Едино let 3 кој има сложено во ЈНА ПВО е компетентен да говори за противракетниве системи а не некои си дечурлии и членови водени од емоции.
Па баш со него ги рачистивме сомнежите за некои членови како тебе и компанија.
Подоцна и воени лица на армијата на Русија истакнаа докази и аргументи, но нели за тебе тоа не важи бидејќи биле водени од емоции.
Прилично сум сигурен дека со ова дечурлиии си сугерираш на самиот себе си.
За членови како тебе се има можност освен сценариото дека Украина е вмешана во случајов. Дури прдежот од Путин е осомничен.
Не ни почекавте да почне истрагата,ниту да се појават некакви докази кои се веродостојни а да не истрчате со пропагандата на чело.
Слободно оди на првата страна од темата за падот на малезискиот авион.
Имам пишано и таму. Не треба да се истрчува со обвиненијата.
Интересни ми сте. За запалените живи луѓе во Одеса, уво ве болеше.
А тогаш постоеше осомничен и јасно беше за чие дело станува збор.
Двојни стандарди и лицемерие .
Е поради тоа пишувам на темиве. Ми се сере од таквото лицемерие.
Да има и руска пропаганда. Но во споредба со западната таа е мачкина кашлица.
Макар што давањето вести од тоа како се гранатираат населени места и граѓани не знам ни дали е пропаганда, тоа навистина се случува таму.
Не станува збор за извртување на фактите.Тоа е реалноста.
А вратете го малце филмот и сетете се кој 2 пати по ред избегна мирно решавање на кризата. Не е тоа Русија. Сите притискаа Русија да влијае на Јанукович, да влијае на бунтовниците.
Епа Русија го седна на преговарчка маса Јанукович, и тоа тогаш Крим беше по Украина.
Ама некој паметен ја бутна цела ситуација во оган.
Ја соборија власта, се ставија за министири. И почнаа со "Москали на нож"
И така се тргна низ брдо.
Крим се отцепи. Примерот го следеа Доњецк и Луганск.
Се случи Одеса за кого сите се прават на Тошо.
Започна ескалацијата. Москва пак беше под притисок да реагира над бунтовниците, тоа и го направи.Беше склучено примирје кое не траеше долго.
Прегворите во Виена пропаднаа. Некому е послатко да војува.
До тогаш веќе имаше над 500 убиени цивили. Зошто меѓународната заедница не реагираше така бурно и за нив? Што неможе да ги притисне на амебине во Киев?
Не е силна за тоа? Хах
Или овие 500 и кусур цивили кој ги врти?
И оп се случи трагедијата. Ако до тогаш беа неми западниве медиуми да известуваат за цивили ете одма за 2 минути ја расудија цела ситуација. Русија е виновна. Докази? Немаме.
А целата трагедија е последица на акциите кои ги превзеде Киев.
Меѓународната заедница очигледно си го брани само интересот на посилните.
А не интересот на сите луѓе.
Ебати лицемерието.
Немам ништо против ако се докаже дека бунтовниците го имаат соборено, соодветно ќе треба да се казнат. Исто како што се казнија Украниците во 2001 и Американците во случајот со Иранскиот авион.
Но дотогаш најдобро да се молчи, се работи за смрт на 300 лица, а не спортска прогноза.