Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    778
Незаборавај на Николај Романов и болшевиците не сакам да правам паралели со тоа време но и тогаш не беше Русија банана држава

Делумно ти држи вода теоријата, но само делумно.

Николај II Романов за време на своето владеење не превзел ништо за електрификација, индустријализација и модернизација на Русија, додека истовремено не само што апсел и затворал политички противници кои се залагале за парламентарна демократија во Русија, туку и убивал невини цивили само бидејќи протестирале барајќи пристојни услови за работа, како што се 40 часовна работна недела и некои други најосновни услови за пристоен и достоинствен опстанок на човекот.

Првата Светска Војна го означила почетокот на крајот на владеењето на Николај II Романов и на царизмот во Русија, бидејќи освен како неспособен за реформирање и модернизирање на Русија, благодарејќи на Првата Светска Војна, а и благодарејќи на поразот кој Русија го претрпела во руско-јапонската војна во периодот од 1904 до 1905 година, се покажал и докажал како неспособен и за водење на војна, додека истовремено останал на власт претежно благодарејќи на неговиот сојуз со Руската Православна Црква и руската буржоазија.

Човек кој е лидер на најголемата светска империја би требал да знае барем дека во војна се праќаат генерали и адмирали да ги водат војниците и морнарите во битка, а не свештеници како Григориј Распутин, само бидејќи успешно го лекувал царскиот наследник - принцот Алексеј, или бидејќи царицата го сонувала или имала некакви претчувства за тој свештеник.

Кога и црквата и аристократите го напуштиле Николај II Романов, неговата судбина веќе била запечатена, по што тој влегува во историјата на Русија како последен цар и како најнеспособен цар на Русија.

Владеењето на Владимир Путин нема никакви допирни точки со владеењето на Николај II Романов. Со исклучок на третманот кон политичките противници, Путин одлично знае дека за Русија да остане светска суперсила, мора да се развива како економски, така и воено и мора животниот стандард да се подобрува, не само за Русија да остане светска суперсила, туку и за самиот Путин да остане на власт.

Путин можеби не е најмудриот лидер во историјата на Русија, но дефинитивно е безброј класи над Николај II Романов.
 
Последно уредено:
Владимир Путин има советници, не одлучува сам како што тоа го правеле порано пред 100 - 200 години.
 
Владимир Путин има советници, не одлучува сам како што тоа го правеле порано пред 100 - 200 години.
Пред 100-200 години им биле забранети советници? :pos: Распутин што бил, врач?
 
Делумно ти држи вода теоријата, но само делумно.

Николај II Романов за време на своето владеење не превзел ништо за електрификација, индустријализација и модернизација на Русија, додека истовремено не само што апсел и затворал политички противници кои се залагале за парламентарна демократија во Русија, туку и убивал невини цивили само бидејќи протестирале барајќи пристојни услови за работа, како што се 40 часовна работна недела и некои други најосновни услови за пристоен и достоинствен опстанок на човекот.

Првата Светска Војна го означила почетокот на крајот на владеењето на Николај II Романов и на царизмот во Русија, бидејќи освен како неспособен за реформирање и модернизирање на Русија, благодарејќи на Првата Светска Војна, а и благодарејќи на поразот кој Русија го претрпела во руско-јапонската војна во периодот од 1904 до 1905 година, се покажал и докажал како неспособен и за водење на војна, додека истовремено останал на власт претежно благодарејќи на неговиот сојуз со Руската Православна Црква и руската буржоазија.

Човек кој е лидер на најголемата светска империја би требал да знае барем дека во војна се праќаат генерали и адмирали да ги водат војниците и морнарите во битка, а не свештеници како Григориј Распутин, само бидејќи успешно го лекувал царскиот наследник - принцот Алексеј, или бидејќи царицата го сонувала или имала некакви претчувства за тој свештеник.

Кога и црквата и аристократите го напуштиле Николај II Романов, неговата судбина веќе била запечатена, по што тој влегува во историјата на Русија како последен цар и како најнеспособен цар на Русија.

Владеењето на Владимир Путин нема никакви допирни точки со владеењето на Николај II Романов. Со исклучок на третманот кон политичките противници, Путин одлично знае дека за Русија да остане светска суперсила, мора да се развива како економски, така и воено и мора животниот стандард да се подобрува, не само за Русија да остане светска суперсила, туку и за самиот Путин да остане на власт.

Путин можеби не е најмудриот лидер во историјата на Русија, но дефинитивно е безброј класи над Николај II Романов.
Единствено од тој настан сакав да направам паралела дека и тогаш влијаеле надворешни сили еве да речеме некои форми на НГО или еврејското лоби на чело со Ленин а за друго неможеме да правиме паралела меѓу Путин и Романов.
 
Ти тоа со распутн го нареккуваш советник? хахаха :D
Да, и тоа близок советник. И денес лидерите имаат по еден-двајца од толкава доверба. И тоа значи советник. Ти тоа што го нарекуваш советник, се вика стручно мислење. Тоа и тогаш и сега се купува/ло, прилично ефтино.
 
Точно бил личен советник на Романови без траслика што бил мистик и практикувал окултни религии и зороастаризам сепак бил итар човек и лекар но пред се и расипан затоа тестисите му се во тегла во Москва.
 
Ти тоа со распутн го нареккуваш советник? хахаха :D

Смешно е, но истовремено жалосно и вистинито.

Григориј Распутин бил од толкава доверба кај царот Николај II Романов и неговата сопруга, царицата Александра Фјодоровна, до тој степен што дури и му дале команда врз руска армија на фронтот за време на Првата Светска Војна.

Непотребно е да се спомне дека Русите претрпеле ужасни порази во Првата Светска Војна, што дополнително го потпалило огнот против царот и царското семејство.

Селаните да служат во војската и да гинат на фронтот, додека царот, царското семејство и аристократите се на безбедно во Петровград ?

И како капак на се, свештеник без никакво воено искуство да биде на чело на армија на фронтот, само затоа што царицата имала некакви визии или соништа или претчувства за него и само затоа што успешно го лекувал царскиот наследник - принцот Алексеј ?

Тоа била капката која ја прелеала чашата, по што следувала Февруарската буржоаско-демократска револуција во 1917, со што царот бил приморан да абдицира, а тоа била првата и единствената абдикација во историјата на царизмот во Русија.

Потоа во април 1917 во Русија се враќаат Владимир Илич Ленин и останатите прогонети болшевици, Ленин ги објавува Априлските тези - власт на советите, земјата на селаните и мир во земјата, по што во октомври 1917 (по јулијанскиот календар), односно во ноември 1917 (по грегоријанскиот календар), се случува Октомвриската социјалистичка револуција во Русија, со која присилно е симната од власт привремената влада на чело со Александар Керенски, која продолжила по истите стапки на царот - ниту прекинала со војната, ниту ја подобрила положбата на работниците и селаните.

Останатото е веќе позната историја.
 
Да знаеше Вилхелм Втори и неговите генерали што ќе направи за светската историја и геополитика, никогаш немаа да го пропуштат фамозниот „запечатен воз“ преку нивната територија.
 
Да знаеше Вилхелм Втори и неговите генерали што ќе направи за светската историја и геополитика, никогаш немаа да го пропуштат фамозниот „запечатен воз“ преку нивната територија.

За Вилхелм II, Владимир Илич Ленин и болшевиците биле средството кое им било потребно за внатрешно дестабилизирање на Русија, која била непријател на Германија во Првата Светска Војна.

Тоа што било подоцна е веќе друга приказна.

Штета што Вилхелм II починал во 1941 година, да останел жив до 1945 година, па тек тогаш ќе знаел што се пуштил да помине низ германска територија во тој запечатен воз.

За волја на вистината, Јосиф Висарионович Сталин не бил во запечатениот воз, туку многу ретко излегувал од Русија. Со исклучок на неговото присуство на некои конгреси и конференции на Болшевичката Партија кои се одржувале надвор од Русија, Сталин претежно не заминувал од Русија, за разлика од останатите болшевички лидери кои биле прогонети во странство.
 
Смешно е, но истовремено жалосно и вистинито.

Поентата ми беше дека тогаш луѓето на власт биле главни, а сега тие што се во сенка донесуваат одлука. така и путин има свој тим на советници кои носат одлуки. Не кажува путин последен за стратегија и слично, туку целокупниот тим.
 
Почнавте да спомнувате етничко чистење на русите во источна Украина. Од сега си имате измислено оправдување за многу веројатната ‘миротворна‘ акција на руската армија во Украина.

Уштре од почетокот на Мајдан јадевте трици како тоа западот врши агресија и НАТО под капа на САД планира напад на Русија,на крај русите искочија агресори, провокатори и пропагатори. Ќе ви треба подобро оправдување од непостоечко етничко чистење. Првин да видиме дали Путин ќе си го покаже вистинското лице со (официјална) агресија врз Украина.
Планот А, кримско сценарио во источна Украина му е тотален фејл, да видиме план Б што е.
 
За Вилхелм II, Владимир Илич Ленин и болшевиците биле средството кое им било потребно за внатрешно дестабилизирање на Русија, која била непријател на Германија во Првата Светска Војна.

Тоа што било подоцна е веќе друга приказна.

Штета што Вилхелм II починал во 1941 година, да останел жив до 1945 година, па тек тогаш ќе знаел што се пуштил да помине низ германска територија во тој запечатен воз.

За волја на вистината, Јосиф Висарионович Сталин не бил во запечатениот воз, туку многу ретко излегувал од Русија. Со исклучок на неговото присуство на некои конгреси и конференции на Болшевичката Партија кои се одржувале надвор од Русија, Сталин претежно не заминувал од Русија, за разлика од останатите болшевички лидери кои биле прогонети во странство.

Баш тоа ми беше поентата, Вилхелм не дочека да види што ја прегази европа, оганот од искрата на неговиот воз за спас на Вториот Рајх.
 
Почнавте да спомнувате етничко чистење на русите во источна Украина. Од сега си имате измислено оправдување за многу веројатната ‘миротворна‘ акција на руската армија во Украина.

Уштре од почетокот на Мајдан јадевте трици како тоа западот врши агресија и НАТО под капа на САД планира напад на Русија,на крај русите искочија агресори, провокатори и пропагатори. Ќе ви треба подобро оправдување од непостоечко етничко чистење. Првин да видиме дали Путин ќе си го покаже вистинското лице со (официјална) агресија врз Украина.
Планот А, кримско сценарио во источна Украина му е тотален фејл, да видиме план Б што е.

Добро, ти нарекувај го како сакаш - Русија е агресор, вистинското лице на Путин, план А, план Б, план Ц, план ЧКЉ и не знам кој план, реалноста говори дека украинската војска неселективно гранатира цивилно население во источна Украина, каде што патем, живее мнозинско руско население.

Па сега, ти барај какви сакаш оправданија, Путин и Русија си молчат и од тука по автоматизам ти немаш оправдание за да ги етикетираш нив како агресори и провокатори.

Но можеш да ги етикетираш како тивки соучесници во етничкото чистење на руското население во источна Украина - истото етничко чистење кое го нарекуваш непостоечко, бидејќи како што знаеме, молчењето значи одобрување, а Путин и Русија со своето молчење, индиректно го одобруваат ваквото етничко чистење.

Па сега ти јади трици.
 
Еве ви го злобниот чичко. Праќа помош за луѓе, кои од домашната власт се гаѓани со балистички ракети. Дури и ЦНН-америка потврдуваат. Ракети и тоа не наводувани, туку испалена за да погоди рандом зграда во град со 5 милиони. Ало, тоа ако не е етничко чистење, што е? Треба хемиско оружје да им фрлат? Ау да, заборавив беа гаѓани со бел фосфор во Славјанск и им е пресечена водата во Луганск.

А лошиот чичко Путин што прави? Им дава оружје да се бранат. Ги прима украинските војници кои се предаваат и ги враќа во Украина. Праќа прва помош во Луганск за цивили и тоа му беше забранувано.
Нато од друга страна им простува на украиците што рокнаа авион, ги снабдува со оружје, им праќа заеми. Ако беа толку добри што не не подржаа нас во 2001? Туку дозволија етничко чистење во западна македонија.

Putin: Russia teams up with Red Cross to send humanitarian convoy to Ukraine

MOSCOW, August 11. /ITAR-TASS/. Russia in cooperation with the International Committee of the Red Cross (ICRC) will send a humanitarian convoy to Ukraine, President Vladimir Putin said in a telephone conversation with European Commission President Jose Manuel Barroso on Monday.

Putin shared his assessment of the crisis in Ukraine and its causes, placing the emphasis on “the catastrophic consequences of the military operation the Kiev authorities are conducting in south-eastern regions and on the need for urgent humanitarian aid to the region”, the presidential press service said.

President Vladimir Putin and European Commission President Jose Manuel Barroso in a telephone conversation on Monday discussed some pressing issues of cooperation between Russia and the European Union.

The call took place “in the context of the Association Agreement signed by Ukraine and Russia’s ban on the import of agricultural products from EU countries in response to the Western sanctions”, the press service said.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom