@Gags
Ја следам истата тенденција периодов. Па вчера пдоста засилени се после итервјуто на Столтенберг. Интересно, за него не бев запознает дека е син на поранешен министер за одбрана и надворешни работи. И дека самиот работел за службите на Норвешка. Нејсе , да според него а верувам тоа се струите кои говорат на некој си мировни преговори како Шолц и ко последно време. Формулата нивна е нек базирана на Финска после Финската војна, која се откажа од свои територии ама доби мир. И секако Западна Германија која беше вклучена во Нато без Источниот дел.
Тоа сам Столтенберг го говори.
Не верувам јас дека дури ќе биде разгледано такво сценарио. Посебно што сите “договори” околу експанзија на Нато кон Истокот беа нарушени. Секако тоа ќе биде и пораз за Русија доколку го договорат.
Има цела политичка пракса именувана по Финска; не само што се откажаа од своите територии, не се зачленија ниту во НАТО ниту во ЕУ додека беше СССР жив, тргуваше и купуваше оружја од нив, цензурираше антисоветски ставови итн. Нешто што Украина требаше да го прави ако не од 1991 тогаш од 2014 наваму.
Западна Германија имаше граница која беше признаена од сите страни.
Украина е во активна војна, нема граница така да нема теорија да се прими сега во сојузот додека пак РФ никогаш нема да прифати да влезе после војната. Евентуално ако остане Лвов со околните села.
