Препораки за доктори специјалисти/супспецијалисти

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
При секој физички напор имам страшна болка во десната препона, како некоја коска или мускул да ми е изместен и да не сака да се врати во природна положба. Порано се случуваше само по сериозни активности као качување на водно на пример, сега и при обично трчање или играње фудбал.

Препорачајте ми некој добар ортопед што може да ме испита пошто кај и да е ќе ја сечам ногава.
 
Можно е да се врши притисок врз некој нерв. Пробај да земеш упат за кај Др. Кафтанџиев на клиника :)
 
Ме интересира мислење за Др. Рендевски неурохурургот. Или впечатоци ако сте биле како пациент, или ако знаете од познаници, роднини и слично.
Ме интересира искуства каков е како оператор?
 
дали на ренген снимање може да се снимаат двата колка со еден упат (во исто време) или мора со посебен упат еден колк , па другиот

благодарам
 
Препорака за добар кожен лекар (Дерматолог)?
 
дали на ренген снимање може да се снимаат двата колка со еден упат (во исто време) или мора со посебен упат еден колк , па другиот

благодарам
треба матичниот да го прашаш, тие напоменуваат што да се снима на упатот
 
Дечки барам добар кардиолог за да одам на преглед,препорака?
 
Дечки барам добар кардиолог за да одам на преглед,препорака?

Добриот кардиолог нема воопшто да ти помогне ако тестот кој го направиш е недоволно детален или пример - коронатен стрес тест без ехокардиографија, или стрес тест без ултразвук на каротидни артерии, ако сакаш да биде се комплет, тестираш и липопротеини во авицена во комбинација со овие што ги набројав.
 
Каде може овие тестови да се направат? И дали ако ги направам на друго место и на пример ги однесам кај Жан Митрев тој ќе ги уважи или таму пак ќе треба да се прават отпочеток?
 
Каде може овие тестови да се направат? И дали ако ги направам на друго место и на пример ги однесам кај Жан Митрев тој ќе ги уважи или таму пак ќе треба да се прават отпочеток?
Добар кардиолог е Наумовски во ординација Срце. Моја искрена и топла препорака е да не правиш на своја рака испитувања туку да разговараш со кардиологот и да видиш што ти е навистина потребно. Она што на лаик може да му звучи како едно, во реалниот живот може да е нешто сосема трето.
 
Дечки барам добар кардиолог за да одам на преглед,препорака?
Има многу добри кардиолози кај нас но зависно за што ти треба и напротив добриот кардиолог ќе ги спроведе сите потребни тестови.
Еве на пример неколку:
Систина- Трајков,Ковачевиќ, Жарко итн.
Позз и секое добро
 
Некој добар во Жан Митрев, или таму сите се добри кардиолози?
 
Каде може овие тестови да се направат? И дали ако ги направам на друго место и на пример ги однесам кај Жан Митрев тој ќе ги уважи или таму пак ќе треба да се прават отпочеток?

Зависи од тоа,

Каков проблем имаш и дали

Какви симптоми имаш и дали

Дали ќе побараш 1 тест или повеќе

Дали ќе се задволиш од потенцијалниот резултат или не

Дали ќе ти викаат ништо не ти е или ќе имаш претпазлив доктор

Дали имаш претходна дијагноза и терапија

Бидејќи е проблем да ти препишат соодветен тест, ако дел од тестовите ти се ок, онда идеш на приватно у Авицена, или барем јас тоа би го направил.

1 тест па дури и 2 се причина за милиони срцеви удари, доплер на каротидни артерии како и нозе, ехокардиографија, компјутерска томографија, и липопротеин пакетот во Авицена ќе те направи сигурен.

Не кажа зошто сакаш да се тестираш?
 
Знаете каде работи кардиологот Никола Ѓоргов?

Би сакал и ваше мислење за некој од кардиолозите во Жан Митрев клиниката.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom