IgorChete
27
- Член од
- 4 февруари 2009
- Мислења
- 7.733
- Поени од реакции
- 7.549
Каде се доказите за тоа етничко чистење?Добро, ти нарекувај го како сакаш - Русија е агресор, вистинското лице на Путин, план А, план Б, план Ц, план ЧКЉ и не знам кој план, реалноста говори дека украинската војска неселективно гранатира цивилно население во источна Украина, каде што патем, живее мнозинско руско население.
Па сега, ти барај какви сакаш оправданија, Путин и Русија си молчат и од тука по автоматизам ти немаш оправдание за да ги етикетираш нив како агресори и провокатори.
Но можеш да ги етикетираш како тивки соучесници во етничкото чистење на руското население во источна Украина - истото етничко чистење кое го нарекуваш непостоечко, бидејќи како што знаеме, молчењето значи одобрување, а Путин и Русија со своето молчење, индиректно го одобруваат ваквото етничко чистење.
Па сега ти јади трици.
Ти знаеш што е етничко чистење? Сребреница. 11.000 мажи убиени во еден ден. Тоа е пример за етничко чистење.
Стотина цивилни жртви не се изненадувачка или запрепастувачка бројка во урбана герилска војна каде што сепаратистите се кријат по подруми и ровови. Ако Украинците вршат етничко чистење тогаш треба на википедиа да побараат дефиниција затоа што очигледно не знаат што е тоа етничко чистење.
Путин може многу лесно да помогне.Еве ви го злобниот чичко. Праќа помош за луѓе, кои од домашната власт се гаѓани со балистички ракети. Дури и ЦНН-америка потврдуваат. Ракети и тоа не наводувани, туку испалена за да погоди рандом зграда во град со 5 милиони. Ало, тоа ако не е етничко чистење, што е? Треба хемиско оружје да им фрлат? Ау да, заборавив беа гаѓани со бел фосфор во Славјанск и им е пресечена водата во Луганск.
А лошиот чичко Путин што прави? Им дава оружје да се бранат. Ги прима украинските војници кои се предаваат и ги враќа во Украина. Праќа прва помош во Луганск за цивили и тоа му беше забранувано.
Нато од друга страна им простува на украиците што рокнаа авион, ги снабдува со оружје, им праќа заеми. Ако беа толку добри што не не подржаа нас во 2001? Туку дозволија етничко чистење во западна македонија.
Putin: Russia teams up with Red Cross to send humanitarian convoy to Ukraine
Ќе им каже на командантите на сепаратистите кои што ги прати таму да се предадат или да се вратат назад во Москва и проблемот е решен.
Хуманитарната криза немаше ни да постои да не беше вмешаноста на Путин. Вештачкиов конфликт и волку цивилни жртви немаше да има Путин да не пратеше свои луѓе да му водат прокси војна. И види, сепаратистите пратени од Москва наместо да го бранат рускиот народ они се позафатени со палење украински рафинерии и фабрики.
Ама не, Путин не е вмешан кај сепаратистите исто како што ‘миротворците‘ на Крим воопшто не беа руски војници.
ЕДИТ - Тајмингот на овој хуманитарен кордон, 2 дена откако сепаратистите претрпеа тежок пораз и изгубија клучни стратегиски точки, кога Донецк стана комплетно отсечен од Луханск и руска граница, тајмингот е во најмала рака смешен.
Последно уредено: