Превид со „Факултет во секој град“

  • Креатор на темата Креатор на темата Стрелец
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум запознаен кој факултети се отворани по другите градови, но ако има резултати од општествените науки ред е и тие да бидат приложени.

.

Во Струмица има оваа година дисперзирани студии од Штипскиот универзитет.
100 места Економски факултет се пријавија 120 студенти
100 информатика се пријавија 70 во вториот уписен рок се ке се пополни

Значи за одредени факултети има оправдание
 
Aбе ова знаењево да ти било сила.........невидена.:je:
 
Контрадикторност. Кој е во право од вас двајца? :tv:

Јас зборев генерално, можеме за споредба да го земеме Економски и нема да има никаква контадикторност.

Не лови во матно.
 
Превид со „Факултет во секој град“

Каква ли уште катастрофа треба да им се случи на државните универзитети за конечно Владата да сфати дека пред да преземе некој конкретен чекор треба убаво да размисли. Ај што државните беа дотепани од приватните универзитети, кои со примамливи понуди ги привлекуваат идните студенти да се запишат кај нив, туку сега ги порази и фактот што само по еден или двајца кандидати се запишаа на новите високообразовни институции кои беа проект на Владата. Од ваквите очајни бројки не би требало да се срамат само факултетите туку и министрите кои направиле превид околу целата работа.

Запишани студенти во првиот уписен рок:

Технолошко-технички факултет во Велес: 1 запишан (од 180 слободни места)
Дисперзираните студии за технички науки во Кичево: 0 запишани
Технолошко-технички факултет во Штип: 2 запишани
Електротехнички факултет во Штип: 3 запишани

Се покажа дека отворањето на новите факултети можеби и не е најдобра варијанта за поени на Владата пред локалните избори. На професорите од новите факултети им се плаче, бидејќи сега се ни таму ни ваму.

Наместо Владата да се расфрла со пари за кампањи, можеби ќе беше подобро да ги пренамени за финансиски да ги стимулира идните студенти и да им ги намали трошоците за студирање на постојните државни универзитети, на кои и досега се запишуваа студенти од помалите места.

Не знам, ама сега е на ред проектот „факултет за секое дете„...Можеби тоа ќе даде резултати...:tapp:

И во Скопје на технолошко-металуршки факултет се запишуваат помалку од предвидените студенти па тоа значи дека треба да се укине факултетот?

Запишани помалку од предвиденото е едно, а запишан 1 од предвидени 180 е сосема нешто друго. Тоа е само уште еден доказ дека отварањето на факултети во секоја паланка е промашена работа, само не знам кој ќе биде прогласен за виновен ?...Лицето Б.Ц. веројатно, по дифолт...:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

ЕДИТ: Еве да се потсетиме http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=20230&page=3
 
Отворањето на повеќе факултети во повеќе градови е начелно добра работа. Им се дава на другите градови можност да бидат барем образовно, колку-толку, понезависни од Скопје.

Е сега, ако тие не си ги работат факултетите како што треба, ќе им пропаднат. Така секогаш оди.

Сепак, ова е прва година. Не вреди веднаш да се исклучуваат. Треба да поработат уште некое време, па да се види како ќе оди. Значи, после некоја година, ќе се направи пак анализа и кој факултет не го бива, ќе се затвори. И животот ќе продолжи понатаму.
 
Во Струмица има оваа година дисперзирани студии од Штипскиот универзитет.
100 места Економски факултет се пријавија 120 студенти
100 информатика се пријавија 70 во вториот уписен рок се ке се пополни

Инаку немаше никакво обавестување за средношколците еднаш излезе во весник и тоа беше.Ако имаше добра реклама ќе имаше 5 пати повеќе пријавени.
и после струмичани имАЛЕ Е КЕ ИМААТ ЕМ УЧАТ ЕМ РАБОТАТ
 
Сметам дека подобро да го зголемат бројот на кандидати за примање,отколку да отвараат нови факултети,а и париципацијата да ја намалат,што е тоа 1200евра:nesvest: годишно за медицина и стоматологија???а,кај се другите трошкови???Па колку плата зема просечен македонец за да му овозможи надетето да се школува???:uvo:
 
Е bella, во иднина најверојатно високото образование ќе стане привилегија само на децата на богати родители. Останатите ќе се задоволат со задолжителното средно образование. Каква компензација, а цените за студирање само ќе си раснат. Баш скоро слушнав дека е во план укинување на т.н. државна квота во која студентите плаќаа помала сума за студирање.:toe:
 
Ова го има негде или наш изум ќе е.....
 
Ова го има негде или наш изум ќе е.....

Пред недела дена чинам беше, го видов, слушнав или прочитав во медиуми...Сега не се сеќавам кој, инаку ќе постирав линк, ама се спомна нешто такво со сигурност !
 
Пред недела дена чинам беше, го видов, слушнав или прочитав во медиуми...Сега не се сеќавам кој, инаку ќе постирав линк, ама се спомна нешто такво со сигурност !
Не мислев на тоа кај е објавено.....
..мислев дали има нормална земја во која нема државни студии
 
Не мислев на тоа кај е објавено.....
..мислев дали има нормална земја во која нема државни студии

Па, ако земеш предвид дека ние сме пионери во многу работи.... Лека, полека и ова ќе си го голтнеме, како горчлив сируп против кашлица...:nesvest:
 
Е bella, во иднина најверојатно високото образование ќе стане привилегија само на децата на богати родители. Останатите ќе се задоволат со задолжителното средно образование. Каква компензација, а цените за студирање само ќе си раснат. Баш скоро слушнав дека е во план укинување на т.н. државна квота во која студентите плаќаа помала сума за студирање.:toe:
Незнам полудев веќе од мисла,мама бара подобра работа,се клука апчиња од нервоза,ја си плачам,сакам да учам,имам желба,интелигенција и квалитети-без лажна скромност,но немам финансии за приватна квота,ако неме примат во државна,чао факс:cry:!
Неам ни врски:toe:
така да мака ми е,не сум љубоморна,но тие шо имаат-пак ќе имаат,со надуени петки завршиле основно и средно,сега и факс,па оди утре оперирајсе кај некој таков,шо место он,за него тате и мама полагале,оф мори мајко мила:zid:
 
Сочувствувам со тебе... Што и да правиш, само не се откажувај. Никогаш не е доцна, биди упорна.:helou:
 
Неам ни врски:toe:
така да мака ми е,не сум љубоморна,но тие шо имаат-пак ќе имаат,со надуени петки завршиле основно и средно,сега и факс,па оди утре оперирајсе кај некој таков,шо место он,за него тате и мама полагале,оф мори мајко мила:zid:
Тоа е суровата реалност........

Е сега ако толку сакаш да студираш...има и факултети кои не се толку нај, нај....така да не постои можност да не влезеш во државната квота.
Па после со дипломата во џеб...не знаеш кај ќе ти се посреќи и што носи иднината.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom