Претставен новиот Хонда Акорд

  • Креатор на темата Креатор на темата Janev
  • Време на започнување Време на започнување

Janev

____________
Член од
27 март 2007
Мислења
2.856
Поени од реакции
58
На саемот во Женева, Honda се претстави со новиот Accord, кој е продолжување на успешната приказна на актуелниот модел кога е во прашање европскиот пазар. Новиот модел доаѓа во две изведби, седан и караван.

pretstavennoviotaccord0vn6.jpg


Новиот Accord ќе ги користи истите мотори од претходната генерација, но овој пат подобрени, со поголема сила и пониска потрошувачка. Најважниот за европскиот пазар, дизелскиот мотор со зафатнина од 2,2 литри во новата подобрена верзија равива 150 КС и 350 Nm. Бензинецот од 2,0 литри сега развива 156 КС, додека за спортската изведба е планиран 2,4 литарскиот мотор кој сега развива 200 КС.

Во сите модели ќе се вградуваат мануелни менувачи со шест степени на пренос, додека со бензинските изведби ќе може да се добие и автоматски менувач со пет брзини, со можност за мануелно менување преку рачките на управувачот.

Новиот Accord ќе биде достапен во месец Јуни. Нејасно е каква ќе биде цената за основниот модел на нашиот пазар, бидејќи актуелниот е многу поевтин отколку на западните пазари, па да се надеваме дека застапникот за возилата на Honda нема да је смени политиката.

pretstavennoviotaccord0hv0.jpg


pretstavennoviotaccord0ct6.jpg


pretstavennoviotaccord0nz5.jpg


pretstavennoviotaccord0vg4.jpg
 
ne znam za akordov ama golf 6 e fantazija
 
Интересно возилце, доста ме бендиса. Инаку затоа ја вратив авто новости темата, за да не се отвараат вакви теми. Нека поседи, па ке ја спојам :)
 
Супер е се очекуваше од Хонда ова.

Инаку сегашната цена на овој стариов колку е за да се оријентирам за новиот?
 
Супер е особено внатре! Знам пред некое време татко ми беше заинтересиран за акордот значи не за овој највновиот, пошто сега искочи, за 20.500 евра добиваш 2.0 мотор (бензинец) со 155 коња. Мислам цената е повеќе од прифатлива, моторот е молња нема што.
 
Супер е особено внатре! Знам пред некое време татко ми беше заинтересиран за акордот значи не за овој највновиот, пошто сега искочи, за 20.500 евра добиваш 2.0 мотор (бензинец) со 155 коња. Мислам цената е повеќе од прифатлива, моторот е молња нема што.

Одлична цена има, и одлична кола е. За таа цена нема ништо приближно толку добро. Зборувам од искуство :D
 
Јапонските возила имаат доста голем квалитет, а и репутација на сигурни возила. Би рекол дека такво возило од иста класа, европско, би го платиле 50% повеќе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom