Да не се лажеме, САД го запалија светот, нормално со загуби, меѓутоа загубите од другата страна се десетици пати поголеми.
Но не гледам врска на овој муабет со темата. Повторно се забега со мерење на стапот. Русија и НАТО во моментов се навијачи во Украина, а не играчи. Тие што гинат се претежно Украински државјани. Што ќе се случи со Украина зависи само од тие што живеат во Украина. Добро, не баш

они само наседнаа.
Хунтата успеа да го крене антагонизмот на толку високо ниво, што сметам дека истокот, ако не во оваа војна, тогаш во некој друга прилика ќе се отцепи.
Како и зошто Русија и Америка интервенираат таму, можеме само да нагаѓаме. Но нервозната пропаганда на западот ни покажува дека Путин треба да биде новата баба рога, со која ќе ги држат одврзани ќесињата на буџетите за воената каса. Се повеќе ми личи дека за западот, проектот Украина беше повеќе маркетиншки отколку геостратешки потег. Исходот им беше јасен, а целта им беше сатанизација на Путин. Како почна хунтата ентузијастички со „антитерорирстичката“ акција, можам да замислам што све не им ветиле од запад.
Веќе има најави за нов воен блок во кој би учествувале Кина, Индија, можеби Иран и некои Латиноамерикански земји попут Куба, Аргентина и Бразил. Све у свему проектот Украина се завршува успешно.