Препорака за multi-functional printer (MFP)

  • Креатор на темата Креатор на темата SpiderWeb
  • Време на започнување Време на започнување

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Имаше теми за печатачи, но ваква не најдов. Значи, ми треба препорака за мулти функционален уред за во канцеларија, кој во себе ќе содржи факс и ќе биде ласерски. Досега имав HP OfficeJet 4300, се покажа доста добар, го користев скоро 6 години, ама пушти душа.

Барав по овие познатите продавници за компјутерски делови, но имаат многу слаб избор на MFP со факс, а и тие што ги имаат претежно се InkJet. Единствено што ми падна во око е овој Samsung уред од Неоком (има и факс, иако не им е напишан во спецификацијата), а од истата серија единствено најдов во техномаркет овој (можно е да се работи за истиот уред). Ќе се користи за приближно 100 страни месечно, така да и најефтината варијанта ќе брка работа.

Ако некој предлага нешто друго, или пак да сподели мислење за наведените уреди доколку ги има користено, би му бил благодарен.
 
Ако е за фирма, најдобра варијанта би ти било Nashuatec Ricoh MFP161 или 171 од Рикомак.
Ги рентаат. Цена = информирај се кај нив. Ама далеку поевтина варијанта од купување + тонери + одржување... Тука, се е оставено на нив.
 
Sharp MX-M350u овој ти го предложувам доколку тие за во фирма, верувај ќе бидеш презадоволен од тоа бидејќи има навистина премногу опци. Разгледај цената е околу 1,500 евра.
 
HP LaserJet Pro M1212nf MFP, 8200 денари ти е во Anhoch, компатибилен тонер ти е околу 1000 денари. Стандарден economy мултифункциски (има ADF, ќе ти се најде бааги). Претходната генерација (HP 1522) беа тешко срање (кај нас во фирмата по 2 години цркнаа 90%) ама таа генерација пред неа (HP 3052/3055) беа тешки магариња, еве ги ден денес работат по илјадници копии / факсови / испечатени листови.
 
Јас го имам овој од самсунг: http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=344&pid=11273 и сум презадоволен околу 2 ипол години веќе го користам, 2 пати дополнував тонер за 400 денари, еднаш земав нов компатибилен 1100 денари.

Ако начекаш некаде на лагер некој сличен понов модел, земи слободно, пример овој: http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=344&pid=13214
Или од Hp овој модел: http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=344&pid=11407

За тонери малку поскапи се тонерите за самсунг, плус првиот пат мора да го носиш негде да му сменат фирмвер (околу 700-1000 ден) е процедурата, пошо не се наоѓа бесплатно на интернет. Така да сепак би гласал за некој модел на HP.
 
Ако е за фирма, најдобра варијанта би ти било Nashuatec Ricoh MFP161 или 171 од Рикомак.
Ги рентаат. Цена = информирај се кај нив. Ама далеку поевтина варијанта од купување + тонери + одржување... Тука, се е оставено на нив.

За фирма е, ама за човек-фирма :) Плус и фирмата е во Битола, а овие што ги предлагаш се за Скопје, така да ништо. Сепак, фала.

Sharp MX-M350u овој ти го предложувам доколку тие за во фирма, верувај ќе бидеш презадоволен од тоа бидејќи има навистина премногу опци. Разгледај цената е околу 1,500 евра.

1.500 евра е годишниот обрт на фирмата :) Се зезам, сепак, како што кажав, принтерот ќе треба за печатење на околу 100 страни месечно (+ чат-пат по некој факс и скен), така да ми треба најефтина варијанта на ласерски MFP. Но ете, едно фала и кај вас :)

HP LaserJet Pro M1212nf MFP, 8200 денари ти е во Anhoch, компатибилен тонер ти е околу 1000 денари. Стандарден economy мултифункциски (има ADF, ќе ти се најде бааги). Претходната генерација (HP 1522) беа тешко срање (кај нас во фирмата по 2 години цркнаа 90%) ама таа генерација пред неа (HP 3052/3055) беа тешки магариња, еве ги ден денес работат по илјадници копии / факсови / испечатени листови.

Оваа варијанта би ја размислил. Дали Anhoch имаат претставништво во Битола, или дали вршат достава?
 
За фирма е, ама за човек-фирма :) Плус и фирмата е во Битола, а овие што ги предлагаш се за Скопје, така да ништо. Сепак, фала.

1.500 евра е годишниот обрт на фирмата :) Се зезам, сепак, како што кажав, принтерот ќе треба за печатење на околу 100 страни месечно (+ чат-пат по некој факс и скен), така да ми треба најефтина варијанта на ласерски MFP. Но ете, едно фала и кај вас :)

Оваа варијанта би ја размислил. Дали Anhoch имаат претставништво во Битола, или дали вршат достава?

ALFANET Битола
(047) 22 40 45
alfa_net@yahoo.com

Aма гледам во линкот на Olikomers дека го немаат на лагер. Види јави се прашај.
 
За фирма е, ама за човек-фирма :) Плус и фирмата е во Битола, а овие што ги предлагаш се за Скопје, така да ништо. Сепак, фала.

Ноуп, за цела Македонија сe :)
 
Еве од темава може некоја корисна информација ќе ти се најде, пред 3 год кога бирав јас :)
 
И јас имам како на olikomerc, 3-4 пати полнет тонерот, си пичи без проблем. 3400 мислам дека е замена за мојот.
 
Еве од темава може некоја корисна информација ќе ти се најде, пред 3 год кога бирав јас :)

Ниту еден од моите понудени и твоите понудени ги немаат на лагер (а и изгледа нема да ги имаат), така да морам да се снаоѓам оти почнува да ми треба... значи во техномаркет најдов понуда на Panasonic MFC, само не можев да најдам ниедно review, некако слабо се застапени. Некој да има искуство со Panasonic? KX-MB1520HXW или KX-MB2000HXB? Со тонерите како се овие, се полнат или заебано е? Или сепак да одам на Самсунг SL-M2675F/SEE?
 
Од овие би го одбрал Самсунгот. Не ги гледав баш перформансите и не ги знам цените на тонерите, ама кога би морал да бирам од овие три, би го избрал тој. Поскап е малце, но ADF-от (automatic document feeder) барем мене ептен ептен ми се нашол, особено кога ќе требаш да копираш или скенираш повеќе страници, да не мора да окапиш над принтерот.
 
HP LaserJet Pro M1212nf MFP, 8200 денари ти е во Anhoch, компатибилен тонер ти е околу 1000 денари. Стандарден economy мултифункциски (има ADF, ќе ти се најде бааги). Претходната генерација (HP 1522) беа тешко срање (кај нас во фирмата по 2 години цркнаа 90%) ама таа генерација пред неа (HP 3052/3055) беа тешки магариња, еве ги ден денес работат по илјадници копии / факсови / испечатени листови.

Се консултирав со постручно лице за печатачи, и ова беше неговиот одговор:

Panasonic - на секое полнење треба да се ресетира чипот така што освен полнењето се наплаќало нешто плус и за ресетирање, и целата постапка за полнење излегувала малку поскапо споредено со другите печатари
Samsung - опција 1, ресетирање на чипот на секое полнење (слично на Panasonic-от) или опција 2 флешовање на фирмверот (1000 денари). Во секој случај поскапо.
HP - само полнење, немало заебанции со ресетирање и слично.

Поради овие одговори, а и заради цената, се одлучив на HP LaserJet Pro M1212nf MFP, 8000 денари од Нико Компјутери (само таму го имаа). Да напоменам дека мене ми требаше најефтината опција на ласерски MFP со факс (најефтина во смисла на почетна цена + евентуални идни трошоци за полнење), ова не значи дека Panasonic или Samsung не чинат како марки. Денес ми стигна, уште не успеав да го поврзам, но мислам дека го направив правилниот избор. Се надевам дека целата дискусија ќе помогне на некого за во иднина. А исто ќе пишам за некое време дали сум го потврдил направениот правилен избор :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom