- Член од
- 21 април 2006
- Мислења
- 612
- Поени од реакции
- 11

Потсетувајќи дека Турција отсекогаш силно и искрено ја поддржувала кандидатурата на Македонија за членство во НАТО, претседателот на турскиот Парламент посочи на придонесот на Македонија во мисиите на НАТО.
- Македонија повеќе од потребното ги исполни критериумите за членство во НАТО и тоа што Македонија не беше поканета за членство на Самитот на НАТО во Букурешт го оценуваме како една голема неправда, истакна тој.
Нереализирањето на членството на Македонија во НАТО за Турција која е членка на Алијансата од 1952 година, според Топтан беше едно големо разочарување. Сепак, тој изрази верба дека за кратко време Македонија ќе биде членка во Алијансата и додаде дека Турција ќе продолжи со нејзината одлучна поддршка кон Македонија.
Претседателот на турскиот Парламент изрази благодарност за поддршката што Македонија и ја даде на Турција за нивната кандидатура за привремен член на Советот за безбедност на ОН за периодот 2009/2010 година. Тој оцени дека признавањето на Косово од страна на Македонија е една многу значајна одлука.
Топтан од говорницата во македонскиот Парламент побара да се преземат соодветни чекори за реализирање на принципот за соодветна застапеност, кој според него ќе биде во согласност со духот на Охридскиот рамковен договор.
- За време на мојата посета, уште еднаш се уверив во тоа колку е силно пријателството помеѓу Македонија и Турција и колку се интензивни и искрени нашите односи, изјави Топтан. Македонија, додаде тој, за нас е една пријателска земја со која сме длабоко поврзани - со нашите меѓучовечките односи, културата и минатото.
- На чело со првиот претседател на Големото национално собрание на Турција, великиот Ататурк повеќето од хероите кои што одиграле клучна улога во оформување на Република Турција се од овие краишта. Тоа што основачот на Републиката големиот државник Мустафа Кемал Ататурк го започнал своето образование во Битола е една темелна определба која што од страна на сите Турци се знае наизуст уште од нивното основно образование и е наша заедничка гордост, истакна претседателот на турскиот Парламент.
Турската држава, како што нагласи Топтан, е првата земја која ја призна независноста, уставното име и постоењето на македонскиот народ.
Тој потсети на соработката што се остварува помеѓу Македонија и Турција и на таканаречениот стратегиски документ „за зацврстување на билатералнта соработка“ што беше потпишан минатиот месец во Анкара.
- Парламентарната димензија на нашата соработка е придонес кон зацврстување на врските кон нашите земји и народи, рече Топтан и посочи дека како показател за љубовта што турскиот народ ја чувствува кон Македонија е тоа што 369 од 564 пратеници во турското Ссобрание се членови на парламентарната група за пријателство со Македонија.
Топтан подвлече дека во овој момент Турција е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија и една од десетте земји со најголеми инвестиции во Македонија, додавајќи дека постојат реални потенцијали економската и трговската соработка да се развиваат уште повеќе. Турција безусловно ги поддржува вооружените сили на Македонија во достигнувањето на НАТО стандардите и во здобивањето високо образование на нејзините офицери, изјави претседателот на Големото национално собрание на Турција.
Осврнувајќи се на културното наследство на Македонија, тој потсети дека во Македонија има се уште околу 500 споменици од османлиско-турскиот период што претставуваат значаен придонес кон туристичкиот потенцијал на Македонија и посебно се привлечни за турските туристи.
- Поради тоа зачувувањето на овие дела во нивната оригинална форма е многу значајно и од аспект на зачувувањето на културното наследство на Македонија, рече Топтан најавувајќи отворање културни центри во двете земји.
Тој исто така потсети дека еден од најзначајните турски поети Јахија Ќемал потекнува од овие краишта и оти тој бил пратеник на Големото национално собрание на Турција во петтиот изборен период. Неговиот татко Ибрахим Наџим, кој по потекло бил од Ниш, своевремено бил и градоначалник на Скопје.
Според официјалните статистики во Македонија живеат околу 80 илјади Турци.
- Турците се еден од камен темелниците на оваа земја. Тие се лојални кон својата држава и живеат во братство со другите заедници. Зачувувањето на својот јазик, културата и идентитетот претставуваат придонес кон богатството на Македонија, рече Топтан.
Тој се заблагодари на Владата на Република Македонија која го поддржа празникот на турското образование што беше одбележан вчера во Скопје.
Ќоксал Топтан, кој ја предводи делегацијата на Големото национално Собрание на Турција, во земјава престојува на покана на претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски. Според агендата, Топтан денеска ќе биде примен од македонскиот претседател Бранко Црвенковски и од премиерот Никола Груевски.
Превземено од официјалната страница на Канал 5
Уште еднаш браво за пријателскиот однос помеѓу двете земји.