обратно вероватно би се распаднале подготовките за свадба :vozbud:) за да би дошло до некоја рамнотежа помеѓу желбите и можностите:smir:!
 
Се знај како е традицијата сеа, да не се прајме многу модерни. Жената го зема презимето на мажот, ако сака секако можи да си го задржи ама децата ќе се презиваат како таткото.

Спојување на презимиња е можно најглупата идеја, шо ќе се случи ако се спојуваат презимињата во следните 5 генерации. Португалија? Дај не си прајте филмој сеа, не се работи овде за шовинизам, едноставно така е попрактично.

А феминистките и така немажени ќе останат или ќе се разведат, така да нека не му ја мислат по многу.
 
Се знај како е традицијата сеа, да не се прајме многу модерни. Жената го зема презимето на мажот, ако сака секако можи да си го задржи ама децата ќе се презиваат како таткото.

Спојување на презимиња е можно најглупата идеја, шо ќе се случи ако се спојуваат презимињата во следните 5 генерации. Португалија? Дај не си прајте филмој сеа, не се работи овде за шовинизам, едноставно така е попрактично.

А феминистките и така немажени ќе останат или ќе се разведат, така да нека не му ја мислат по многу.
така е во право си.до кога жената ке го носи своето презиме ако не до смрт и после повторно останува презимето на мажот кое ке го наследат децата.И шо после?:toe:
 
На моето ќе го додадам неговото и тоа е тоа :pipi:
ми ту:icon_lol:
а по можност и само моето да си го задржам..незнамс и го сакам презимето некако:)
не и двете е дефинитивно најубава опција..само доколку другата страна се согласи:)
ај уствари иам јас време да мислам :icon_lol:
 
се знае од многу одамна традиција е жената да го земе презимето од мажот
 
Планирам да си го задржам моето презиме. Ако ми се свиѓа неговото, само ќе го додадам на моето и готово.
 
Љубов,прстен,а позади се презимето што "живот" значи...

Во овие празнични денови,можеби некои од вас размислуваат за брак.деца ,топол дом...полн со љубов и сл.

Но ,како би одлучиле,би го зеле ли презимето на идниот сопруг,не,или можеби ќе барате компромис??

Машки, дали имате против девојката да го задржи своето презиме и зошто?
Девојки, дали сметате дека со земањето на неговото презиме го губите "идентитетот"?
 
Мене ми е чисто сеедно дали ќе го земи моето презиме или не. Мада знам дека од дома ќе има дебати, двобои и стобои околу тоа прашање.

Јас пак ќе си ја сакам и пак ќе биде моја жена, без разлика дали го носи моето презиме или не.

Тоа e само нејзин избор и ничиј друг.
 
Нема врска дали ќе го земе моето.Тоа е нејзин избор и на никој друг :toe:
 
Во никој случај не го гледам тоа како губење на идентитет.. Сепак тоа е МОЈ избор.. Ако ме сака ќе ја прифати мојата одлука.. Како и да е детето би го имало неговото презиме што е уште една потврда за продолжување на семејното име и идентитетот..:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom