Па.. најлоша C&C игра до сега, полоша дури и од Red Alert 3. Нема градење згради, нема собирање ресурси, нема правење огромна војска. Има лимит (population cap, како Starcraft или Age of Empires), со тоа што појаките единици побрзо го полнат, па ќе треба да одлучиш дали сакаш да играш со неколку јаки или повеќе послаби единици. А, да, треба да собираш experience за да можеш да ги отклучиш тие појаки единици (и надградби).
Да не беше C&C игра ќе имаше подобра оцена. Вака, со толку јаки претходници баш и не вреди да се игра.
И крајот е тапаааа.. наместо да заврши на начин достоен за серијал почнат пред 15-16 години, овие од EA како да гледале да ја завршат играта што побрзо и со што помал буџет, колку и да страда квалитетот. Штета за Joe Kucan (Kane)..