Претседателот Ѓорѓи Иванов држи позиција во преговорите за името

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Нема пострашно од неупатени ликови кои пробуваат да нагрдуваат некого. Претседателот Иванов во склоп на неговите ингеренции многу добро ја врши својата функција. Штетата се прави во неговиот кабинет. Луѓе без претходно искуство за односи со јавноста. Што се однесува до Претседателот, тој е народен човек. Еден од нас. Мојата поддршка ја има уште одамна.
 
Не ми е јасно зошто го критикувате Претседателот и кои се вашите аргументи? Што имаме ние како народ сработено ? А не ние сме оние кои патат и бараме сожалување!?
Ова е најхрабриот и очигледно најобразуван Претседател што сме го имале досега! Киро уште на почетокот на својот мандат рече дека сме Славо-Македонци, зборови и снимки кои и ден денес се адут на соседиве, за Трајковски не би коментирал, само Нека Почива во Мир, а еве претпоследниот Претседател пак има екстремно вискои говорни способности и добри планови „да имав појше, појше ќе потрошев“.
Иванов е нов во политиката и добро му оди за новајлија. Искрено се надевам дека после завршување на мандатот нема да се откаже бидејќи доколку се земе предвид неговото знаење и неговата љубов кон Македонија може да биде еден од најгласните говорници на Македонија. Нам не ни се потребни безкичмењаци!
Се надевам народот ќе научи нешто од човеков кој пред се е наш сограѓанин и ќе работи на само почитта!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom