Bratot
Стоик и Машкртник!
Каде ти си видел во држава, за која не си чул дека некој се буни дека е во Украина, да има толкава компактност на население и 2 милионска држава поголема од Македонија, едногласно да се согласи да живее во сосема друга држава, речиси преку ноќ. Потоа источна Украина.
Може да ти е чудно доколку се водиш од нормите кои нам ни се познати. Украина е чудна композиција само по себе и најголемата причина за поделбата во земјата треба да се бара многу подлабоко во функционирањето на земјата досега.
Ова сценарио не е ситуација која ја наметнала САД, туку е одговор на обидот на НАТО, Украина да ја направат „ вистински независна“. Дали знаеш колку деморализирачки им е цела оваа ситуација на мајданци? Сигурно им е ветувано и дека воено ќе им помогнат. Сега и на САД им се искомплицира. Украина неможе да влезе во НАТО доколку има териоторијален проблем, попут Крим. Така да Украина останува надвор од НАТО, а со тоа и надвор од ЕУ. На власт има криминалци и екстремисти кои беа врзани за ЕУ и НАТО.
После Србија, Ирак и Либија изгледа некој конечно седнал и напишал домашна работа. Тоа се отслика уште во Сирија кога стратегијата на САД и НАТО беше тотално поразена и тоа двојно - воено и политички.
Мислам дека беше очигледно, превише очигледно кое ќе биде сценариото во Украина, пресликано од малце од Југославија, малце од Србија на Милошевиќ, создавање и финансирање на внатрешни организации по рецептот од сите бивши комунистички земји сега членки на НАТО, кампови за обука на диверзантски групи уфрлани на протести и урбана борба, употреба на платенички војски како во сите арапски земји, Косово, Македонија и сл. и сето ова проследено со тешка медиумска кампања за оцрнување на противникот и сите расположливи дипломатски притисоци под лозунгот “меѓународна заедница“, “меѓународно право“ и тн.
Западот интензивно инвестираше во припремањето на ова што го гледаме во изминативе 20 години. И никако не го добија посакуваниот резултат, иако навидум беа неколку пати доста блиско.
Причината за тоа е владеењето на бизнис картелите на најголемите играчи, подредени според богатството:
1. Ринат Ахметов (повеќе независен но зависен од бизнисот со гас од Москва, повикуваше на единство на Украина но никогаш не ја критикувал Русија)
2. Виктор Пинчук (зет на Леонид Кучма, блиски интереси со Русија, засега не зазема никаков став по актуелните прашања во Украина)
3. Генадиј Богољубов (Банкар, про-западен)
4. Игор Коломојски - украински и израелски државјанин ( Поставен од пучистите за губернатор на Днепропетровск и спонзор на екстремистите, во минатото влезе во бизнис војна со рускиот ривал Абрамович)
5. Вадим Новински
6. Јуриј Косјук
7.Петро Порошенко (Најголемиот пјун на Западот, нарекуван “кралот на чоколадата“, главен финансиер на Портокаловата Револуција, кој сепак извршувал министерска функција во власта на Азаров под партијата на Јанукович. Сега повторно е актуелен како клучен играч на Мајдан.)
8. Константин Жеваго
9. Сергиј Тихирко и останати....
Овие најмоќни олигарси се познати дека често пати ја менувале страната во зависност од нивните калкулации и исплатливоста. Тие не само што ја држат целата украинска индустрија и економија, туку и ги имаат во свои раце управувањето со државата, одлуките на владата, надворешната политика и сл.
Додека сега дел од нив заземаа про-западни и про-руски позиции, некои од нив мудро молчат во исчекување на победникот.

Сите овие олигарси имаат заеднички страв од Русија и се противат на зголемување на руското влијание. Пример беше судбината на најголемиот меѓу нив - Михаил Ходорковски, со кој Путин јасно им даде до знаење што може да се случи и со најбогатиот меѓу нив доколку проба да води анти-руска политика.
Едно е сигурно, олигарсите не сакаат распад на Украина, бидјеќи би се поделиле нивните бизниси и затоа ја преферираат власта во Киев (под себе) отколку власта на Русија (над себе).
Сепак, за овие креатури нема нешто за кое не може да се преговара.

Другата работа која сите нив ги спојува е огромната желба и алчност да ги прошират своите бизниси во ЕУ, но во моментов Русија им овозможува многу побрзо и поголемо богатење и со тоа ги ограничува во развивањето на интереси со ЕУ. Никој од олигарсите не сака да го навлече гневот на Москва.
Дури неодамна Западот со САД конечно ја сфатија нивната одлучувачка улога и се разбира ја применија истата тактика на Путин и во март годинава во Виена го уапсија и затворија олигархот Дмитри Фирташ кој важеше за еден од најдобрите играчи на Путин.
Токму неговото елиминирање овозможи нова поделба во силите и назначување на новите прозападни губернатори во најбогатите реони.
Се’ понатаму ќе зависи како ќе се одигра играта меѓу овие олигарси.
Сами видовме како Тимошенко од играч на Западот стана играч на Москва, таа е најдобар пример за превртливоста на олигарсите и тоа за жал се отсликува на украинската политика.
Народот пак, никому не е приврзаник, тие се свесни за овие поделби на кланови и затоа плановите на САД и Западот ја утнале таргет групата од самиот почеток на авантурата со Украина. Затоа што народот го спојува сиромаштијата и постојаното незадоволство од Властите и влијанието на олигарсите над нивните судбини.
Можеби конечно ќе се изборат за конкретни смени.
Мислам дека на мајданци им стана јасно дека ако има војна, ќе наебат. Последна опасност ми се чини преставуваат нацистите, доколку стварно ги има 12000, можат да предизвикаат војна.
Овие парамилитарни групи се малце надвор од контрола, особено ќе бидат опасни доколку Западот сега престане да ги снабдува и логистички поддржува.
Видовме како беа растртени “Слободната Сиријска Армија“ и останатите платенички филијали на вахабистите кои сега се свртија против себе.
Јас сум доста загрижен што на Западот постојано му успева ова сценарио со платенички војски, каде и да се на светот, дали тоа се нивните Блеквотерси, исламски терористи, дали тоа е УЧК, ОНА, сега гледаме нео-нацисти, “слободни народни армии“ и др. тие без поголеми проблеми ги пуштаат во секоја земја и никако да се најде начин против тоа.